Здраво.
Имам мало зајаче, не постаро од месец. Изникнати му се секачите, а другите запчиња сеуште му се премали. Го хранам со шприц, со млеко разредено со вода. Млекото секогаш го загревам на собна температура. Тоа го пие навечер, околу 7 часот и пие околу 30мл. Преку ден го хранам со врвови од: луцерка, детелина, лозница, листовод глуварче, стеблото и листовите од морков. Сето ова е од градината на пријатели, притоа не се прскани со песцитиди и местото не е загадено. Зајчето го спасив од сигурна смрт, за да не заврши во нечија чинија, како мајка му. Е сега, рашањето ми е, дкои витамини и минерали да му ги купам за да има правилен раст и развој? Имам претходно чувано зајаче како домашно милениче, но него почнав да го чувам од една година и зато не знам многу за чувањето на мали зајачиња. Инаку, го чувам во кафез во соба, и секојдневно му чистам. Има најнормален измет и урина, што за мене е добар показател, за тоа дека успевам во неговото одгледување.