ИТ фирми и пракси во Скопје

Член од
16 мај 2016
Мислења
443
Поени од реакции
605
Не знам дали е прашањето за тука, али можеби некој знае.

Моментално, плата од фирмата каде што сум добивам на девизна сметка во наша банка, па со тоа немам ништо во државата т.е пензиско, здраствено итн, на некој начин како фриленс сум. И сега, работата е шо сам треба да си плаќам данок, па ме интересира, колку време може да не платам данок и дали ако не платам данок пример за X време, ти стига опомена, или директно на суд или што и да следе xD, не сум запознаен баш со сите виа бирократски работи.
tl;dr - Ако откријат ке треба да платиш данок + камата. Ако водиш инат може и во затвор да завршиш.

Член од
14 јули 2017
Мислења
653
Поени од реакции
1.319
tl;dr - Ако откријат ке треба да платиш данок + камата. Ако водиш инат може и во затвор да завршиш.

А пријавувањето, како што читав синоќа од други извори, треба да се направе до 15 март 2025-та година, за претходната година, т.е во мојот случај за 2024 од месецот кога сум почнат да работам?
Инаку, јас уште сум студент, и како студент иам некој бенефиции, како стипендија и такви работи кои што може да ги изгубам ако пријавам примања дека имам, и не ми одговара тоа сега моментално. Планирав, да го платам данокот пример по завршување на ваа година, што ми е последна на факултет.
 
Член од
12 август 2024
Мислења
110
Поени од реакции
291
Почнаа нашите ИТ газди(да не навлагаме во етика како станаа) да ги продаваат фирмите, а новите странски газди да најавуваат отпуштања.
Не ми е јасно зашто ги купуваат кога претежно се аутсорсинг фирми основани од некој кој од претходната фирма кај го рентале понудил поефтино и отворил фирма. Единствена логика да преземат клиентите и да намаваат овдешните програмери и индијци да работат?
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.506

Кој се продаде?
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.189
Поени од реакции
1.189
Кој се продаде?
Видов некој пост на linkedIn за webFactory, ама како што сфатив таа била продадена пред некоја година. Сеа отпуштиле половина од вработените и ќе ги споеле (merger) со некоја друга фирма. Претпоставувам и членот погоре го видел истото.
 
Член од
12 август 2024
Мислења
110
Поени од реакции
291
Кој се продаде?
Веб Фактори и ИтГма дознав дека биле откупени од иста фирма. ИНС исто оваа недела рекоа дека е купена или во процес и таму пред ова 20 души ќе отпуштаат.

Видов некој пост на linkedIn за webFactory, ама како што сфатив таа била продадена пред некоја година. Сеа отпуштиле половина од вработените и ќе ги споеле (merger) со некоја друга фирма. Претпоставувам и членот погоре го видел истото.
Да , со ИтГма ќе се спојат.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.506
Веб Фактори и ИтГма дознав дека биле откупени од иста фирма. ИНС исто оваа недела рекоа дека е купена или во процес и таму пред ова 20 души ќе отпуштаат.

Да , со ИтГма ќе се спојат.
ИНС мислам работеа многу со блиски исток, баш ме интересира на кого се имаат шитнато.
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.224
Поени од реакции
14.561
Не ве разбирам, што се криви тие што ја продале фирмата на странците?
Ако не ги отпуштеле странциве што купиле, ќе ги отпуштеле нашите.

Не разбирате изгледа каква криза е на пазарот во моментов, како лесно се откажуваат договорени проекти, и колку е тешко да се фатат нови.
А со оглед на тоа колку напумпани се платите во овој сектор, не може да се издржат повеќе луѓе на бенч долго време.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.168
Поени од реакции
18.085

Mislam muabetot mu e zaso gi kupuvaat voopsto. Koja e potrebata da kupuvas firma i da gi brkas lugjeto. Ne deka firmive imaat neso imot.
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.224
Поени од реакции
14.561
Mislam muabetot mu e zaso gi kupuvaat voopsto. Koja e potrebata da kupuvas firma i da gi brkas lugjeto. Ne deka firmive imaat neso imot.
Фирмите иницијално сигурно не се купени со намера да се бркаат луѓето.

Не знам дали мислите дека такви милионски аквизиции се праат преку ноќ, без анализи и без план, имало risk assessment и гледале потенцијал.
Едно - добиваат веќе интегриран и квалитетен (дискутабилно?) кадар, не мора да се шират преку сопствени компании и да потрошат 1-2 години во најмување и интегрирање на вработени. Друго - ги добиваат и клиентите на тие компании.

Ама некогаш едноставно плановите не успеваат, никој од нас не знае што се случило.

Може дел од постоечките клиенти на фирмите откажале соработка, може новите планирани проекти се откажани, а може и после одредено време увиделе дека можат истата работа да ја завршат со помалце луѓе. Истото се случи и со Нетцетера кога ги купија германците, видоа какви све глупости се правеа и на што се трошеше пари, им укинаа све и избркаа % од луѓето.

Не е се така црно и бело како што дел од луѓево тука мислат.
 
LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.372
Поени од реакции
3.546
Mislam muabetot mu e zaso gi kupuvaat voopsto. Koja e potrebata da kupuvas firma i da gi brkas lugjeto. Ne deka firmive imaat neso imot.
Imaat dolgogodisni klienti i renome na pazarot kako eksperti vo industrijata vo koja sto rabotat. Gi kupuvas, im gi prevzemas klientite, gi brkas juniorite i ostala mrtva tezina, gi zamenuvas so indijci, indijcite rabotat na proizvodot na klientite dovolno dolgo dodeka da mozat da go odrzuvaat bez seniorite. Gi brkas seniorite, nakacuvas cena na klienite za pomala vrednost i vrakjas investicija za dve tri godini.

Za nakacuvanje cena mozes da im go bundlnes tvojot proizvod so niviniot app, da im nudis prevzemanje na platfoma, infrastruktura posto (navodno) imas poniski ceni na aws, azure kako partner, itn itn.

Bi rekol, edinstvena varijabla vo ravenkava e kompleksnosta na codebase-ot. Ironicno, najdobro rabotno osiguruvanje za seniorite e da kucaat apstrahiran kod, nesfatliv za nikoj drug.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom