Закон и ред без држава преку пазарна економија

B

Black Guard

Гостин
А што со сајд ефектите на пазарната економија како хазардните навики,па олигополите и договаеањата на цените односно фактот дека нема совршена конкуренција и дека Смитовата невидлива рака не е баш најрационална?
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Ова ми личи на некој нов начин на анархија.
Во основа е Анархија ама има ред. Некоја форма на анархо-капитализам. Интересна е како идеја.
--- надополнето: 21 март 2012 во 14:45 ---
А што со сајд ефектите на пазарната економија како хазардните навики,па олигополите и договаеањата на цените односно фактот дека нема совршена конкуренција и дека Смитовата невидлива рака не е баш најрационална?
Најголем дел од „нуспојавите“ на Капитализмот се резултат на државна интервенција. На пример Монополи и пазарни дисторзии. Не гледам како може државата со своја интервенција да ги подобри работите само може да ги влоши.
 
I

Iblis

Провери го анти-труст и анти-монополскиот правилник на Германија.
Државата БАШ овде треба да интервенира(зборуваме за време на мир), и не само таму, туку и во другите домени на пазарен неуспех.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Провери го анти-труст и анти-монополскиот правилник на Германија.
Државата БАШ овде треба да интервенира(зборуваме за време на мир), и не само таму, туку и во другите домени на пазарен неуспех.
Јас само ќе ти ги спомна ОКТА, ЕВН, Топлификација, Телеком (до пред 5 години). Толку.
 
Ок тоа е кај нас, ама и е одраз на неспособноста на државата(Владата) да го разреши овој проблем. Кај "нормални" држави ваквите монополистички структури присилно се делат. За тоа се потребни солидни, цврсти институции и недвосмислен закон.
Видовме што се случи со монополот на Мобимак и Телеком со влезот на други компании. Во овие случаи беше негиран монополот и активно државата бараше "партнер" за влез во тој сектор. ЕВН е само дел од она што предходно беше електро дистрибуција, потоа беше поделено на МЕПСО, ЕЛЕМ и ЕВН влезе како увозник на струја, нема да коментирам дали е донесена правилна одлука. ОКТА и Топлификација се незгодни теми бидејќи позициите и на двете се создадени од дневно-политички игри.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Ок тоа е кај нас, ама и е одраз на неспособноста на државата(Владата) да го разреши овој проблем. Кај "нормални" држави ваквите монополистички структури присилно се делат. За тоа се потребни солидни, цврсти институции и недвосмислен закон.
Видовме што се случи со монополот на Мобимак и Телеком со влезот на други компании. Во овие случаи беше негиран монополот и активно државата бараше "партнер" за влез во тој сектор. ЕВН е само дел од она што предходно беше електро дистрибуција, потоа беше поделено на МЕПСО, ЕЛЕМ и ЕВН влезе како увозник на струја, нема да коментирам дали е донесена правилна одлука. ОКТА и Топлификација се незгодни теми бидејќи позициите и на двете се создадени од дневно-политички игри.
99% од монополите се поради државни интервенции, царини, регулативи, лиценци. Затоа речи си и да нема глобални монополи секогаш се локални т.е. благодарени на државата и законите. Државата сами ги создава после мора да измислува анти-труст и анти-монопол мерки (регулаторни комисии и чуда). Дури и Микрософт во пракса не е монопол бидејќи најголем дел од Виндоус во светот се илегални копии.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Провери го анти-труст и анти-монополскиот правилник на Германија.
Државата БАШ овде треба да интервенира(зборуваме за време на мир), и не само таму, туку и во другите домени на пазарен неуспех.

Прво Здраво

Се регистрирав само за да одговорам на ова :D

Монополите се создаваат само преку државна интервенција впрочем скоро сите регулации на бизнисот и економијата се наменети за да се одржи некој монопол затоа што тие што го имаат монополот секогаш ја држат и власта во џеп.

Погоре имаше некој напишано и за Германија која е чист пример за монопол подржан од владата.Германија ги има истите најголеми фирми веќе повеќе од 100 години и нив им се помага директно за да го одржат тој монопол.

Во економија која не е регулирана единствениот начин да се направи монопол е ако го даваш најдобриот производ по најдобра цена а ако тоа и се случува не гледам зошто некој би имал проблем со тоа кога така сите страни се во добивка.

Пазарна економија не е Анархија туку се заборавило која улога владата треба да ја врши во општеството а тоа не е да си игра кој е победник а кој губитник преку субвенции и регулации туку да држи војска за одбрана и полиција и судство за извршување на законите.

Кој има време би му препорачал да ја прочита Liberty Defined од Ron Paul за да ви станат некој работи околу власта појасни.Иако таму е земено за предмет американското општество сите тие работи важат и кај нас само поинаку се викаат или се малку поинаку поставени.
 
I

Iblis

Гостин
99% од монополите се поради државни интервенции, царини, регулативи, лиценци. Затоа речи си и да нема глобални монополи секогаш се локални т.е. благодарени на државата и законите. Државата сами ги создава после мора да измислува анти-труст и анти-монопол мерки (регулаторни комисии и чуда). Дури и Микрософт во пракса не е монопол бидејќи најголем дел од Виндоус во светот се илегални копии.
А сепак самите држави се борат против монполите, малку контрадикторно. Да одредени монополи СЕ создадени и одржувани од државата како такви(ако не државата тогаш регионално извршно тело). Сепак за да "потера" некоја работа неопходен е тој монопол, пред се за проекти од јавен интерес, железницата е еден пример, водоснабдувањето е друг.
Примерот за Микрософт ти е лош, 1. Компанијата се создаде и порасна сама, без директни интервенции од страна на државата(пазарен принцип?), 2. својата големина и моќ ја користеше за да ја уништи конкуренцијата,со цел да си ја задржи монополистичката позиција на пазарот за оперативни системи(кај Intel-based машини) и интернет пребарувачи.
Доколку не реагираа соодветните институции, IE 4 (претпоставувам), би ни бил default пребарувач(веројатно ќе немаше други), Win 98 стандарден оперативен систем(евентуално нешто од Епл), а можно сиов овој простор да требаше да се вика The MS-Yahoo-AOL pay-to-use network.
 
Всушност регулациите во интернет и којутерски повразните технологии од секогаш биле најмали.Микрософт стана монопол затоа што го даваше најдобриот производ кога се појавија компании кога даваат подобари варјатни на неговите продукти он почна да губи во некои полиња.

Државата во никој случај не го исконтролирала микрософт.

Регулациите за интернетот и компјутерите дури сега во моментов се носат па со нив и ќе дојдат монополите со лош производ за разлика од микрософт
 
Не ми ја разбра поентата. Сакав да кажам дека нема глобални монополи. Дури и Микрософт иако навидум личи на монопол не е монопол. Причина е дека најголем дел од верзитте на Виндоус не се всушност на Микрософт туку се пиратски. Да се применува сега анти-пиратскиот закон „монополот“ на Микрософт веднаш ќе падне. Никој не би дал 300 долари за Оперативен систем кога го има Линукс за безпари. Кој со плата од 300 долари може да си дозволи толку скап ОС? А има бесплатна варијатна. Најверојатно пазарот на Микрософт ќе падне под 30-40%. Така да Микрософт е далеку од монопол. Всушност најголем профитер од Пиратеријата е Микрософт.
 
I

Iblis

Гостин
Прво Здраво

Се регистрирав само за да одговорам на ова :D
Мислам дека одговорив на прашањево, благодарение на Стефан. Конкретно примерот за МС.
--- надополнето: 21 март 2012 во 16:39 ---
Всушност регулациите во интернет и којутерски повразните технологии од секогаш биле најмали.Микрософт стана монопол затоа што го даваше најдобриот производ кога се појавија компании кога даваат подобари варјатни на неговите продукти он почна да губи во некои полиња.

Државата во никој случај не го исконтролирала микрософт.

Регулациите за интернетот и компјутерите дури сега во моментов се носат па со нив и ќе дојдат монополите со лош производ за разлика од микрософт
Провери го случајот United States vs. Microsoft од 98. Ќе ти биде појасно дека не почна да губи се додека не "го удрија по рачињата"
--- надополнето: 21 март 2012 во 16:42 ---
Не ми ја разбра поентата. Сакав да кажам дека нема глобални монополи. Дури и Микрософт иако навидум личи на монопол не е монопол. Причина е дека најголем дел од верзитте на Виндоус не се всушност на Микрософт туку се пиратски. Да се применува сега анти-пиратскиот закон „монополот“ на Микрософт веднаш ќе падне. Никој не би дал 300 долари за Оперативен систем кога го има Линукс за безпари. Кој со плата од 300 долари може да си дозволи толку скап ОС? А има бесплатна варијатна. Најверојатно пазарот на Микрософт ќе падне под 30-40%. Така да Микрософт е далеку од монопол. Всушност најголем профитер од Пиратеријата е Микрософт.
Да за глобално монополи не познавам такви. За ова нема што да се расправа.
За МС, им отиде монополот нив пред 15-тина години. Netscape Navigator исчезна баш поради агресивните(монополски чекори ) на МС.
Долго време НЕМАШЕ друг оперативен систем за машините на Интел бидејќи имаа договор исклучиво на МС оперативните системи да ги нудат. Денес е малку поинаква работат, ама баш за тоа што беше интервенирано, повторувам од соодветниоте државни институции.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
А сепак самите држави се борат против монполите, малку контрадикторно. Да одредени монополи СЕ создадени и одржувани од државата како такви(ако не државата тогаш регионално извршно тело).
Јас би додал дека секоја држава настојува да обезбеди монопол за своето стопанство во глобални рамки. Еве примери: Намерно ја депресираат сопствената валута, за да нивното стопанство биде без конкуренција. Или ако некоја земја се одлучи да развива нуклеарна енергетика, спремни се и воено да интервенираат за да го сочуваат монополот. Еве трет пример, многубојните еколошки стандарди на ЕУ, ( за храна, дури и за возила ) се со цел да се елиминира конкуренцијата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom