Заговор на екстремистите против Србија и Хрватска

Член од
16 април 2010
Мислења
2.558
Поени од реакции
1.503
Заговор на екстремистите против Србија и Хрватска


Најновата закана на екстремистите е смртоносна пратка, со рачна бомба "М75", упатена до амбасадата на Хрватска во Берлин, со која го предупредуваат Иво Јосиповиќ за неговите добри односи со Борис Тадиќ. Бомбата е испратена од адресата "Вилхемштрасе" број 70 во Берлин, каде за време на Втората светска војна се наоѓаше седиштето на Гестапо, што јасно упатува дека зад неа стојат усташките екстремисти, пишува "Блиц"


Стравот на усташките и четничките екстремисти од создавање некаква "ју-сфера" повеќе не е само некаква латентна закана, туку тие гласно истакнуваат дека повеќе не сакаат мирно да го набљудуваат продлабочувањето на добрососедските односи меѓу Србија и Хрватска. Дека е тоа така, најдобро потврдува најновата закана на екстремистите кои упатија смртоносна пратка, со рачна бомба "М75", до амбасадата на Хрватска во Берлин, со која го предупредуваат Иво Јосиповиќ за неговите добри односи со Борис Тадиќ. Пратката има и свој потпис: упатена од адресата "Вилхемштрасе" број 70 во Берлин, каде за време на Втората светска војна се наоѓаше седиштето на Гестапо, што јасно упатува дека зад неа стојат усташките екстремисти, пишува "Блиц".

Според весникот сигурно е дека зад овој безумен акт не стојат ниту САД или Русија, ниту пак Германија и било која друга членка на Унијата. Тие не сакаат повеќе конфликти на Балканот, туку токму такви средби и односи.
Одговори и хрватскиот престседател Јосиповиќ кој рече дека вакви закани нема да го спорат да ја посети Герминаија и да ги подобрува односите со Србија кои за него мораат да продолжат со зацртаниот континуитет.

http://vecer.com.mk/?ItemID=2F93C5C79D41C44C8BF03F01C1899BA3
 

Kajgana Shop

На врв Bottom