Значењето на термините- “Бугар“ , “Грк“ и “Србин“ во однос на Македонците!

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.968
Под број 3 е Битола, пишува и Пелагонија, под број 5 селото Невољани, леринско. Под број 7 Лерин.
А кои се другите места?

Под број 6 човекот е Иоаноу (Јован) Трајаноу.

Дали можеш сите да ги преведеш со се име и се што пишува?[DOUBLEPOST=1551383372][/DOUBLEPOST]Под број 11 кај Влавот пишува Маловишта? (сепак сомнително ми е што не пишува и Пелагонија на две графи понатака) кај Битола. Тоа и сега си е влашко село.
Ресна (Преспа) е денешен Ресен на турски но со грчки букви. Маловишта се води исто така под Преспа. Арменохори е Леринското село Арменово. Градот Лерин и леринските села се водат под Мегленско. Тоа не се политички или административни области, туку како што пишува горе во графата Епархии.
 

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.488
Поени од реакции
1.863
https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/македонците-за-ватикан-биле-македонц/?fbclid=IwAR3tMpxwTq5ufdUlbyEdzeaKNdWGAXpEBjOAuqMe64dcTSgrIYIRRv0xgE0
Во збирката ватикански документи во НУБ „Свети Климент Охридски“ во Скопје има документ од 1624 година, кој зборува за обновување на Колеџот во Лорето, кога далматинските бискупи побарале папата Павле Петти да донесе одлука да се доделат места за питомци „Срби, Бугари и Македонци, кои во иднина нема да имаат причина да се обраќаат до Светиот престол за стипендии“. Според овој документ, од почетокот на 17 век во Ватикан добро знаеле дека Македонците не се ни Бугари ни Срби, па затоа биле одобрени посебна квота и посебна графа за апликација како за припадници на посебен народ за кој треба да се одвојат одреден број места според националната припадност. Во Колеџот во Лорето, според документот, студирале „тројца Македонци стипендирани од Ватикан“.

Ексклузивна збирка документи

Овој документ, заедно со уште стотина други документи, на латински, се разбира, може да се види во збирката на ватикански документи што се чува во трезорите на НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Станува збор за факсимили од оригинални записници од историјата на Светиот престол, каде што се чуваат значаен број документи и за Македонија и Македонците, кои допрва треба да бидат истражени и објавени. Во архивот на Конгрегацијата за пропаганда на верата во Рим (Archivio della Sacra Congregazione de Propaganda Fide), кој е формиран за да ги собира и чува документите од секојдневното функционирање на Светиот престол, се чуваат документи што го покриваат периодот од 1622 до денес. Првиот секретар на Конгрегацијата, Франческо Инголи, уште од основањето на Конгрегацијата како „ресор за пропаганда на католицизмот во светот“, целокупната документација систематски и стручно ја распоредувал, а на тој начин ги удрил темелите на денешниот архив.

Кога по десет години работа се собрала голема збирка на тајни документи, Инголи почнал да го пишува првиот водич (Memoria Rerum), овозможувајќи со тоа лесно и едноставно пронаоѓање на сите архивирани списи. Од друга страна, пак, одредувајќи простор во Ватиканската палата за сместување на архивската граѓа, не само што папата Урбан Осми покажал разбирање за напорите на Инголи туку со тоа оваа драгоцена збирка ја ставил под личен надзор и патронат. Извесен период документите се наоѓале во Апостолската канцеларија, каде што била и канцеларијата на Инголи, а потоа оттаму, по неговата смрт, збирката била преместена во зградата на Конгрегацијата за пропаганда на верата. Веќе кон крајот на 18 век овој архив поседувал богатство со кое го привлекол вниманието и на францускиот цар Наполеон. Имено, Наполеон наредил целокупната архивска граѓа да се пренесе во Франција, од каде што, по неговиот пад, повторно е вратена во Рим и сместена во просториите на Конгрегацијата, каде што се наоѓа и денес. За време на транспортот во Франција, односно при носењето и враќањето назад, одреден број кутии со значајни документи засекогаш биле изгубени, а 74 кутии стигнале во Виена. Овие 74 кутии австриската влада ги вратила во Конгрегацијата дури во 1925 година. Како работела Конгрегацијата, односно Центарот за пропаганда на верата во Ватикан?

