Здравството кај нас

Член од
23 септември 2015
Мислења
908
Поени од реакции
451
Ако е тоа мерило за добар доктор, јас сеуште не сум сретнал таков.
Или пациентите се вртат во место или е полошо или погрешна дијагноза...а тоа може да се види преку разговор со пријатели,роднини,колеги па и на телевизија....
Секако донекаде и самите сме криви најверојатно(првенствено) но тоа што пишавте ако е мерило за добар доктор мислам ке се сложите дека ги нема такви многу.
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
5.308
Поени од реакции
8.000
Затоа велам има доктори и доктори исто како и добри и лоши механичари.
Abe ovaj podobro receno ovaa nalet shto nema pojma pa i drska beshe ! Mi ideshe da i tresnam edna medju Ochi !
Автоматски споено мислење:

Ако е тоа мерило за добар доктор, јас сеуште не сум сретнал таков.
Или пациентите се вртат во место или е полошо или погрешна дијагноза...а тоа може да се види преку разговор со пријатели,роднини,колеги па и на телевизија....
Секако донекаде и самите сме криви најверојатно(првенствено) но тоа што пишавте ако е мерило за добар доктор мислам ке се сложите дека ги нема такви многу.
Vo MK treba so Borinche da gi barash!
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.380
Поени од реакции
23.203
Се е валидно но ајде да ја видиме и другата страна која речиси никогаш не се гледа. Македонскиот народ кога бара медицинска помош оди да се лечи мислејќи дека е на пазар. Овој тест сакам да го направам ова не сакам, ќе пијам од овој лек ама овој не го сакам смени ми го. И после кога со години ќе игнорираат совет ќе дојдат кога ништо не може да се направи и секако никогаш не се криви они.

Еве еден случај, пациентка со 300 болести континуирано и се влошува состојбата, доаѓа редовно на контроли, направени секакви испитувања и препишани секакви лекови но ништо не и помага. Починува и доаѓа сопругот носеќи неколку ќесиња апчиња што ги купувал за неа но ништо не пиела.

Задолжително и најкласика ситуација, дај ми Х антибиотик да се најде за секој случај. :rolleyes:

Затоа и народот си сака фини докторчиња кои можеби врска немаат, бидејќи сака да им се оди по газот и да ги удоволуваат иако тоа идење по гз нема допирна точка со медицина и не си го решаваат проблемот.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.992
Поени од реакции
19.342
Добар доктор е тој што знае да го насочи правилно пациентот, да може да направи најбрза диференцијална дијагностика и даде најдобра соодветна терапија во согласност со најновите препораки за лечење на соодветната болест.

Сладките приказни не се репер за "добар" доктор, а кај МК пациентите тоа го ставаат на прво место поради многубројните искуства со арогантни партиски полтрони, така напикани во државните институции. Кои ароганцијата ја користат како штит да ја скријат својата некомпетентност.
Ваков доктор кој го опиша е Др. Јани Ангеловски во институтот за трансфузиологија.
Верувам дека не е единствен, ама од тоа што јас сум искусила кажувам.

Кога сме кај матичните чиста 10-ка имам и за мојот матичен доктор, иако е млад и со не толкаво искуство ама буквално човекот е секогаш достапен за разговор, за соодветна насока за терапија, не лупа лекови од ракав и секогаш гледа колку што можи да поможи буквално за се кога се работи за здравјето на пациентот.
Соодносот со пациентите да не правам муабет.

За жал ретки се оти денешно време повеќе гледаат да излакомат за пари отколку да се грижат за здравјето на пациентот, некои и врска немаат, купени дипломи и партиски полтрони.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.046
Поени од реакции
8.771
Дека грубо кажано излечен пациент е изгубен клиент.
Ова може да важи за автомеханичар кој менува делови, ама за доктор нема логика.

Луѓето до 50 година се релативно здрави и одприлика тогаш (кај некои и малку порано) почнуваат хроничните болести под услов да немаат болести од раѓање. До 60тата година доколку не се третираат болестите организмот компензира и доколку не се превзема ништо, пациентот ниту е излечен, ниту ќе биде на овој свет.

