ИТ фирми и пракси во Скопје

Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.330
Поени од реакции
27.874
Шо знам не сум твитерџија ама би му одговорил дека и многу луѓе глумат дека се експерти и се у филм на мк робот влезени, а дозволвуаат дечиња да ги хакираат. Многу респект имам изгубено за егоистичниов професор, али уствари кој и ме праша па... :D
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.146
Поени од реакции
25.577

Ова е прилично точно. Како му паднаа сајтовите, и како се правдаше. :D
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.600
Поени од реакции
18.027
Сабајле го приметив статусов на Твитер, па ме интересира какви се вашите мислења по ова прашање :

Прегледај го приврзокот 306415

Со почит кон професорот, но дали и колку е релевантно да се знаат вакви алгоритми во денешниот ИТ бизнис?
Во време кога од еден програмер се очекува да превземе одговорности за девопс, бизнис експерт, QA, итн, колкумина од вас сметаат дека ова е deal breaker ситуација?
Ако планираш во поголема америчка компанија да се вработиш, а тие плаќаат најмногу, е важно. Пошто на интервју бараат не само решавање на проблем преку алгоритми, туку и математичка анализа на алгоритмот ќе треба да напраиш и дизајнот на алгоритмот ќе треба да го објасниш. Спомна матрици во друг пост, често прашање/задача е множење на обични матрици. Во зависност од тоа кој метод ќе го примениш, ако отидеш со brute-force да речеме, што инстинктивно те влече да го напраиш, тој алгоритам има три лупа и time complexity ти е O(n^3) и сигурно ќе те праша како би го подобрилa тој алгоритам? И одговорот е/треба да биде Strassen методот за множење на матрици каде time complexity ти е O(n^lg7) и слично. Плус праиш live coding каде шансите да се збуниш се големи и малце е тапа. :)
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.600
Поени од реакции
18.027
Реалноста е друга, ако имаш потреба секојдневно да употребуваш bubble sort, ќе го знаеш и во сон.

Имаш различни проекти, технологии, побарувања и според мене баш прилагодувањето на тоа што треба да го работиш на соодветниот проект е најважната инженерска особина.

На крајот на денот ти си платен за да го направиш тоа што се бара од тебе, исто како што на факултет си положил бидејќи си го научил тоа што треба. Принципот е ист.
Зошто некој би имал практична потреба да го користи секој ден bubble sort? Најспор е од сите sorting алгоритми. :) Реалноста е дека освен ако не куцаш код у C, повеќето модерни програмски јазици имаат нативни функции за сортирање кои ги имплементираат најоптимизираните алгоритми. Добро е да ги поминеш и разбереш заради себе и градењето на основата и љубопитноста да знаеш како фунцинираат работите во позадина и нормално за на интервју.

Постојат реални практични проблеми за кои е неопходно познавање на алгоритми. Праиш програма за брокери и треба да најдеш континуирана низа од денови во кои разликата помеѓу куповната цена и продажната цена на акцијата е најголема. Односно поточно збирот од разликите на цените за одреден број од континуирани денови бил најголем во месецот да речеме или кој период од месецот бил најповолен за трговија....
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Сабајле го приметив статусов на Твитер, па ме интересира какви се вашите мислења по ова прашање :

Прегледај го приврзокот 306415

Со почит кон професорот, но дали и колку е релевантно да се знаат вакви алгоритми во денешниот ИТ бизнис?
Во време кога од еден програмер се очекува да превземе одговорности за девопс, бизнис експерт, QA, итн, колкумина од вас сметаат дека ова е deal breaker ситуација?
Овој најде да кажува бе, Admin pass-от му бил нешто во стилот mkrobot2008. Нека се скрие во дупка и нека не излегува 30 години од таму.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.918
Поени од реакции
12.406
Ако планираш во поголема америчка компанија да се вработиш, а тие плаќаат најмногу, е важно. Пошто на интервју бараат не само решавање на проблем преку алгоритми, туку и математичка анализа на алгоритмот ќе треба да напраиш и дизајнот на алгоритмот ќе треба да го објасниш. Спомна матрици во друг пост, често прашање/задача е множење на обични матрици. Во зависност од тоа кој метод ќе го примениш, ако отидеш со brute-force да речеме, што инстинктивно те влече да го напраиш, тој алгоритам има три лупа и time complexity ти е O(n^3) и сигурно ќе те праша како би го подобрилa тој алгоритам? И одговорот е/треба да биде Strassen методот за множење на матрици каде time complexity ти е O(n^lg7) и слично. Плус праиш live coding каде шансите да се збуниш се големи и малце е тапа. :)
И? Шо после интервјуто? :D Пак ќе работиш иста работа како останатите смртници, а реално и платата не е нешто многу поголема, мислам повеќе добиваш на престиж, барем од тоа што го знам за таквите фирми во Стокхолм.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.637
Поени од реакции
34.895
На времето кога се занимававме со вакви работи на факултет знаев и да напишам код за инверзна матрица, сега не знам пошо имам и заборавено шо е инверзна матрица.
Решавав и интеграли, сега искрено не ни знам од каде да тргнам со интеграл.
Во секојдневната работа досега не ми притребале овие способности,а искрено толку многу нови работи има за читање после работа што на крај памет не ми паѓа да седнам сега да ги повторам алгоритмиве.
Повеќе од пола материјал на факултет нема никогаш да ти притреба во животот (не само во ИТ туку генерално во сите професии). Тој материјал веројатно ќе им треба на помалку од 3% што ќе работат во образование (средно/факултет) или во некоја научна институција.

И пред се поради ова во иднина очекувам да станува се помал интересот за факултет, а се повеќе да се појавуваат академии/школи со специјализација во одредена област од ИТ (иако добро би било ова да се префрли во средните стручни школи).

Во моментов фаци како овој ќе ти продаваат пуфки што и како треба, ќе те гњават и ќе си лечат комплекси на тебе 4-5 години, и кога ќе излезеш од факултет уште 2 години ќе бидеш изгубен Германец.

Мене математиката ми се наоѓа сеуште, ама на луѓе што работат веб речиси и да не им треба воопшто.

Инаку bubble sort во живот ми нема затребано, а нон стоп ги употребувам алгоритми кои пак прашање дали и профава ги има применето во реални сценарија: (k-shortest, k-dijkstra, trsp, bi-directional dijkstra, deep search, hidden markov, k-means, k-nn, cart, naive bayes...).
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.600
Поени од реакции
18.027
И? Шо после интервјуто? :D Пак ќе работиш иста работа како останатите смртници, а реално и платата не е нешто многу поголема, мислам повеќе добиваш на престиж, барем од тоа што го знам за таквите фирми во Стокхолм.
Не знам како се движат платите во Стокхолм, но ако ако на фриленсер од Македонија му нудат годишна плата од 60.000 - 70.000 евра (бруто), сигурен сум дека да го вработат редовно таму кај нив, ќе оди над 100 че годишно.

Во однос на другиот дел за алгоритмите, ако работата ти се состои од досаден CRUD, да, немаш потреба од алгоритми во тој случај. По мене немаш константна потреба ни од програмер тогаш, но во никој случај не би рекол дека денес алгоритми немаат никаква примена.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Инаку bubble sort во живот ми нема затребано, а нон стоп ги употребувам алгоритми кои пак прашање дали и профава ги има применето во реални сценарија: (k-shortest, k-dijkstra, trsp, bi-directional dijkstra, deep search, hidden markov, k-means, k-nn, cart, naive bayes...).
Применување само или и имплементирање и пременување? :D
И јас некој применувам ама 99% од времето само применување со повикување метода од некоја библиотека :D
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.637
Поени од реакции
34.895
Применување само или и имплементирање и пременување? :D
И јас некој применувам ама 99% од времето само применување со повикување метода од некоја библиотека :D
Граф алгоритмите применети во 2 различни индустрии, прилагодени специфично за тие потреби, користени PostgreSQL база и пајтон, најголем дел товарот го носи базата, делот што не се исплатеше да се куца во sql го хендла пајтонот.
Останатите на рипортинг дел и анализи, најголем дел во пајтон, исто прилагодени за тие потреби.
 
Член од
21 јуни 2018
Мислења
610
Поени од реакции
262
Кога менувате фирма колку проценти повисока плата барате во новата фирма?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.146
Поени од реакции
25.577
Кога менувате фирма колку проценти повисока плата барате во новата фирма?
Зависи за што менуваш. Ако е само платата, тогаш повисок процент. Ама сум сменил и за иста плата, затоа што новата фирма ми нудела простор што го немав во старата.
 
Член од
7 септември 2021
Мислења
4
Поени од реакции
25
Дали знаете како се праксите во А1? Работат од дома или во канцеларија?
 
Член од
15 јануари 2020
Мислења
471
Поени од реакции
1.488
Дали знаете како се праксите во А1? Работат од дома или во канцеларија?
4 дена од Канцеларија, опција за 1 ден во неделата за од работа од дома, доколку сакаш секако. Ако сакаш може секој ден да работиш од канцеларија.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.637
Поени од реакции
34.895
Дали во МК има фирми кои работат програмирање со Solidity ?
Здраво на сите !

Crypto Startup Проект со добиена Швајцарска инвестиција кој е во рана фаза на развивање има потреба од Solidity Developeri .
1.Одлично познавање на Solidity
2.Да знае да работи со APIto na Еtherscan и одлично да го познава Ethereum (Blockchainot)
Почетна плата 180 000 Мкд
Работно време Fulltime Пон-Пет
Вашето CV може да го испратите на
samarovpetre@gmail.com
 
Kajgana Shop

На врв Bottom