Записници со потпис на папата

Според документите од функционирањето на оваа институција, може да се утврди дека Конгрегацијата е формирана во времето на папата Григориј Петнаесетти. Документот за основање е потпишан на 6 јануари 1622 година, а основна задача била да стане централен и врховен орган за ширење на римокатоличката вера, односно за создавање унија со православието и враќање на протестантите во пазувите на Римокатоличката црква. Освен тоа, обврска на Конгрегацијата била да го организира и надгледува ширењето на католицизмот меѓу нехристијаните. Конгрегацијата, според актот за нејзиното основање, ја сочинувале 13 кардинали, од кои еден бил префект, двајца прелати и секретар. Во овој состав подоцна влегол и еден кармелитанец, а потоа и протонотар и акцесор на Светиот уред. Членовите на Конгрегацијата редовно одржувале седници еднаш месечно, и тоа најчесто во присуство на папата. На тие седници (Congregazione Generali) биле разгледувани важни прашања, додека оние сложените им биле поверувани на посебни комисии што ги воделе кардиналите во Конгрегацијата и други експерти (Congregazione patrikolari). Секојдневните работи ги водел префектот на Конгрегацијата со секретарот и минутантите. Тие одржувале седници еднаш неделно (Congressi). Прашањата што барале интервенција на папата му биле соопштувани лично нему на аудиенција. Своите одлуки Конгрегацијата ги објавувала со декрет, препораки и писма.

До 1665 година генералните или месечните седници се одржувала во присуство на папата, меѓутоа таа практика била прекината во 1666 година. Оттогаш секретарот на Конгрегацијата, во одредени денови, го известувал папата за најважните прашања и од него барал неопходни одобрувања за решавање на прашањата што ја надминувале надлежноста на префектот и на целата Конгрегација. Од овие извештаи и кратки молби, поднесени до папата, основан е посебен фонд. Мнозинството документи во овој фонд се однесуваат на прашања од приватен карактер, како молби, индулгенции, привилегии, одобренија за склопување брак во недозволени степени на сродство и слично. Овие прашања, односно прашањата за кои реферирал папата, во почетокот биле бележени во општи бележници, а подоцна секој предмет бил запишуван на посебен лист. На крајот на листот секретарот на Конгрегацијата ја нотирал и одлуката на папата.

Стипендии за Македонци во 1619 година!


Во Колеџот во Лорето студирале „тројца Македонци стипендирани од Ватикан“
Во еден документ од 1624 година се зборува за обновување на Илирскиот, односно Словенскиот колеџ во Лорето, кој бил основан во 1580 година. Токму таа година своето образование на овој колеџ го започнале 40 студенти. Пред тоа, во 1593 година, истиот колеџ бил преселен во Рим, а бројот на слушателите бил сведен на 12 ученици. Во 1619 година, далматинските бискупи побарале папата Павле Петти да донесе одлука Колеџот да се врати во Лорето, а истовремено да им се доделат места на питомци „Срби, Бугари и Македонци, кои во иднина нема да имаат причина да се обраќаат до Светиот престол за стипендии“. Според тоа, уште во 1619 година во Ватикан добро знаеле дека Македонците не се ни Бугари ни Срби, па затоа за нив биле одобрени посебна квота во Колеџот и посебна графа во документите за апликација како за одделен народ за кој треба да се одвојат одреден број места според националната припадност. Во Колеџот во Лорето во 1620 година студирале тројца Македонци стипендирани од Ватикан.

Освен овој, во Архивот на Конгрегацијата, односно во Ватикан, има и друг документ, кој е мошне значаен за Македонците. Станува збор за писмо од февруари 1625 година, испратено од Мантова од охридскиот патријарх Порфириј Палеолог. Во писмото го известува папата дека поради болест се задржал во Мантова и дека тука ја добил веста да не се враќа во својата резиденција во Охрид, затоа што му се заканува голема опасност од Турците поради големиот долг на неговите претходници кон Портата. Се работи за даноци што ги наметнал султанот, а кои Охридската патријаршија не можела да ги плати. Во прашање се околу 40.000 скуди. Откако Конгрегацијата го добила ова писмо на патријархот Порфириј, стигнала понуда да остане во Мантова и да служи во црквата според неговиот обред, но Порфириј не сакал да ја прифати таа понуда без дозвола на папата. Конгрегацијата веднаш го известила папата за барањето на охридскиот патријарх, односно одлучила писмото на Порфириј да го достави за одлука до папата.

Епископ од татковината на Александар се жали за зулумите што ги прават Албанците!

Дека Македонија никогаш не се „антиквизирала“ туку е античка откако е Македонија може да се види од двете оригинални писма на „епископот македонски Мардарије од отечества великого цара Александра“, епископ на Охридската архиепископија, испратени до кардиналот Беберини, во кои се жали за зулумите што ги прават Албанците во неговата диецеза. Во двете негови писма, кои стигнале во Конгрегацијата, а со нив бил запознаен и папата, стои дека тој е „епископ македонски од татковината на големиот цар Александар Македонски“. На заднината на истото писмо од некој кардинал во Конгрегацијата било запишано „писмото да се достави на увид на кардиналите Алвициј и Инголиј, за да видат што може да се направи по тоа прашање“. Врз основа на документацијата што се чува во Ватикан, Францеско Инголи, како прв човек на оваа своевидна влада на Ватикан, детално го известува папата за овој проблем на охридскиот архиепископ. Целата таа преписка се случува во јануари и февруари 1640 година, значи сите што бладаа и сѐ уште бладаат дека има некаква антиквизација на Македонија, слободно може да го обвинат епископ Мардариј за тоа, но пред тоа ќе мора да се вратат 379, а не само три години назад.

Мошне интересен документ е и писмото испратено од Паштровиќи на 15 февруари 1642 година, во кое Франческо де Леонардис, специјален пратеник на папата, кој чекал да отпатува за Пеќ, каде што со српскиот патријарх требало да преговара за унија на Српската православна црква со Светиот престол во Ватикан, известува за состојбите на теренот. Во своето доверливо писмо, Леонардис го известува папата дека е принуден да го одложи патувањето за Пеќ, затоа што бил известен дека српскиот патријарх отпатувал за Цариград „каде што охридскиот патријарх се обидува повторно да ги потчини сите поранешни територии под своја јурисдикција, односно да се прогласи за глава на Бугарија, Србија, Македонија и Босна“.

Според тоа, пратеникот Леонардис добро знаел дека Македонија не е Бугарија, како што не е ни Србија. А тоа се случува на средината на 17 век, не во 18 или 19 век, а да не зборуваме за 20 и 21 век. Во таа насока мошне интересно е и едно известување испратено од Скопје на 22 март 1642 година, значи еден месец по паниката на Србите дека охридскиот патријарх ќе договори со султанот враќање на целосната контрола на Охридската архиепископија врз своите поранешни, одземени територии. Имено, барскиот надбискуп Георго Бјанки известува дека на Скопска Црна Гора, освен православни, живеат и 500 католици, а ниту еден муслиман. Како и кога се населени Албанците на теренот од денешното Арачиново до Танушевци нема податоци во Конгрегацијата, затоа што Албанци на тој терен во тоа време нема.

Во секој случај, овие и многу други документи, чии оригинали можат да се проучат во Ватикан, а факсимилите можат да се видат во збирката на факсимили што ја поседува НУБ „Свети Климент Охридски“, сигурно ќе фрлат ново светло врз затемнетиот дел на балканската историја, која, како што се знае, особено по пропаста на античка Македонија, ја пишувале само победниците и оние што од петни жили се обидувале и обидуваат да ја снема Македонија, а со неа и Македонците.

Посебна веб-страница за посетата на папата
За сите детали за историската посета на папата Франциск во Македонија закажана за 7 мај годинава, граѓаните и верниците од државава и од странство ќе можат да се информираат на посебната веб-страница www.papa.mk, направена токму за оваа цел. Оваа информација беше соопштена на првата прес-конференција наменета за посетата на папата од страна на Виктор Димовски, државен секретар на Министерството за надворешни работи и од Киро Стојанов, бискупот на Католичката црква во Македонија.

– Преку веб-страницата граѓаните и медиумите ќе се информираат со неопходните вести за посетата на папата. Инаку, за секоја посета на папата на одредена држава практика е да се подготвува веб-страница на која се поставуваат најновите информации за неговото патување – објасни Виктор Димовски, државниот секретар на Министерството за надворешни работи.

Според него, оваа посета ќе биде организирана на највисоко безбедносно ниво, бидејќи е класифицирана како државна посета на највисоко ниво, со сите посебни протоколи на безбедност.

На веб-страницата ќе бидат објавени сите детали за начинот на кој ќе може да се следи литургијата на плоштадот, а секој што ќе сака да биде присутен таму, ќе мора да се регистрира и да добие влезница, која ќе биде бесплатна. Исто така, и сите медиуми, без разлика дали се домашни или странски, ќе мора да бидат регистрирани со посебен протокол.

Инаку, според официјалниот протокол, папата во главниот град Скопје ќе остане само 10 часа и ќе има густ распоред. Во Скопје ќе пристигне од Софија. Ватиканската палата го објави и логото за посетата на Македонија, кое е напишано на македонски јазик и на него пишува: „Не бој се, мало стадо“, папата Франциск во Македонија, 7 мај 2019 година. Р.З.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom