GUSAR-VMRO
МАКЕДОНИЈА ЗАСЕКОГАШ!
- Член од
- 27 јануари 2005
- Мислења
- 635
- Поени од реакции
- 7
АЛЕКСАНДАР НИКОЛОВСКИ
Кошот на Ванчо
На Ванчо Јосифовски од Тетово, матурант, убиен на 19.10.2002
Кошот на Ванчо
Младите често живеат во свет на идеали, во свет на недостижни височини, на граници што само за нив во нивните најсмели идеи се остварливи. Знаат да го кренат гласот и со својот крик да направат пробив што руши системи, што носи нови вредности или ги надоградува постојните. Во оваа битка често знаат резултатот да го платат и со својот живот, се во името на подоброто утре. Тоа неретко им успева. Ќе ви споменам неколку примери од последниов четврт век. Ќе почнам од револуцијата во Кина на плоштадот Тиенамен, улогата на младите во рушењето на комунизмот во Европа, преку Отпор во Србија и падот на Милошевиќ, до последните - Кадифената револуција во Грузија и Портокаловата во Украина. Сето тоа беа млади луѓе со јасна визија и идеал. И знаете, тоа го прават млади и само млади, зашто како што човек старее, особено во политиката, идеалот го заменува со прагма.
На три години од убиството на Ванчо Јосифовски се прашувам за што беше убиен? За кој повисок идеал на осумнаесет години се пресели во другиот свет? Што во Македонија е променето по неговата жртва? Дали ние, неговите врсници, кои денес сме три години постари, живееме подобро, посигурно?
Би сакал повторно да прашам како и минатата година, кој го уби Ванчо Јосифовски, за што го уби и кога конечно ќе биде изведен пред лицето на правдата за да одговара за она што го сторил? Уште прашувам кој го штити убиецот, со кој мотив и зошто? Одговорот на овие прашања се наоѓаат на едно место, на една адреса: Влада на Република Македонија! Истата влада владееше и кога го убија, владее и сега, истата влада од само за неа познати причини го штити убиецот кого цело Тетово го знае.
Од убиството на Ванчо сменивме тројца премиери од иста партија. Тројцата молчат, иако убиецот шета низ Тетово и зборува за Ванчо како за свој трофеј. Велат, имало повисок интерес за негонењето на убиецот - коалицијата на власт. Ете, коалицискиот партнер ДУИ во Владата го штити и ја уценува Владата.
Ако за г. Црвенковски мислам дека младоста ја прескокнал, ако за г. Костов знам дека и никогаш не се чувствувал така, се прашувам каде е во приказната г. Бучковски? Каде е неговиот идеал, бил ли тој млад и бунтовен, имал ли идеали или секогаш го наведнувал грбот и одговарал потврдно? Се спротивставил ли човекот на нешто, имал ли некогаш свој автохтон став? Освен премиер, г. Бучковски е и професор на Правниот факултет. Би сакал професорот Бучковски да го предупредам дека неапсењето на убиецот, може да значи поттик за други да сторат уште пострашни дела, за кои не ни сакам да помислам.
Сликата кај семејството Јосифовски - иста, мачна, тажна. Ништо не се сменило од лани, кога напишав дека очите на мајката на Ванчо пресушиле од плачење, дека загубиле верба и надеж во се. Кошаркарското игралиште на кое често играше со другарите е тука да потсетува дека меѓу нас го нема човекот што никому ништо не згрешил, што никому лош збор не кажал. За него неколку дена по неговото убиство на 23 октомври излеговме преку триесет илјади млади, негови врсници, да плачеме над неговата несреќа, но и да порачаме да не се повтори. Идеалите за кои излеговме пред три години се уште не се остварени. Македонија е таму каде што беше и пред три години, ние сме само три години постари и толку. Ниту тогаш ниту сега не сме сигурни дека „нема да се повтори“, ни денес како ни во 2002 не можеме да се чувствуваме безбедни во нашата држава, а реалноста на младите во Европа за нас е само сон.
Она што најмногу загрижува последнава година е апатијата кај младите. Загубена верба во се и во секого. Напуштени идеали, погледи загубени без визија. Истите оние што излегоа на 23 октомври 2002 денес го немаат жарот, духот, желбата да променат нешто. Гледаат како да ја напуштат државата и никогаш да не се вратат. Тоа води кон пропаст на нашата Македонија, во која треба ние да живееме.
Би сакал да ги повикам сите оние со кои пред три години застанав рамо до рамо да барам реализација на нашите идеали и да плачам за Ванчо, да го кренат гласот, да бидат гласни и да бараат подобро утре за себе и за идните генерации. Само ако сме силни, ако сме многу и ако сме со јасна цел, промените ќе дојдат. За да ја дочекаме четиригодишнината од убиството на Ванчо со убиец изведен пред лицето на правдата, во наредната година треба ние да си ја поправиме државата. Да реагираме на секој лош потег, да стоиме зад нашите вредности и идеали.
Ова не е загубена генерација, ова не се млади без став. Ова е новата генерација, генерацијата на напредок и идеали во Македонија. Ова е генерацијата на Ванчо Јосифовски! Ние повторно ќе играме баскет на кошот на кој играше Ванчо, зашто сме и горди и силни и моќни да го сториме тоа. Ванчо го очекува тоа од нас.
Спиј мирно, пријателе...
Авторот е претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ (водач на средношколските протести во 2002 по повод убиството на Ванчо Јосифовски)