Хроничните болести бараат хронична контрола и корегирање на терапија и од тоа зависи квалитетот и должината на животниот век на пациентот.

Не е ова менување на пумпа за гориво за југо и со тоа проблемот е решен. Срцето на пример па и било кој орган, не се менува, но со соодветна хронична терапија и контроли може да функционира многу подолго и да добие пациентот поквалитетен живот.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.487
Поени од реакции
11.407
Задолжително и најкласика ситуација, дај ми Х антибиотик да се најде за секој случај.
Па некои се и толку дрски што телефонски се јавуваат за Амоциклавче.

Или стандард се научиле, мене само од инјекции ми поминува, друго ништо. Ај возрасни што сакаат да се боцкаат со кортико, ама кога за дете со температура бараат инјекции затоа што само од тоа му поминувало, а они дома ниту дале антипиретик, ниту направиле масажа, ниту истуширале, ниту поеле течности….абе косата ми се крева ејј :mad:

И така секој ден по милион пати си раскажуваме што и како треба и е правилно, и зошто така, а зошто не. Оние кои ќе разберат и сфатат океј, ама на оние најтврдокорните, не им е гајле што им кажуваш, туку битно им е да дојдат до доктор кој ќе им даде урбазонче, за да може вечерта мирно да спијат и да нема детенцето температура.
 
Во ред кажи им за можните компликации од интрамускулна инекција како глутеален абцес и сепсис и повторно ги прашај дали се согласни со инекција или сирупче o_O

Сепак мислам дека овде самата комуникација е проблем
 
Не бе Кадаиф каква комуникација, едноставно сакаат по нивно и крај, они читале на женски домаќински муабети како треба, ти треба само печат да ставиш на нивните заблуди и тоа е тоа.

Еве друг пример, жена во педесетти години со наод на бели дробови (визинг) и сува кашлица минимум еден месец со различен интензитет, нема никакви други симптоми (температура, треска, болка итн), пуши три кутии цигари на ден, лабораторија добра, РТГ добро, брисови добри. Пола саат и се кажува дека проблемот и е хроничен а не е од инфективна природа и што ти вика она? Дај ми панцеф. Пак убедување, натегање, објаснување дека џабе ќе се труе и на крај - дај ми панцеф. Помина цел месец пиејќи цефиксим, азитромицин и на крај се боцкаше со линкомицин. На крајот се уште имаше наод иако послаб.

Е сеа тука ќе се рече па зошто некој ја трпел. Епа тука доаѓа до израз ретардираноста на приватизацијата на примарниот столб, доколку општиот лекар не зависи од пациентите (капитација) тогаш ќе и беше речено ако сакаш еве ти упат до пулмолог да ти се реши проблемот ако не чао пријатно лечи се кај бајачки. Арно ама во оваа ситуација ако и го кажеш тоа, истиот момент ќе си го земе нејзиниот картон како и на маж и, свекорот, свекрвата и двете деца и ти ќе останеш минус 1000 денари месечно плус што е веројатно да шири лош глас како тоа ти не си сакал да ја лечиш и си бил лош доктор што ќе одвраќа луѓе да дојдат кај тебе.

Резултат е непотребно испиени (силни) антибиотици, потрошено време на докторот и сестрата, потрошени пари од фонд те народни пари што се купувале на рецепт лековите (не дај Боже нешто приватно да се купи, ќе нема после пари за фризер и нокти) а проблемот си останува што во иднина ќе прави дополнителни проблеми на нејзе како и трошоци на здравствениот систем.
 
Зошто би бил проблем да оди на пулмолог? И онака и треба спирометрија, контроли и најверојатно смена на спрејови и нивни комбинации во зависност од стадиумот
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.380
Поени од реакции
23.203
Зошто би бил проблем да оди на пулмолог? И онака и треба спирометрија, контроли и најверојатно смена на спрејови и нивни комбинации во зависност од стадиумот
Одбива, цитирам "вие докторите сте учеле но треба и нас да не слушате што ви кажуваме, секој пациент најдобро си се познава себе си па така јас најдобро си знам што ми е проблемот".

Едит: Вакви ќе ти дојдат и ќе ти речат ме болеше главата вчера, сакам да ми закажеш магнет.

Последно уредено:

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.046
Поени од реакции
8.771
Одбива, цитирам "вие докторите сте учеле но треба и нас да не слушате што ви кажуваме, секој пациент најдобро си се познава себе си па така јас најдобро си знам што ми е проблемот".

Едит: Вакви ќе ти дојдат и ќе ти речат ме болеше главата вчера, сакам да ми закажеш магнет.

До некаде и си прав.

Некогаш и природната селекција е посилна од моќта на здравствениот систем. Глупавоста е за жал неизлечива.
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
5.308
Поени од реакции
8.000
Одбива, цитирам "вие докторите сте учеле но треба и нас да не слушате што ви кажуваме, секој пациент најдобро си се познава себе си па така јас најдобро си знам што ми е проблемот".

Едит: Вакви ќе ти дојдат и ќе ти речат ме болеше главата вчера, сакам да ми закажеш магнет.

Trebalo da i pishish deka prvo treba da stavi Baterija! Najdobro od Daljinskoto ot Televizorot da ja izvadi, demek za edno merenje da ne praj troshok!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.819
Поени од реакции
12.308
Не знам кај сте нашле такви пациенти. Можеби, оти имате искуство и со писмени и неписмени.
Јас ги следам упатствата на докторите па двапати за малку ќе настрадав до капела. Така да не е се црно бело. Има и нијанси на сиво. Не ги ставајте сите во ист кош, и доктори и пациенти.
Др Стојановски на пример е одличен уролог. И дијагностичар и све по список. Арно ама системот е без врска, додека стигнеш до такви како него. Значи и системот те зеза, не само "баш ми е гајле" на некои доктори.

За антибиотици не сакам да се повторувам. Овде ниедна аптека нема да ти издаде антибиотик без рецепт. И тоа не електронски, него хартиен. Дури и за заб кога сум побарал, ме одбивале без матичен. Немојте и вие као медиумиве, народот све зема на своја рака. Не е точно. А во случаи каде е, и за тоа има лек.
 
Секако, никој не го негира тоа. Почетното мислење ми беше со цел да ја покажам другата страна на системот; како што има арогантни, глупи, неспособни лекари така има и арогантни, глупи, неспособни пациенти. Константно гледам како по социјални мрежи се пишува за првите додека за вторите никаде немам сретнато па еве малку и за нив да се каже нешто.

За антибиотици не сакам да се повторувам. Овде ниедна аптека нема да ти издаде антибиотик без рецепт. И тоа не електронски, него хартиен. Дури и за заб кога сум побарал, ме одбивале без матичен. Немојте и вие као медиумиве, народот све зема на своја рака. Не е точно. А во случаи каде е, и за тоа има лек.
Тоа што бараат рецепт од аптеки е без врска, архаизам од времето кога системот имал смисла, денес треба само да се тркне до ординација и да се побара било каков антибиотик (или опијат, бензодијазепин итн). За неколку месеци ќе се дигитализира и тоа така да нема да треба рецепт, со еден повик до матичниот и ќе си има народецот амоксиклавче секогаш дома.

Инаку и матичните стоматолози смеат да препишуваат антибиотици (и боледување можат да отвораат) али пракса им е да препраќаат кај матични лекари.
 
Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.563
Поени од реакции
9.655
Јас пред две год лежев на болница и во 6 сабајле ме буди сестра да ме провери, да примам таму што примав терапија за брохопнеумонија и ми вика извини ама да не имаш топломер. И оној вицот сега да не треба и доктор да си донесам..
Така да и ова ништо чудно и да е вистина.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom