Зошто постоењето на Господ не е очигледно?

Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Грев НЕ постои, измислен е. Денешните верници имаат стравопочит (измислено од попови,папи,оџи) спрема Бог/ Универзалното Нешто а тоа не придонесува за нивниот развој. Треба да се прифати со љубов , без страв.

840223 Мнозинството сме Робови на нашите сетила / сензори, затоа ни е тешко да прифатиме некои работи.
Ако сакаш прочитај ја The Universal One или било која друга книга од Walter Rassell многу работи ќе ти бидат појасни. Не се држи стриктно до тврдењата на атеистите, а не ги прифаќај целосно и тие на денешните религии
Јас се држам до вистината, до она што ми е откриено од Господ Бог. Гревот постои затоа што животот не е еден. Ако ми веруваш сум живеел во претходниот живот во хонк конг и сум бил мафијаш. Сега во овој живот не сум комплетно среќен, не можам да најдам нормална работа, не можам да се оженам. Додека на некој кои ги познавам животот им тече нормално. Што и да направам не можам да ја променам судбината. Можам само да се надевма на милост божја.
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
460
Поени од реакции
461
Кога Бог чини чуда, тие чуда не се чуда кои треба некого да го фрапираат, туку се чуда преку кои Бог сака да постигне одредена цел: на пример, сака да докаже дека Неговите чуда се посилни од чудата од маговите (Стат Завет, Египет) , или, сака да покаже дека Неговите чуда се посилни од природните закони (Нов Завет, Палестина), на кој Он не им Е потчинет.[DOUBLEPOST=1420500721][/DOUBLEPOST]

Преку верата, човекот (поединец или колектив) се впушта во процес на себевраќање кон својот Творец, оти кога Адам отпадна од Бога, со тоа, целиот човечки род се одвои од заедницата со својот Бог и Творец.

Трагањето по вистината има само една цел: средбата со Христа Бога, оти вистината не е апстрактно-философски поим или недостижна состојба, туку вистината е личност: сам Бог Е живата Вистина, од Кого и произлегува вистинито учење.

Кога трагачот ќе стигне до Вистината, на трагачот не му е потребно натамошно трагање и барање „докази„ оти трагачот, наоѓајќи Го Хроста, стигнал до целта: Го нашол својот Бог и Творец, со Кого сака да се врати во заедничарење.

Ако Бог ни испорача докази за Неговото постоење по наш „укус„, тогаш Бог практично ќе не‘ направи паразити, кои сакаат да знаат се‘, ама да не се мрдат од место, односно да не се напрегнат и да бараат, туку да очекуваат „докази„ изнесени на послужавник.[DOUBLEPOST=1420501085][/DOUBLEPOST]

Еве една протестантска финта: а како треба да „изгледаат„ тие „докази„?

Секој трагач по вистината, не врува „од прва„, ниту верува „на слепо„, без претходно да ја испита вистината до која дошол. Кога трагачот, односно испитувачот на вистината ќе има доволно добри и убедливи причини да ја прифати вистината на кој наишол во своето трагање, дури тогаш трагачот ќе може да ја прифати вистината и да верува во неа, без потрба од „дополнителни„ докази за она кое го прифатил за вистинито. Најдобар и единствено сигурен доказ за точноста од одредена вистина е духовниот опит, не е лабораторискиот наод.

Така, не постои „недостаток„ од „докази„, туку постои недостаток од лична вера во она кое е веќе објавено како вистина.[DOUBLEPOST=1420501406][/DOUBLEPOST]

Напрај проста споредба со начините на кои рисјаните, муслиманите или хиндусите доаѓаат до своите „вистини„ и самиот ќе увидиш дека тие начини се битно различни едни од други и последично, вистините до кои се доаѓа со битно различните начини на осознавање вистини, се битно различни вистини.

Во Вселената, со сета незјина огромност и просторност, нема „место„ за повеќе паралелни вистини, туку само за една, но затоа има доволно простор за лагата, во сите нејзини варијации.
Овие сите работи кои ги кажуваш, токму за нив се однесува моето прашање? Ова го кажуваш со сигурност, но се работи за обични приказни, и тоа само една верзија од разни други толкувања.
Ако ова што го кажуваш треба да е патот или барањето или верата или што уште не, зошто тоа не е универзално, недвосмислено познато?

Ете, верата нека е скриена и нека е достапна со барање, ама зошто онаа почетна хипотеза која велиш дека „вистината е објавена“ е толку штуро и слабо дадена?

