Здравството кај нас

Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.498
Поени од реакции
23.515
Аиии страшна работа, ако пратиш човек на пулмо или орл ти се враќа задолжително со кортико терапија. Професорка од државна за настинка пишала инјекција Флостерон и спреј Риноко. И викам на пациенткава заборави на тоа, и помина за ден-два само со Септаназал.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.804
Поени од реакции
37.809
и дека си го препишала на пациент па пишеш метформини на велико
... искрено речено ни тогаш ни сега метформинот (bigvanidi) не го признавам за антидијабетичен лек онака за монотерапија, можеби во комбинација или само кај тие пациенти кои се едноставно гурмани во јадењето (дебели), но никако кај другите, има цел список на несакани дејства, посебно абдоминалните болки, Glucobay (acarbose) има многу помалку несакани дејства, а Victoza (liraglutid) кога не може да се примени метформин, исто не помина онака колку помпезно се очекувало.
Сега се препишува џардиан дури и кај пациент со срцева слабост без диабетес.
... прашање на ден кога ќе се исфрли Jardiance (empagliflozin) од употреба, но сега има силна комерцијална подршка (германски лек, нели), несакани дејства посебно со уринарни инфекци и нефролошки проблеми џабе регулирана гликоза кога ќе се сјебат бубрезите, за разлика од други, јас секогаш го разгледувам лекот од неговите несаканите дејства, па потоа го гледам ефектот, (empagliflozin) како (repaglinide) кој исто онака на голема врата влезе препишуван во три јачини, па наеднаш сега тук таму, никаде го нема, ете дури ни ти не го спомнуваш!
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.283
Поени од реакции
9.067

Тоа се препораки од европското здружение на кардиолози, ендокринолози со многубројни студии и докази! Не ни очекувам да разбереш пошто не ни знаеш што е тоа медицина базирана на докази!
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.804
Поени од реакции
37.809
Под нова литература подразбирам учебници од Х област превземени од некој еминентни професори,доктори со најнови информации и слично...па преведени на наш јазик, па и да им го предаваат на англиски, би се снашле студентите.
Само што тоа на професорите не им годи, бидејќи не може да се носат со нив.
А и потребата за професор би изумирела...дека кој сака ке си го учи дома..што потреба некој да им чита од учебник.(професорот)
Не е муабетов за нов македонски учебник напишан од "Трендафиља" како овие што ги постира и од нив да учат глупости....
...дали знаеш дека партиските влијанија и тој што е моментално на власт ги креира и стручните книги и учебниците, директива што и како да се пишува било тоа автор „Трендафиљка“ или автор „Барбара“, додека партијата на власт е главен фактор во здравството и образование нема да не’ биде за свирче, квалитет негативна нула!
... едно време сакав да учествувам со текст и музика на еден познат фестивал онаму некаде на исток во МКД, ааааааа не може така, твојот пеач мора да „плати 1000Е“ да добие пас за учество, а музика и текст МОРА да биде од познат текстописец и композитор и ти даваат список, сакаш Ристо Бомбата, сакаш Саздов, сакаш Врчак и ондак то, анонимуси не можат туку така да влезат, па макар песната била топ, односно со еден збор све однапред, а богами и отпозади скроено.
Тоа се препораки од европското здружение на кардиолози, ендокринолози со многубројни студии и докази! Не ни очекувам да разбереш пошто не ни знаеш што е тоа медицина базирана на докази!
... види не велам не, исто беа и препораките за антихистаминскиот лек astemizole со долготрајно дејство, воодушевени од неговото дејство препишано на глобално ниво за повеќе индикации не само како антиалергик, за да после беше тргнат поради ФАТАЛНИ НЕСАКАНИ ДЕЈСТВА, а? и што со сите тие пациенти што го пиеле секоја пролет и есен, тоа не беше медицина базирана на докази? ама ти уште не си бил роден, нит си запознат за такви примери, а одозгора и си невоспитан не почитуваш соговорник(чка), поискусен(а) од тебе, па да научиш нешто!

... би ги спомнала онака само како препоракa антиковид вакцини (mRNK), иако тоа не се лекови, но што со нив не е медицина базирана на докази нивна примена? Дал би примил уште една бустер доза, онака те прашувам за твое мислење, пошто јас ете не знам што е медицина базирана на докази!
 
Последно уредено:

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.283
Поени од реакции
9.067
...дали знаеш дека партиските влијанија и тој што е моментално на власт ги креира и стручните книги и учебниците, директива што и како да се пишува било тоа автор „Трендафиљка“ или автор „Барбара“, додека партијата на власт е главен фактор во здравството и образование нема да не’ биде за свирче, квалитет негативна нула!
... едно време сакав да учествувам со текст и музика на еден познат фестивал онаму некаде на исток во МКД, ааааааа не може така, твојот пеач мора да „плати 1000Е“ да добие пас за учество, а музика и текст МОРА да биде од познат текстописец и композитор и ти даваат список, сакаш Ристо Бомбата, сакаш Саздов, сакаш Врчак и ондак то, анонимуси не можат туку така да влезат, па макар песната била топ, односно со еден збор све однапред, а богами и отпозади скроено.

... види не велам не, исто беа и препораките за антихистаминскиот лек astemizole со долготрајно дејство, воодушевени од неговото дејство препишано на глобално ниво за повеќе индикации не само како антиалергик, за да после беше тргнат поради ФАТАЛНИ НЕСАКАНИ ДЕЈСТВА, а? и што со сите тие пациенти што го пиеле секоја пролет и есен, тоа не беше медицина базирана на докази? ама ти уште не си бил роден, нит си запознат за такви примери, а одозгора и си невоспитан не почитуваш соговорник(чка), поискусен(а) од тебе, па да научиш нешто!

... би ги спомнала онака само како препоракa антиковид вакцини (mRNK), иако тоа не се лекови, но што со нив не е медицина базирана на докази нивна примена? Дал би примил уште една бустер доза, онака те прашувам за твое мислење, пошто јас ете не знам што е медицина базирана на докази!
Постирај ми препорака за астемизол и препорака од мРНК вакцина од некое европско здружение со препорака класа Ia или Ib.

Ајде нели си воспитана гуглај и ми најди, за гуглање бар те бива!
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.804
Поени од реакции
37.809
Постирај ми препорака за астемизол и препорака од мРНК вакцина од некое европско здружение со препорака класа Ia или Ib.

Ајде нели си воспитана гуглај и ми најди, за гуглање бар те бива!
Дал би примил уште една бустер доза, онака те прашувам за твое мислење, пошто јас ете не знам што е медицина базирана на докази!
... кога прво ќе одговориш на ова прашање!
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.283
Поени од реакции
9.067
... кога прво ќе одговориш на ова прашање!
Прашањето е на место и е соодветен одговор на твоето прашање кое е истресено од ракав и не е потврдено со докази!

Јасно е зошто не одговараш.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.804
Поени од реакции
37.809
Постирај ми препорака за астемизол
... astemizol, пронајден 1977 год сакаш да ти гуглирам препорака кога воопшто немаше вакви НЕТ инфо?
Постирај ми препорака за мРНК вакцина од некое европско здружение со препорака класа Ia или Ib.
Прашањето е на место и е соодветен одговор на твоето прашање кое е истресено од ракав и не е потврдено со докази!
Јасно е зошто не одговараш.
...ракав или неракав, ти си примил антиковид вакцина која (не) е потврдена со докази (медицина базирана на докази)?
ДА или НЕ?
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.283
Поени од реакции
9.067
... astemizol, пронајден 1977 год сакаш да ти гуглирам препорака кога воопшто немаше вакви НЕТ инфо?

...ракав или неракав, ти си примил антиковид вакцина која (не) е потврдена со докази (медицина базирана на докази)?
ДА или НЕ?
Ти знаеш што е терапија а што превенција?

Classes-of-recommendations_Q640.jpg

Која класификација на препорака е? Не видов.
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.804
Поени од реакции
37.809
Ти знаеш што е терапија а што превенција?

Прегледај го приврзокот 366971

Која класификација на препорака е? Не видов.
...не го врти, јас реков дека антиковид вакцина не е лек, читај подобро, но аплицирање на вакцина си има нели дефиниција која се базира на медицина базирана на докази дека истата треба да заштитува од инфекција, дали антиковид вакцината која ти ја прими штити од инфекција од коронавирус? ДА или НЕ, а сепак си ја примил нели, зашто примаш нешто што не одговара токму со тоа што стоиш цврсто како препорака? само тоа сакам да ти доловам дека еден и еден во медицината не се два, не европска асоцијација, не докази, не бутур, слепо прифаќање НЕ, само тоа,
... еве уште едно прашање, дали ендокринолозите, ете конкретно кај нас и наше соседство, па и пошироко ја лечат болеста хипо(хипер)тиреоза (медицина базирана на докази)?
 
Последно уредено:

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.283
Поени од реакции
9.067

...не го врти, јас реков дека антиковид вакцина не е лек, читај подобро, но аплицирање на вакцина си има нели дефиниција која се базира на медицина базирана на докази дека истата треба да заштитува од инфекција, дали антиковид вакцината која ти ја прими штити од инфекција од коронавирус? ДА или НЕ, а сепак си ја примил нели, зашто примаш нешто што не одговара токму со тоа што стоиш цврсто како препорака? само тоа сакам да ти доловам дека еден и еден во медицината не се два, не европска асоцијација, не докази, не бутур, слепо прифаќање НЕ, само тоа,
... еве уште едно прашање, дали ендокринолозите, ете конкретно кај нас и наше соседство, па и пошироко ја лечат болеста хипо(хипер)тиреоза (медицина базирана на докази)?
:facepalm: Господе Боже
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.804
Поени од реакции
37.809
:facepalm: Господе Боже
... ендокринолозите не ја лечат болеста хипо(хипер)тиреоза, туку само симптомите на болеста хипо(хипер)тиреоза, да дадеш готов хормон не ја лечиш болеста, туку само дополнуваш хормон што поради Х причини фали (или е во вишок) да се анулираат симптомите и ништо друго, таа Х причина на болеста не ја лечат, кога ќе речат „дали знаете добар ендокринолог за штитна жлезда“ , за што да намали и зголеми јачина на Еутирох и Пропилтиоурацил, денес 50мг, утре 100мг, да на крај оперативно ја острани тоа ли е „лечење“?
 
Ништо не те разбирам.

Те молам да прочиташ препораки за лекување и дијагностика на болести на штитовидна жлезда.

За вакви работи се губи лиценца за работа! :facepalm:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.804
Поени од реакции
37.809
Ништо не те разбирам.
Те молам да прочиташ препораки за лекување и дијагностика на болести на штитовидна жлезда.
За вакви работи се губи лиценца за работа! :facepalm:
...точно, треба да се ,,губи лиценцата,, и од тие анестезиолози кои поради нивниот промил на алкохол на работно место, млада трудница починува, и гинеколози кои наместо да породат само бебе уз пат вадат бубрег и јајник и многу примери каде поради предозажа и несоодветна терапија испочинаа пациенти болни од КОВИД19.
...нема што да читам за штитна жлезда има цела армја пациенти кои го имаат тој проблем и самите знаат колку ,, се излечени, а тоа што не ме разбираш те сфаќам, но жално е што ниту се трудиш да разбереш што сакам да кажам, но Ок е форум, разменување на мислење, ти такво, јас овакво, само имаш мана што вреѓаш на секаков начин и тоа не е во склоп на медицинска етика, што не само во професионалниот туку и во виртуелниот живот треба да ја запазиш барем на вакви теми за здравје.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom