Живот во родна земја или странство?

Дали повеќе би избрале:

  • Живеење во Македонија со сигурна плата (државна или приватна сеедно) од 35.000 ден.

    Гласови: 49 41,5%
  • Живеење во странство (Германија, УСА, Шведска...) со плата од 3-4К евра

    Гласови: 74 62,7%

  • Вкупно гласачи
    118

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.044
Поени од реакции
19.641
Зет ми е програмер во Германија, Јава програмер, има 4500Е плата.
Ова 900Е ми е некако премалце. Наредното унапредување му иде на 7200Е, со 3-ца или 5-мина под него.
Да, да, ми немаше и мене логика, 900 евра е премалце. Овој изгледа работи скратено работно време, или како практикант е влезен, како за почеток. Ова за тогаш правиме муабет, на почеток ко пошол Германија. Сега веројатно ги дипли околу 2-3000 евра минимум.
 
Член од
27 август 2015
Мислења
73
Поени од реакции
22
И јас гласав за Македонија/35к
Пред некое време се иселив да работам во Шведска за супер плата, али после некое време ме фати депресија, сам без никого, без другари итн...
Па успеав да се договрам со работодавачот да работам од МК (бидејќи работата ми е цела преку интернет и така) за малце пониска плата, што е пак премногу висока за Македонија. И сега си седам во Македонија :)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Работава е Ѕ.О.Ѕ ( ... --- ... )
Спасувај те се кој можете
Кој може нека бега било каде, само нека бега
И јас би бегал но сум престар
Ќе се спасите од „ политичките опции “, зонско , топлификација и од сите други глупости кои ги прават властодршците велејќи дека многу ја сакале Македонија
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Работава е Ѕ.О.Ѕ ( ... --- ... )
Спасувај те се кој можете
Кој може нека бега било каде, само нека бега
И јас би бегал но сум престар
Ќе се спасите од „ политичките опции “, зонско , топлификација и од сите други глупости кои ги прават властодршците велејќи дека многу ја сакале Македонија
..каков сос, каков домаатен......седи мирен кај што си, диши додека можеш да дишеш и не фантазирај ... и таму каде бегаат..., октоподот иде по своето. Овде барем знаеш каде ти е скривницата , таму нема да те пуштат унутра ко аусландер, да им зафаќаш место и им го дишеш скапиот воздух...:sneaky:
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.288
Поени од реакции
22.530
Пријателе барем од тебе не очекував да коментираш за носталгија. Живееш во Австралија а пишуваш реферати за Вардар, следиш вести од час во час. Па зошто не го заборавиш вардар и гледај го Стенли Јанкуловски во Rockdale Ilinden Soccer Club? Дај за друго збори за квалитет на живот ова она ама за носталгија...
Рокедејл Илинден се во Сиднеј, кога сум во Мелбурн редовно ги гледам Престон Македонија и Алтона Гејт Вардар од македонските а кога имам време и Мелбурн Виктори од прволигашите во националанта лига. Вардар ми е единствено нешто што ми фали ама и тоа не е бог знае каков проблем денес, еве сега гледам стрим против силекс така да ОК е... Не е исто ама задоволително, пред 15тина години преку МИРЦ ми вршеа пренос или сјап микрофон до радиото и слушај, денес светот е мал и се помалку е проблем комуникација и патувања. Ако порано беше мисија да се стигне до МКД, се патуваше и по 40 саати во еден правец денес од АУС се стига за 24 часа (од октомври ако се оствари најавата за линија преку Катар ќе се намали на 20тина саати) што е уште подобро. Дека секогаш нешто ќе фали да, ама па од друга страна види што се можеш да добиеш. Јас поживеав во МКД пред 6-7 години и можам да ти кажам дека сега за сега нема шанса да се вратам. Животот што го имам ваму едноставно од секој аспект е многу подобар него тоа што мкд може да понуди.
 
Член од
2 октомври 2015
Мислења
109
Поени од реакции
50
Имаш куќа во Делчево и работиш во Скопје. Ќе патуваш секој ден во двете насоки?
Е тоа е веќе друга работа, ја кажувам како голема предост да останеш во Македонија е тоа што имаш престој.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
На 20 години е убаво да си правиш филмови. Ќе те прашам кога ќе дојдат трошковите на твој грб, тогаш што ќе направиш со тие 35К :icon_lol:

Мислам убаво ти звучи престој и надпросечна плата од 35К, ама парите да ги трошиш само за твои лични потреби како кафани, облека, одмори, екскурзии. Живеење месец за месец и непланирање за иднината.
Овие услови, сопствен стан каде се е средено и плата од 35К ги имаат само 20% од населението во МКД. А уште помал е процентот каде партнерите земаат по толкава плата.

Дали мислиш дека ако веќе имаш престој и со тие 35К ќе може да ги платиш сите сметки, а тоа би биле приватна градинка за децата, рата од кредитот за новата кола, да тргнеш некоја пара за убав одмор од 10 дена (не во Паралија и Неи Пори, туку пример Хвар, Амалфи, Капри, Алгарве или Сардинија), да заштедиш нешто за децата, да купиш храна и облека за цела фамилија (не од Шутка) :LOL:, три пати неделно да одиш на ручек во кафана ко човек, а не една пица да ја јадете цела фамилија. :icon_mrgr:
 
Член од
13 февруари 2014
Мислења
233
Поени од реакции
110
Во странство сите се утепаа од јадење по ресторанти плус и сите изнакупија недвижности и стварно живеат како цареви.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.296
Поени од реакции
7.248
Во странство сите се утепаа од јадење по ресторанти плус и сите изнакупија недвижности и стварно живеат како цареви.
Тоа ради големината на порцијата која корелира со порциите кои се даваат по македонските ресторани :pos:
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Во странство сите се утепаа од јадење по ресторанти плус и сите изнакупија недвижности и стварно живеат како цареви.
Јас за други не можам да кажам , јас имам 7 фамилии роднини во Австралија , две во Геманија и САД и комшии кои се во Италија ! За твоја информација СИТЕ имаат своја недвижност а некои и по неколку .
Како живеат не сум јас тој што треба да им мери ама сигурно подобро од овде . Ова од таму што сите округли во фаците ги пулам по интернетов , може камерите им се такви :) !
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
..каков сос, каков домаатен......седи мирен кај што си, диши додека можеш да дишеш и не фантазирај ... и таму каде бегаат..., октоподот иде по своето. Овде барем знаеш каде ти е скривницата , таму нема да те пуштат унутра ко аусландер, да им зафаќаш место и им го дишеш скапиот воздух...:sneaky:
Никогаш немало такви грозоти како денес во Македонија
Дојди на едно судење на исклучените од Топлификација и ќе видиш за какви грозоти се работи
Исклучените се сиромашни, стари, болни, слаби, а судот безмилосно ги суди за да се наполнат џеповите на организираните криминалци. Судот вели, во Мариово се топлеле од огнот Крушево. А тие се исклучиле за да се спасат од криминалот со парното
Никогаш низ историјата не е забележан режим кој прогонувал чесни и сиромашни во интерес на криминалци.
Хитлер убивал Евреи за да помогне на Германци
Катерина Медичи убивала протестанти за да помогне на католици
Фернандо Аргонски протерувал Муслимани и Евреи за да помогне на католици
Но никогаш, не постоел режим кој прогонувал чесни за да помогне на криминалци
По ова оваа власт ќе биде запомнета во историјата
Затоа сите кои можат нека бегаат за да се спасат!
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.593
Поени од реакции
38.741
35k се повеќе од доволни за живот тука, така да би го одбрал тоа. Не исто да живееш у средина кај што немаш никого и тука, ја не би издржал па колку сака нека е убаво.
 
Член од
23 октомври 2015
Мислења
128
Поени од реакции
72
35000 se edvaj 550 evra, dodeka trepnes se topat.

Nitu eden solidno obrazovan profesionalec ne prifakja 550evra, ili 3 do 8 pati pomalku od platata na cistacka na zapad. Cel mesec da rabotis za pet rala zapadni patiki.
E sega ako zboruvame za partiski ili drugi vidovi na potrckovci i mnogu im se.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom