За промовирањето на македонските народни песни во светот...

goodman_91

Бубалица
Член од
2 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
29
Денес случајно свртев на Планета ТВ и забележав дека го пренесуваат бугарскиот фестивал за македонски песни Пирин-Фолк Сандански. Ми текна на тоа дека стално на бугарските сателитски ТВ прават спотови на кои се пеат македонски песни, а некои пак стари македонски песни се препејуваат на бугарски.
Што мислите, дали е тоа бугарска пропаганда со цел да се присвојат македонските песни, или пак би требало да се превземат мерки со цел да се промовираат што е можно повеќе старите македонски народни песни, кои се и исто така многу слушани на балканов?

Јас мислам дека е во ред тоа што бугарите си прават фестивали за македонска музика, а дека ние сме самите криви за тоа што дозволуваме некој друг да ја промовира нашата музика, самите сме криви што повеќе ги промовираме српските и други екс-ју песни и пеачи, него сопствените. Ако гледавте Охрид-Фест(сега, лани, преклани) , сигурно забележавте дека повеќе награди им се дадоа на странски (српски) пејачи, него на наши. Кога имаше пауза за гласање, пееја српски пејачи, ЗОШТО НЕ СЕ ПЕЕЈА МАКЕДОНСКИ ПЕСНИ??? Така ќе се видеше (претставеше) македонската музика низ целиот свет. Ама, такво е македончето , плука по своето, ама го величи туѓото.
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.342
Поени од реакции
2.235
Да, многу НАРОДНИ македонски песна ги пејат на бугарски јазик, тоа најмногу се нервирам ни грубат песната, зошто е дозволено вака ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom