Заедничко родителство по развод....

Член од
11 јануари 2024
Мислења
4
Поени од реакции
15
Концептот #ЗаедничкоРодителство - #ОдговорноРодителство или попознат како 50-50 родителство и по развод - често е погрешно толкуван во јавноста.
Најчесто заблудите се дека ова 50-50 се однесува на времето поминато со детето по развод на едниот или другиот родител - но не е така. Децата не се предмети кои 5 дена ќе стојат на полицата на #Мама а 5 дена на полицата на #Тато....
#Децата се личности со емоции, потреби, стремежи, и разводот за децата е настан кој има ефект на целиот нивни понатамошен живот....
Концептот 50-50 родителство т.е. #ЗаедничкоРодителство значи дека и двајцата родители ќе имаат еднаков пристап кон детето без разлика што се раведуваат.
Старателството НЕМА да се доверува ниту на еден од нив, и тоа ќе биде стартна позиција. Ни еден од родителите нема да загуби право на пристап и одлуки за своето дете.

Нема да постои „старател" и „отсутен родител" како сега ....

Не постои родител кој сака да биде отсутен од животот на сопственото дете - во спротивно, не му припаѓа титулата родител.

Во 11 земји на западна Европа, концептот на 50-50 родителство веќе со успех е имплементиран. Тоа значи дека децата и по развод остануваат со два родители и старателството и обврските кон детето и понатаму се заеднички.

Со тоа, ниту еден од родителите не се отстранува од животот на детето и не се заменува со месечна парична надокнада...

50-50 родителство како стартна позиција при развод - е она за што #ЗдружениеНАШИ се залага и веќе контактира со експертите кој го подготвуваат новиот закон...

Помогнете ни да овој проблем стане по видлив за јавноста за да го решиме. Детето заслужува и татко и мајка, и за да едниот од нив се одстрани од животот на детето треба гооооолема причина.
А тоа не е гневот и суетата на едниот од партнерите при разводот.
Помогнете.
Споделете.
Благодариме ❤ IMG-63fd121b0641cf56c9eb718f7bb27559-V.png
 
Член од
16 април 2024
Мислења
2
Поени од реакции
0
Zdravo
Vidov deka imalo protest pred nekoe vreme za ovaa rabota i sakam da prasam do kade e celata rabota, skoro ima izbori taka da ne veruvam nisto da se smeni pred izbori, i dali ima nekoja pokrenata peticija koja treba da ja potpiseme site sto sme zasegnati za sto poskoro da se usvoi ovoj zakon ili e samo ostaveno da dojde koga togas do odgovornite lice odnosno parlamentot.
Blagodaram odnapred i pozdrav.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom