Постојат три мистерии во светот: подемот и падот на цивилизациите, питата со лимон на мајка ми, и зошто убавите жени паѓаат за идиоти.
Ги оставаме цивилизациите и питата за други постови, ајде да се загрижиме за тоа зошто убавите жени паѓаат за идиоти. КОЈА Е ТАЈНАТА НА ПРИРОДАТА?
Некој еднаш ми забележа, "Каква чудна дефиниција за Маж имаш, Антоние! Човек кој што не се плаши од својот тестостерон? Сигурно тоа е претерување донекаде."
Но не е. Све се врти околу тој тестостерон (дури и одговорот на прашањето од темава). Жените ги привлекуваат МАЖИ, не клошари, не добри момци, не шанкуриња, туку МАЖИ. Наместо да бараш философско објаснување кое што ќе ти ја олесни болката, зошто едноставно не ја прифатиш структурата која што Природата веќе ти ја поставила?
Добри момци. Што точно е тоа? Дали се ова мажите на светот?
"НЕ!"
Овие момци не се баш женствени, ама сигурно не се маженствени. Тие не се ниедно. Тие се андрогена смеса која што, без р'бет, е оформена за да ги задоволува женските желби и камшици. Доброто момче ја сака жената исто како што давеникот ја сака гумата за спасување. Се прицврстува за неа, не ја пушта од рака затоа што не може да плива во водите на Природата. Отфрлан и несреќен станува тој низ целиот негов љубовен живот.
А што е со "идиотите"? Дали тие се грижат да ги задоволат жените во духот на алтруизмот и врските?
Се разбира дека не. Нивниот тестостерон вика: "Јас имам потреби кои што мора да бидат задоволени. Забавувај ме." И така идиотите стануваат саможивници не затоа што СЕ саможивници, туку затоа што се поблиску до нивната сопствена машка природа и гледаат само да си ја задоволат нивната жед.
Женската ќе се издупи со "идиотот" и тој ќе ја остави. Ние, како машки, мислиме дека злоупотреба е кога идиотот се дупи со женската само да ја "искористи" (а и мајчините змејови се обидуваат да не феминизираат уште од мала возраст да не го правиме ова). А во реалноста, "злоупотребата" настанува тогаш кога женската сфаќа дека не е способна да го задржи типот. Таа едноставно "не е доволно жена" за него.
Доброто момче не може да биде херој, не може да биде водач, не може да биде воин, и оттука не може да биде Маж. Соблечен од машкоста, испразнет од храброст, овцата на светот, медиокритетот (no rhyme intended).
зошто доброто момче останува медиокритет? Затоа што му е кажано дека "некој ќе го сака за тоа што е".Ова е најголемата пречка кон неговиот успех. Деструктивна изјава која што го тера да мисли дека сите вредности се релативни, и оттука, правејќи го слеп за неговиот сопствен медиокритет.
Доста е толку.