Мистичен
Човек
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 13.578
- Поени од реакции
- 1.098
Сегашниот директор на Агенцијата за вработување Стојче Тапанџиоски бил принуден да избрише голем број лица од списокот на невработени за да го зачува своето работно место како државен службеник во Агенција во владеењето на СДСМ. Тој оваа валкана игра вчера јавно ја призна на прес- конференција.
-Бришевме по сите можни основи и не го почитувавме законот и жалбите на избришаните лица. Тогашниот министер за труд Стевче Јакимовски бараше да се бришат и граѓани кои патуваа надвор од земјава за да се регистрираат како иселени лица и по тој основ да бидат избришани од списоците - се исповеда пред новинарите, Тапанџиоски.
Според директорот на Агенцијата, СДСМ пред секои избори манипулирал со бројките на невработени, при што во 1998 година биле избришани 91.000 лица, а иста состојба затекнале и лани на 31 август.
Тој информираше дека од јануари 2005 до 31 август 2006 година од списокот на невработени се избришани 133.523 граѓани. Во јуни лани 30.190 лица се изјасниле дека се пријавуваат во Агенцијата само за користење на сини картони. Според него, во моментов се евидентирани 370.977 невработени лица, што во однос на март годинава е помалку за три проценти. За шест месеци, пак, се вработени околу 27.000 луѓе и тоа најголем дел во приватниот сектор.
Вицепремиерот Зоран Ставревски вчера ја обвини опозицијата дека етички невкусно и професионално неиздржано е да се манипулира со бројките за невработени лица.
- Претставници на СДСМ на парламентарна дебата во мај 2006 презентираа податоци дека бројот на невработени изнесувал 355.476 лица и одеднаш во јуни истата година тој се намалува за 30.000, а во август за уште околу 4.000. Во ниту една држава во светот невработеност за еден месец не може да се намали за 30.000, а од август лани до денеска да се зголеми за уште 50.000. Избришаните лица повторно се евидентирани како невработени и СДСМ треба да сноси одговорност за стореното - вели Ставревски.
На вчерашната прес-конференцијата присуствуваа и невработени лица кои потврдија дека биле бришени од евиденцијата на невработени за доцнење од неколку минути на денот кога требало да се пријават.
- Ми понудија да работам во погон во населбата Кисела јаболка, но никогаш не ме вработија, а како награда за тоа дури ме избришаа и од евидецијата на невработени - се пожали еден електроинженер од Скопје.
Според анкетата на работната сила што ја подготвува Заводот за статистика во 2002 година стапката на невработеност изнесувала 31,9 проценти, во 2005 - 37,3 проценти, а во 2006 - 35,9 проценти.
Кривично да се гони директорот ако го сторил тоа
СДСМ вчера побара кривично да се гони директорот Стојче Тапанџиоски ако е вистинита неговата изјава дека незаконски биле бришени невработените лица од еводенцијата.
- Во спротивно изјавате ќе се смета за обична лага и манипулација, во што сме и убедени. Како е можно Груевски да поставува функционери кои работеле незаконски. Владата панично реагира што само потврдува дека државните институции во земјава работат под директива на Груевски. - соопштуваат од СДСМ.
Од опозициската партија велат дека од септември до денеска како резултат на програмата "Преродба во 100 чекори" бројката на невработени се зголемила за 50.000.
Извор: Вечер