Злоупотреба на боледувања, лажни боледувања

Член од
13 јули 2022
Мислења
3
Поени од реакции
1
Темава ја отварам со цел да се разгледаат аспектите од оваа општествено-паразитска појава. Пред неколку месеци, имаше податок дека најдолго боледување "по случајна проверка" Фондот открило 3,5 години. А, во такви случаи би требало инвалидска пензија. Имено, кадешто работев во минатата фирма (лани летото), појавата на лажни боледувања беше како "добро утро". Најчесто, први земаа оние кои го искористија годишниот одмор, а по нив исто така се појавија "пациенти" на кои не им се овозможуваше да земат од слободните денови од годишниот. Овие вториве, донекаде ги оправдувам целосно. Бидејќи таков систем воспостави менаџментот на фирмата, односно оние кои се залагаа беа обесправени, а овие другиве паметни. Најголем рекордер во бившата фирма беше една колешка која што 4 пати зеде боледување. Во тие 4 боледувања пола година на боледување, а за време на боледувањата слики на социјални мрежи, низ град на кафе излезена постојано, сториња од забави по ноќни клубови и сл. Како тенденциозно да сакаше да се фали со тоа за да испадне таа паметна, ние глупави. Е сега, за наведениов случај велеа многумина дека е со врски. Други случаи шо знам работеа и нешто приватно шо си имаа пр. по пазари на тезга, свирачи и пеачи со тезга на свадби, и сл.
Неодамна читав по соц. мрежи колумна како парите кои ги исплаќа Фондот за боледувања над еден месец (а каде несомнено има и лажни боледувања) може да се искористат за поголема партиципација на Фондот за одредени лекови за хронични болести, партиципација за одредени операции во странство и сл. Што мислите вие за ваквите појави и како најефикасно да се регулираат?
 
Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.096
Поени од реакции
8.871
za da se opravda "boluvanje" treba lekarska potvrda. manje vise ima za koja diagnoza kolku denovi se odobruvaat.

jas koga pravev operacija na sinusi, mislam imase nedela-dve dozvoleno otsustvo, pa so komisija od nekolku clena, mi prodolzija uste nekoj den.

ogromna razlika "za tolerancija" e dali zboruvame za drzavno ili privatno vraboteni, i dali se na dogovor na opredeleno ili neopredeleno vreme
 
Член од
13 јули 2022
Мислења
3
Поени од реакции
1
Да, најчудно можда е што ова беше во приватен сектор, приватна фирма. А, секој ден слики од проводи, кафе-шеми, ноќни шеми. Незнам дали смеам ќе споделам една статија од Доказ.мк многу слично беа опишани вакви работи, баш како за во таа фабрика кај што работев да го пишувал некој.
Автоматски споено мислење:

Ф

Флеш

Гостин
Коа имаш специјалист врска .... 30 дена бајо :LOL:
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Најмодерен тип на вакво боледување во последно време имаш кај женската популација. Јас скоро и да не познавам некоја што работи во поголема компанија, или на државно, а да не пријави дека има „проблематична бременост“.
Заебанцијата е што не смеат ни да ги препрашуваат, во претходната фирма само доаѓаа, им фрлаа пусулче од доктор и фајронт.
Имав колешка што едно по друго имаше 2 деца, не се појави на работа повеќе од 2.5 години (боледување за проблематична бременост - породилно - пак трудна - пак боледување за проблематична бременост - корона, а во меѓувреме истера и одмори/кафеани/свадби/и на upwork фура по 6-7 саати секој ден).
Ако си се вработил во меѓувреме, не ни знаеш дека таа личност работи во компанијата, нешто слично како со рамковните :D
 
Во случајов не се работеше за трудничко боледување, ни мажена ни деца, ни ништо. Ама па изгледа некое шефче или друг "поголем" батка тоа го овозможуваше, а знам дека од болест немаше ни трага, ни глас. Не можи за на работа нозете да ти потекуваат, а за на плажа, по кафиќи и шетање по цели денови в град да си добар. А, плус фалење и по социјални мрежи, а после "уловија" жена што само една недела зеде боловање, ама на некоја друга ситна работа ја виделе и некој ја сликал и пратил слика кај "главните".
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Најмодерен тип на вакво боледување во последно време имаш кај женската популација. Јас скоро и да не познавам некоја што работи во поголема компанија, или на државно, а да не пријави дека има „проблематична бременост“.
Заебанцијата е што не смеат ни да ги препрашуваат, во претходната фирма само доаѓаа, им фрлаа пусулче од доктор и фајронт.
Имав колешка што едно по друго имаше 2 деца, не се појави на работа повеќе од 2.5 години (боледување за проблематична бременост - породилно - пак трудна - пак боледување за проблематична бременост - корона, а во меѓувреме истера и одмори/кафеани/свадби/и на upwork фура по 6-7 саати секој ден).
Ако си се вработил во меѓувреме, не ни знаеш дека таа личност работи во компанијата, нешто слично како со рамковните :D
...ај, ми го зеде зборот, како да ни е иста колешка!
само да те дополнам со редење на боледување чија причина последователно иде прво за неа, па за едното дете, па за другото, па недела дена на работа, па потоа пак од почеток , за неа боледување, па за едното дете, па за другото дете...и така незиниот стаж и’ е повеќе преседено „дома“ отколку на работа, пази пишувам за медицинско лице кое кога ќе се појави на работа како падната од Марс поради дисконтинуитетот, а здравството како осетлива професија во која е потребна посветеност и континуитет, а и не може ништо да се направи кога носи валидни документи (оправдување за отсутност), тука да треба контроли на матичните лекари, но и нивно санкционирање, а има случаеви што за време на такви долги отсуства како боледување во тој тајминг завршуваат повисок степен на образование ! :facepalm:
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
...ај, ми го зеде зборот, како да ни е иста колешка!
само да те дополнам со редење на боледување чија причина последователно иде прво за неа, па за едното дете, па за другото, па недела дена на работа, па потоа пак од почеток , за неа боледување, па за едното дете, па за другото дете...и така незиниот стаж и’ е повеќе преседено „дома“ отколку на работа, пази пишувам за медицинско лице кое кога ќе се појави на работа како падната од Марс поради дисконтинуитетот, а здравството како осетлива професија во која е потребна посветеност и континуитет, а и не може ништо да се направи кога носи валидни документи (оправдување за отсутност), тука да треба контроли на матичните лекари, но и нивно санкционирање, а има случаеви што за време на такви долги отсуства како боледување во тој тајминг завршуваат повисок степен на образование ! :facepalm:
Епа поради вакви експерти ќе си го опапа некој што навистина има мака.
Ги има илјадници, и јавна тајна е во последно време дека секоја втора вади пусулче за проблематична бременост.
Само не знам дали им ги штанцаат пусулчињата во приватните болници, или во државните.
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.607
Едноставно законот вели нема отказ додека си на боледување а и боледувањето не треба да е официјална причина за отказ, односно треба да се најде друга маана за да се даде истиот без нуту да се спомне боледувањето. Е сега секое боледување над 15 денови е комисиско па ти треба специјалист да тоа ти го потпиши па комисијата даде дупли печат на истото. Истите тие како и матичните лекари треба некаде да ги оправдаат издадените боледување па ако не им е „страв“ од државата нека потпишуваат колку сакаат боледувања, нивните лиценци се во прашање а на пациентите најопасно што може да им се случи е да превидат некое прекинување на боледувањето па за 3 неоправдани денови отсуство добијат отказ.
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.052
Поени од реакции
1.175
поради случаи како погоре опишаните од ваша страна мене после операција и не целосно заздравен ми го затворија боледувањето и ме пратија на работа, а на тоа комисијата маме им ебам :drk:, ни ме прегледа ни ме виде само ми ги фрлија документите и од утре на работа па морав да си го трошам одморот затоа што реално не бев за на работа.
 
...не го оставај така, пријави ги, дај жалба до повеќе институции околу таа проблематика,
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.052
Поени од реакции
1.175
...не го оставај така, пријави ги, дај жалба до повеќе институции околу таа проблематика,
5-6 години се поминати од тогаш, ама кога не си редовен пациент по тие врати (за среќа) не знаеш дека има и фтора комисија и останати такви правни заврзлами па си заебаната странка, ама да ти кажам право да ме служи мене здравјето па ни боловање им сакам ни нив ги сакам.
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.126
Поени од реакции
2.764
Најјаки ми се некои што земаат боледување недела-две а истовремено објавуваат слики на фејсбук од одмори во Халкидики, Лефкада, Полихроно...

Знам јас неколку души вработени во РЕК Битола тоа што го прават...
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.607
Најјаки ми се некои што земаат боледување недела-две а истовремено објавуваат слики на фејсбук од одмори во Халкидики, Лефкада, Полихроно...

Знам јас неколку души вработени во РЕК Битола тоа што го прават...
народната вика дека ако не се вратиш исончан од боледување исто како да не си бил болен :)
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.126
Поени од реакции
2.764
народната вика дека ако не се вратиш исончан од боледување исто како да не си бил болен :)
После враќање од одмор ќе бараат и второ боледување, за лекување на изгорениците на плештите, кичмата, стомакот и градниот кош од жешкото сонце со УВ индекс 11 и „наводно“ лежење во Болница во кожно одделение...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom