Зошто е добар?
Прво, затоа што е одлична алатка, за почетници, за advanced и за експерти програмери. Секој на свое ниво на знаење ќе ја заврши работата, на најдобар и најбрз начин.
Некој тоа го сметаат и за слабост, заради огромната количина на неквалитетен код кој што постои на интернет, пишуван од почетници.
Второ, лесно можеш да најдиш хостинг и тоа квалитетен за ефтини пари, дури бесплатен хостинг има на кило.
Трето, огромен број на скрипти го користат, VBulletin како што е кајгана и сите НАЈГОЛЕМИ форуми на интернет, PHPBB, Wordpress, Joomla, Drupal, Oscommerc и еден куп други. Така што и да работиш од ваков тип мора да знаеш PHP, неможеш темплејтот да го модифицираш затоа што се меша со PHP код.
Четврто, има многу активна заедница која го развива и унпредува. Пред некој ден излезе Zend Framework 1.6 со DOJO интегриран пакет за AJAX апликации. Потоа многу фрее класи и код на
http://www.phpclasses.org/.
Петто, отворена лиценца која овозможува да изработуваш секакви апликации од Free, OpenSource до Комерцијални апликации, и се разбира ти не плаќаш ништо.
Има уште, но ај доста е.
Како последна информација, Microsoft ангажираше PHP девелопери да го интегрираат PHP во новата верзија на IIS. Microsoft веќе го интегрираше PHP во Microsoft Expression Web.