Ќе признаеш дека целата доктрина на религијата е исполнета со настани со кои Господ дава насоки и препораки, но тие се толку штуро пренесени исто како да се измислени од обичен човек, затоа што не инкорпорираат ништо што би укажувало дека некој друг освен обични луѓе биле вмешани во целото создавање на тие приказни.[DOUBLEPOST=1420550571][/DOUBLEPOST]
840223 Мнозинството сме Робови на нашите сетила / сензори, затоа ни е тешко да прифатиме некои работи.
Па тоа ми е прашањето, зошто сите тие работи кои веќе ни се дадени и објавени како работи кои треба да се прифатат не се дадени на недвосмислен начин?

Господ многу пати се обидел да ги задоволи нашите сетила преку разни објави, зошто тоа не е дадено поверодостојно, туку на слаб начин кој укажува дека целата приказна е измислена од луѓе?[DOUBLEPOST=1420550796][/DOUBLEPOST]
Претпоставката ти е погрешна и не се темели на фактот дека има луѓе кои сиот свој живот (некои и по кратка постапка) го посветуваат на некаква вера. Тоа значи дека за некои луѓе доказите за постоење на Бог воопшто не се слаби и недоволни.
Тоа не е одговор на прашањето. Небитно е што за некои луѓе овие докази се доволни, прашањето е зошто не се доволни за сите? Зошто овие докази се толку слаби и лесно може да се разоткријат и воопшто се отворени за дискусија?[DOUBLEPOST=1420550965][/DOUBLEPOST]
Убаво ти одговори Beric Dondarrion

Само што ти не си зрел доволно да го разбереш неговиот одговор.

Многу љуге прашуваат за одговори ама само малку од нив се спремни да го слушнат и разберат одговорот.
Не може да прочиташ одговор и веднаш да ти се отвори вистината, треба да стигнеш до тоа ниво, да го доживееш тоа па тогаш можеби ке разбереш.
И јас му одговорив на тоа. Поголема веродостојност на доказите нема воопшто да пречат на слободната волја, напротив ќе го направат изборот позначаен.
Ете ова го кажуваш со голема сигурност, зошто тоа не е општо позната работа?
 
Последно уредено:
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Господ многу пати се обидел да ги задоволи нашите сетила преку разни објави, зошто тоа не е дадено поверодостојно, туку на слаб начин кој укажува дека целата приказна е измислена од луѓе?
Блажен е тој што не видел а поверувал. А само лукав род бара знак.

Исус се наоѓа меѓу писателите и фарисеите кои му се обраќаат со овие изрази:„,Учителе, сакаме да видиме знак од Тебе‘ А Тој им одговори и рече ,Лукав и прељуботворен род бара знак; но нема да му се даде знак освен знакот на пророкот Јона; оти, како што Јона беше во утробата на китот три дни и три ноќи, така и Синот Човечки ќе биде во срцето на земјата три дни и три ноќи‘.
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
460
Поени од реакции
461
Блажен е тој што не видел а поверувал. А само лукав род бара знак.

Исус се наоѓа меѓу писателите и фарисеите кои му се обраќаат со овие изрази:„,Учителе, сакаме да видиме знак од Тебе‘ А Тој им одговори и рече ,Лукав и прељуботворен род бара знак; но нема да му се даде знак освен знакот на пророкот Јона; оти, како што Јона беше во утробата на китот три дни и три ноќи, така и Синот Човечки ќе биде во срцето на земјата три дни и три ноќи‘.
И ова не е одговор на прашањето. Зошто некои зборови кои секој еден може да ги измисли треба да ги земам за веродостојни? Зошто овие зборови не се недвосмислено дадени како вистински зборови на Исус?
Очигледно тоа било намерата, зборовите недвосмислено да се предадат, ама има недостатоци во предавањето на приказната кои само обичен човек би ги направил.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.742
Поени од реакции
7.907

Знаеш ли што е иманентност и трансцедентност?

Бог е совршено иманентен и трансцедентен.

Иманентност значи дека Бог како прв Принцип и Прапричина на сè што постои мора да биде присутен во сè што постои, дури и поприсутен за битијата отколку што тие се присутни самите себе си, бидејќи истите постојат само благодарение на Бог. Таа иманентност не е мешање, спојување или идентичност на Божјото Битие со создадените битија. Божјата иманентност треба да се сфати како духовна присустност, која не може да се сведе на телесна. И затоа е бесконечно подлабока и посеопфатлива.

Трансцедентност значи дека Бог е апсолутно независен во однос на светот и суверен владетел над целиот Космос. Божјата трансцедентност не смее да се претстави како просторно и материјално простирање или ставање на Бог и светот еден покрај друг. Таа означува дека Бог егзистира нужно по себе, независно од каква и да било причина.

Без иманентност Бог би бил туѓ на Космосот (деизам), па според тоа, Он не би бил ни совршен ни бесконечен (идејата за Бог би била противречна).

Без трансцедентност Бог би бил идентичен на Космосот (пантеизам), па според тоа, Он повторно би бил несовршен и ограничен во постоење (поимот Бог повторно би бил противречен).
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Претпоставката ти е погрешна и не се темели на фактот дека има луѓе кои сиот свој живот (некои и по кратка постапка) го посветуваат на некаква вера. Тоа значи дека за некои луѓе доказите за постоење на Бог воопшто не се слаби и недоволни.
Постојат луѓе кои сиот свој живот мислат дека се Наполеон и Александар Македонски. За нив доказите дека тие се Наполеони и Александри воопшто не се слаби и недоволни.

Нив обично ги викаме лудаци, а религиозните треба да ги третираме со почит. Кое лицемерие.
 
SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.859
Поени од реакции
4.791
Затоа што душата е вечна, душата е бесмртна, Господ дава и втора шанса за спасение, или онолку колку што е потребно една душа да достигне просвелтение. Тоа од еден живот се многу ретки случаеви, а поготово во денешно модерно време да го постигнеш тоа.
Od kaj znaes deka dusata e besmrtna? Drugo ako e ...dali dusata e svesna ima li fizicko telo,kako se dvizi.....daj objasni malku...ne samo citati od knigi.
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
460
Поени од реакции
461
Знаеш ли што е иманентност и трансцедентност?

Бог е совршено иманентен и трансцедентен.

Иманентност значи дека Бог како прв Принцип и Прапричина на сè што постои мора да биде присутен во сè што постои, дури и поприсутен за битијата отколку што тие се присутни самите себе си, бидејќи истите постојат само благодарение на Бог. Таа иманентност не е мешање, спојување или идентичност на Божјото Битие со создадените битија. Божјата иманентност треба да се сфати како духовна присустност, која не може да се сведе на телесна. И затоа е бесконечно подлабока и посеопфатлива.

Трансцедентност значи дека Бог е апсолутно независен во однос на светот и суверен владетел над целиот Космос. Божјата трансцедентност не смее да се претстави како просторно и материјално простирање или ставање на Бог и светот еден покрај друг. Таа означува дека Бог егзистира нужно по себе, независно од каква и да било причина.

Без иманентност Бог би бил туѓ на Космосот (деизам), па според тоа, Он не би бил ни совршен ни бесконечен (идејата за Бог би била противречна).

Без трансцедентност Бог би бил идентичен на Космосот (пантеизам), па според тоа, Он повторно би бил несовршен и ограничен во постоење (поимот Бог повторно би бил противречен).
Се убаво ова што си напишал, од каде ги дозна овие работи? Зошто овие работи кога се основа на разбирањето на религијата не ни е недвосмислено дадено? Зошто е потребно обични луѓе да филозофираат, да додаваат, да одземаат за толку основна работа.
И ова што го имаш напишано се теории во религиската филозофија, зошто воопшто се потребни теории за нешто толку базично како она што се бара од секој поединец?
 
Т

Триптико

Гостин
Религијата е создадена за да се контролираат народните маси. Нема Господ! Нема рај и пекол, чистилиште уште помалку. Кој е тој Господ, што црквата го опишува како добар, грижлив, љубов... Изгледа некој не ги разбира тие зборови, па со нив опишува нарцисоиден бог, полн сам со себе. Види ги само заповедите...јас јас јас... Такво нешто и да постои Бог или некој/нешто такво, не верувам дека би го кажал/напишал. Тоа само некој свештеник, владетел може да го каже. Затоа не можеш да го видиш, почуствуваш...НЕ ПОСТОИ.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Овие сите работи кои ги кажуваш, токму за нив се однесува моето прашање? Ова го кажуваш со сигурност, но се работи за обични приказни, и тоа само една верзија од разни други толкувања.
Ако ова што го кажуваш треба да е патот или барањето или верата или што уште не, зошто тоа не е универзално, недвосмислено познато?
Трагањето по вистината е универзално: сите мудрољупци, од сите минати времиња и цивилизации, трагаа по винстината, не по лагата. По лагата трагаат само поединци, на кои лагата им омилела па почнуваат да се лажат самите себе а потоа ги лажат и оние околу себе.[DOUBLEPOST=1420554390][/DOUBLEPOST]
Ете, верата нека е скриена и нека е достапна со барање, ама зошто онаа почетна хипотеза која велиш дека „вистината е објавена“ е толку штуро и слабо дадена?
Ако се впуштиш во проучување, на пример на мојата вероисповет, ќе видиш дека таа вера, како вероучение е толку обемна, што ниту еден човеков ум не може да ја впие, но затоа тука е колективниот ум, кој го поседува целото вероучение.

Плус, верата ни е објавена во мерка во која можеме да ја „носиме„, согласно нашата отпадната природа и согласно нашите огранчени способности.[DOUBLEPOST=1420554520][/DOUBLEPOST]
Ќе признаеш дека целата доктрина на религијата е исполнета со настани со кои Господ дава насоки и препораки, но тие се толку штуро пренесени исто како да се измислени од обичен човек, затоа што не инкорпорираат ништо што би укажувало дека некој друг освен обични луѓе биле вмешани во целото создавање на тие приказни.[
Ако верата не беше откриена од Небесата туку измислена од смртник, сметај дека таа вера, како учење дадено од смртен човек и вера која потекнува од овој Свет а не од Небесата, до сега ќе беше воочена како лажна, како што тоа повеќе пати се има случено во црковната историја.[DOUBLEPOST=1420554592][/DOUBLEPOST]
Религијата е создадена за да се контролираат народните маси.
Како успеваш да си останеш некотролиран? Да рецепт, може ќе ми се бендиса.[DOUBLEPOST=1420554826][/DOUBLEPOST]
Сите вие на ист начин доаѓате до вашите "вистини", тој начин е верувањето..
Кој е тој „ист„ начин?
Како еден поединец почнува да верува?

Веќе посочив дека религиите кои ги наведе, имаат битно различни начини на нивно осознавање и битно различни учења.
 
Последно уредено:
Т

Триптико

Гостин
@Miki 1 Сите религии се перење мозок. 10 божји заповеди се контрадикторни до максимум со она што претставува еден бог (барем како што го опишуваат). Плус се класично copy paste од претходни верувања. Ако воопшто може да се наречат верувања. Повеќе подоцна.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Ќе пробам со еден едноставен пример да ти ја покажам ограниченоста на човечкиот ум. Еве на моето биро јас имам елка која што ти не можеш да ја видиш или почуствуваш но сепак таа ПОСТОИ. Тоа што ние луѓето не сме го спознале сеуште или немаме капацитет да го спознаеме не значи дека не постои. Не знаењето за нешто не повлекува и непостоење на истото тоа нешто.
Ај вака да разгледаме. Ти велиш има елка на твоето биро. Никој освен ти не знае дали има или нема (може и да не' лажеш). Значи ако нешто велиш дека ти го имаш видено, не значи дека ти не лажеш.
Но за да направиме паралела. Перо кој никогаш не бил бил кај тебе дома, тврди дека ти имаш елка оти ти така си му рекол. Перо знае или верува?
 
Последно уредено:
Член од
20 јануари 2008
Мислења
460
Поени од реакции
461
Ако се впуштиш во проучување, на пример на мојата вероисповет, ќе видиш дека таа вера, како вероучение е толку обемна, што ниту еден човеков ум не може да ја впие, но затоа тука е колективниот ум, кој го поседува селото вероучение.
Она што е обемно се безвредни нагаѓања на безброј разни помали и поголеми, НО обични човечки умови за тоа што БИ ТРЕБАЛО да претставува религијата. Нема тука ништо вредно за доказ.
Прашањето се уште постои, зошто, И ПОКРАЈ ШТО постоел обид за давање на докази, тие докази се толку слаби?

Ова:
Ако верата не беше откриена од Небесата туку измислена од смртник, сметај дека таа вера, како учење дадено од смртен човек и вера која потекнува од овој Свет а не од Небесата, до сега ќе беше воочена како лажна, како што тоа повеќе пати се има случено во црковната историја.
е контрадикторно на ова:
Трагањето по вистината е универзално: сите мудрољупци, од сите минати времиња и цивилизации, трагаа по винстината, не по лагата.
Нема да има воопшто потреба да трагаш по нешто што е веќе дадено и откриено.

И кој е тој кој ќе открие за веродостојноста на доказите? На кој начин ќе открие? Зарем Бог делува само врз една Црква и само пресудите за тоа што е лажно, а што вистинито важат само за нив? Од каде знаеме која е таа Црква?
Зошто она што е пресудено за веродостојно исто така е исто толку лажно и недоволно како доказ? Зошто се уште можеме со голема успешност да даваме аргументи против она што веќе е пресудено како веродостојно како навистина објавено од Небесата?
 
Член од
25 декември 2011
Мислења
404
Поени од реакции
185
И јас му одговорив на тоа. Поголема веродостојност на доказите нема воопшто да пречат на слободната волја, напротив ќе го направат изборот позначаен.
Ете ова го кажуваш со голема сигурност, зошто тоа не е општо позната работа?
Што е општо позната работа? Не постои нешто такво како "општо позната работа". Сите познаванја се релативни и се однесуваат кон одреден сегмент на општество и социумот.

Треба во небо реклама со сијалици да има - Јас сум Господ и јас постојам :))) ли или што ?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Нема тука ништо вредно за доказ.
А што уопште бараш на форумов? Очекуваш дека токму на форумов некој ќе ти понуди „докази„ по твојот мерак?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom