ИТ фирми и пракси во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата StaticStupid
  • Време на започнување Време на започнување
Дечки, што мислите околу одредени компании што форсираат да мора да се оди на некои нивни events, afterwork и сл? Слушнав дека SoPro, доколку не отидеш двапати по ред, си одел на разговор со директорот што било проблемот, зошто не одиш, така само слушнав не знам дали е вистина. Не дека имам нешто против тие events, но според мене мислам дека е претерано да МОРА да одиш.
 
Не смееш да бидеш интровертна.
Автоматски споено мислење:

Ако добро си ја вршиш работата и имаш добра комуникација со колегите од тимот, никој не треба да те присилува да одиш на забави кои се надвор од работно време. Посебно сега кога голем дел работат од дома. Еве јас сум неколку месеци во фирма, имаше неколку настани, ама не живеам во Скопје моментално и нормално дека нема да можам да одам на сите. Како си го трошам моето слободно време си е моја работа.
 
Касно се приклучувам, за овие што ги дискутирате со плати 4-6к евра, само знајте дека не е само времето што го поминуваат куцајќи код, туку и одоворноста што ја носат. Се добива претстава читајќи дека двајца со иста обврска добиваат различна плата. Лесно е тебе некој да те организира, да ти асајнира што да правиш, да се малтретира, да изиграва кловн пред клиентот, оди ти прави го тоа..
Денес на интервју доаѓаат и не знаат добар ден, јас сум ојле дојле да кажат, ќе преговарале со чакнати клиенти за саати работа, нема грешка.
 
За таква плата генерално работен ден ти е 10, 12+ часови.

Расправање со клиент за саати треба да си прави проект менаџерот, а "ѕвездите со такви плати" треба да си го туркаат техничкиот дел и да го обучуваат/контролираат квалитетот на тимот.
 
Дечки, што мислите околу одредени компании што форсираат да мора да се оди на некои нивни events, afterwork и сл? Слушнав дека SoPro, доколку не отидеш двапати по ред, си одел на разговор со директорот што било проблемот, зошто не одиш, така само слушнав не знам дали е вистина. Не дека имам нешто против тие events, но според мене мислам дека е претерано да МОРА да одиш.
Тогаш чао и пријатно на директорот.

Сакаат да бидат видени дека се којзнае каков тим, па настани, па афтер, екскурзии итн.

Не викам некој да не се дружи, ама никој не е должен да наредува после работно време кој каде и како да го троши слободното време. Ако сакам одам ако не не.

Само на состанок во врска со работата после работно време може да прифатам како наредба, ама друго е моја желба.
Не е секој слободен и без обврски, па друг да му планира.
 
За таква плата генерално работен ден ти е 10, 12+ часови.

Расправање со клиент за саати треба да си прави проект менаџерот, а "ѕвездите со такви плати" треба да си го туркаат техничкиот дел и да го обучуваат/контролираат квалитетот на тимот.
Ако си tech lead, можеш и ти да го правиш дискутирањето со клиентот :D А и да е само тоа, 10-12 саати работа, колку би биле спремни да жртвуваат приватен живот за платата? Од зборење со луѓе, добивам претстава дека ако си во IT после 5 животот ти е Мајами vibe, а не дека телефонов ми ѕвони и во 3 и 4 и 5 сабајле и кога не :D

Затоа велам лесно е од страна да се расфрлаш со суми како што прават голем број луѓе. И јас додека бев џуниор си викав леле за година две пари водопад, ќе правам ова, она, Сејшели, Мејшели а реалноста е дека се регистрирав на сите можни ултрамаратони што постојат за да не се обесам кај и да е :D
 
Од оптимална гледна точка проект менаџерот треба да биде централна точка за расправање околу саати, ресурси, рокови, документација. Ако му правиш дистракции со различни глупости на тоj што е експерт на техничко ниво, губи само фирмата. Ова го зборувам од мое искуство и како сум видел да функционираат работите најдобро. Во реалност во најголем дел фирми/проекти е хаос и се за вчера, па секој покрива што стигне, особено кога ќе фатат одморите.

Во сите области на ИТ станува практика да не знаеш кога е ден, а кога ноќ (па и во други индустрии ако си на поодговорна позиција), парите се добри, ама мора издувен вентил оти се губи трпението.
 
Не постои проектен менаџер во agile. :D
 
Ако не знаеш кога е ден кога е ноќ значи дека нема добра организација во компанијата и целиот притисок е ставен на тебе. Тоа е бидејќи се ставаат проектни менаџери кои управуваат со рокови за кои и самите незнаат т.е. не биле на пониско ниво во дадената технологија за да знаат а башка и не се консултираат со тие кои учествуваат во процесот на развој на решението туку само со клиентот.
Или workload за 3-ца па за да заштедат пари ќе му ја дадат на еден па нека има кошмари после како да стаса - негов проблем.

Во однос на платата, има доста кои зимаат големи пари. Јас зимам $4900 нето од мк (за надвор) a има и други кои зимаат и повеќе.
Според мене секој сениор треба да ја скрши бариерата и да испадне на светски пазар преку мк.
После неколку години работа подобро е да вложиш време во развој на комуникацијата отколку на техничкиот дел, тоа ќе ти донесе поголема заработка и поголем комфорт во себе.
Би било добро и останатите сениори со 5+ години искуство да пишат бројки за тука и надвор за да добиеме претстава отприлика колку се движат и да знаат помладиве.
 
Зошто пола ден го губевме на состаноци и бреинсторминг, и главев скоро секој ден до 2 навечер да го сработам тоа што треба.

А што ако клиентот инсистира на agile ко по обичај? Кај agile клиентот е во центар на вниманието.

Screenshot from 2021-07-04 17-11-53.png
 
Последно уредено од модератор:
Зошто пола ден го губевме на состаноци и бреинсторминг, и главев скоро секој ден до 2 навечер да го сработам тоа што треба.
Состаноците треба да се по максимум пола саат дневно плус уште 4 саати за сите останати церемонии во текот на една итерација. Додуша и многу зависи од типот на проектот. Ако е нешто со фиксен датум на испорака, џабе се глуми агилност.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom