НО во физиката постои само еден вакуум а тој е ПЕРФЕКТЕН каде нема никакво присуство на воздух.
Јас се водам по законите на физиката. Единствено тоа ќе ме убеди во нешто.
Зборот вакум доаѓа од Vacuus што значи празно. Во еден простор во кој нема воздух не мора да значи дека нема ништо. Воздухот е мешавина од гасови (во атомарна и молекуларна форма). Околу 78% е Азот кој не е во елементарна форма туку како молекул од два азотни атоми. Кислородот кој го дишиме (21%) исто не е во елементарна форма туку во молекуларна како О2.
Други гасови во ниски концентрации се Аргонот, Јаглеродендиоксид, Водород, Неон, Хелиум, Метан, Криптон, Јагленороденмоноксид, Ксенон...и уште еден куп други.
Ако ги извадиме овие гасови од еден изолиран систем ќе направиме само технички вакум кој има и своја дефиниција. Изолиран систем е затворен систем кој нема размена ниту на материја ниту на топлина со околината. Се вели дека универзумот како целина е изолиран систем. Значи од него не излегува ништо и во него не влегува ништо. Дефиницијата на универзумот како изолиран систем го прави конечен а со тоа позади таа конечност доаѓаме до вакумот во правата смисла на зборот. Дали е така тоа е друго прашање пошто ние не можеме да го разбереме 100% универзумот и сите објаснувања се само теории. За да го разбереме би требале да ги имаме и димензиите кои ги има универзумот а ние ги немаме...освен визуелните 3 димензии го разбираме и времето како (линеарна) димензија ама не го осеќаме. Времето не мора да е линеарно...што значи дава можности за скокови од едно место до друго место (патување низ времето).
„Вакум е состојбата на еден гас кога во еден сад притисокот на гасот и со тоа густината на честиците е пониска од притисокот на гасот надвор од тој сад и е исто пониско од 300мбар. Со други зборови, понизок притисок од најнискиот атмосферски притисок кој може да се сретне на земјата„
Оваа е дефиниција според ДИН стандардот и не е апликабилна кога се зема квантната теорија бидејќи според неа не можеме да направиме изулиран систем.
Како и да е, да замислие дека квантниот свет не е тема и се бавиме само со гасови да креираме апсолутен гас во тој гасен изулиран систем. Досега се дефинирани неколу категории на ваквиот технички вакум.
Груб вакум со околу 300 мили бари...може да се направи и со една правосмукалка. Атмосферскиот притисок е од прилика 1000мили бари. После грубиот вакум доаѓа финиот вакум кој слегува до 10 на минус трета милибари..со малку подобра вакум пумпа. После финиот следува високиот вакум кој оди до десет на минус седма милибари, после воај висок вакум е ултра вакумот до 10 на минус 12 милибари и екстремно високиот вакум кој е помал од 10 на минус 12. Екстремен висок вакум има во универзумот... со најнизок притисок во интерелементарниот простор од 10 на минус 18 милибари.
Како што се гледа во универзумот сепак нема идеален вакум и според дефиницијата на гасови има и притисок...
Ајде да замислиме дека имаме една супер вакум пумпа и супер затворен цилиндар кој може да издрши секој подпритисок без да му се соберат внатрешните sидови. Кога ќе дојдеме при крајот со вадење на гасовите од цилиндарот ќе се почне со корнење на атоми од внатрешните sидови на цилиндарот пошто тој притиск ќе е поголем од енергијата која ги држи атомите еден до друг...ако одиме до бесконечност со „смукањето„ што ќе се деси...ќе ни го снема цилиндарот....значи идеален вакум или креирање на ништо не е реално остварливо.
Ако сега ги земее и другите честици што ги спомнав во постот од вчера (атомарни делчиња, електромагнетни честици..фотони, прашина итн.) тогаш замислата позади зборот вакум е само теорија.