Живот во родна земја или странство?

Дали повеќе би избрале:

  • Живеење во Македонија со сигурна плата (државна или приватна сеедно) од 35.000 ден.

    Гласови: 49 41,5%
  • Живеење во странство (Германија, УСА, Шведска...) со плата од 3-4К евра

    Гласови: 74 62,7%

  • Вкупно гласачи
    118

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Јас барем досега немам видено оглас за стан со платен Интернет, телефон и струја. Во киријата спаѓа станот, комуналии, вода и греење. Трошиш колку сакаш цела година, на крај читаат и ако имаш помалку потрошено од просекот ти даваат пари, ако не ти им даваш. Струја, телефон и Интернет си плаќаш сам кај кој и да е провајдер. Јас лично во просек плаќам околу 110 евра за овие месечно, зависи нели каков договор сакаш, брзина итн. Радиодифузна му иде нешто над 200 евра годишно, гледал или не, со или без ТВ дома - мора да се плати. Јас плаќам околку 50 евра секои 3 месеци. Договорите за мобилен телефон се движат од 15 до 50 евра месечно. Карта за јавен превоз над 60 евра месечна.

Плата од 900 евра е итекако можна. Од бруто до нето плата има овде голема разлика и зависи од повеќе фактори. Ако си сам, неоженет без деца ќе земаш бајаги помалку отколку ако си женет со деца. Една четвртина од платата оди на социјални давачки и осигурување, даноци. Така да другарот на членот погоре можеби има плата од 1400 евра ама на крај после сите даноци и здравствени осигурувања му остануваат 900 евра чисти. Што за самец не е лошо и може човек да преживее без да му ја мисли за храна. Сепак се надевам со тек на времето ќе му ја покачат, ако не да си бара нова фирма. Платите од регион до регион се доста различни. Исто така, кога споредувате плати на автоперална и останати правете разлика помеѓу работа на црно итн...ние сме малку по далавери правење како народ. Некој со работа надвор од канцеларија да зема 3000 евра и да купи БМВ за една година мало морген.

Да се навратам на прашањето на темава - јас веќе одлучив и сеуште нема каење. Не сум сентиментален - роднините и пријателите не ти ставаат пари в џеб секој месец. Вака можам повеќе да им помогнам, макар и од далеку. Секако дека има многу компромиси што човек мора да ги направи и да живее со нив, но придобивките се далеку побројни. Не е се до парите, здравствениот систем овде спореден со оној во Македонија е доволна причина да се иселиш. Квалитет на живот не се мери само во пари.
..браво Спојлер , после толку муабети овде ги слушам правите зборови : КВАЛИТЕТ ЖИВОТА.. се друго е ветер и магла и празни муабети.. Е сеа , доаѓаме на главното: за вкусовите не се дискутира....:):):)
Она што за некого е убаво за друг е срање и што сеа?? Ќе се расправаме ко сликари у париска биртија???
 

LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.337
Поени од реакции
3.306
..браво Спојлер , после толку муабети овде ги слушам правите зборови : КВАЛИТЕТ ЖИВОТА.. се друго е ветер и магла и празни муабети.. Е сеа , доаѓаме на главното: за вкусовите не се дискутира....:):):)
Она што за некого е убаво за друг е срање и што сеа?? Ќе се расправаме ко сликари у париска биртија???
Bravo be majstore, se napinjaat lugjevo tuka dva dena zapek dilema, ti cel muabet go resi vo dva cekora.
Na kameno kamen, za vkusovi ne se diskutiralo.

DAJ NEKA GO PRATI NEKOJ COVEKOV VO OON DA GO RESI I SPOROT SO IMETO MOLIM VAS
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Bravo be majstore, se napinjaat lugjevo tuka dva dena zapek dilema, ti cel muabet go resi vo dva cekora.
Na kameno kamen, za vkusovi ne se diskutiralo.

DAJ NEKA GO PRATI NEKOJ COVEKOV VO OON DA GO RESI I SPOROT SO IMETO MOLIM VAS
..може бе..и тоа гратис ќе го направам, да може да бидеш раат...и со име:):):)
..за стан и храна нема да биде проблем у њујорк............ иам каде...одма каршија у 39-та....:tapp:
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Повторно партиски препукувања. Еве да бидеме на чисто и Заев да дојде на власт јас останувам тука. Политиката воопшто не ми игра улога за моето останување-неостанување тука. И не е во ред што секоја ваква тема се претвара во препукувања меѓу тие што отишле и тие што останале. Јас за разлика од некои не ги сметам будали ни едните ни другите. Секој си знае за себе и секоја опција има предности и маани. Сум кажал и друг пат познавам луѓе во англија и германија кои оправдано се иселени (едниот е ИТ експерт и асистент на факултет во Англија, сигурно тука не можел толку да напредува а и затоа на тој факс во Англија има луѓе и од Шпанија, Кина и тн.), а има и луѓе кои ги нзма кои живеат подпросечен живот во Австралија а ќе го имаа и истиот тука дури мислам и дека ќе беа побитни фаци тука. Ама како што кажав секој си знае. Никој нема да рече се заебав што отидов/останав (ова особено важи за тие што си отишле, мислам малку е глупо да се иселиш да живееш 10 години таму и да речеш се заебав), сите ќе си стојат на истото.
Сепак најинтересни ми се оние кои со полна уста тераат други да си одат од тука а немале муда они да се иселат. Да бидеме на чисто кој сакал да се исели можел и 1990 и 2000 и 2016. Така да ако имаат некои финансиски пречки овие форумски мозоци што плукаат по Македонија а сеуште живеат тука дај да се организираме да ги помогнеме финансиски или било како и да ја напуштат земјава засекогаш. Не сакам на улица да среќавам вакви напатени и несреќни ликови.[DOUBLEPOST=1460281558][/DOUBLEPOST]
Дружба има секаде, тоа си е индивидуално. Во речиси секој поголем град веќе има значително големи мак заедници така да ако сакаш можеш дури и само со македонци да се дружиш, не дека е тешко или другите ќе те одбегнуваат. Роднини како тргнало едвај чекаат некој да тргне па да ги повлече и нив. Јазик ко што си научил ти други јазици така и децата ќе научат, на крај крајева ќе идат често на одмор во македонија... Реално фалат некој ситници ама тоа се, ситници. Не вреди дури ни да се става на вага тоа што демек се губи (а и не се губи, ако сакаш денес бар може релативно често да се иде до МКД и да се одржува контакт) со се што можеш да добиеш...
Пријателе барем од тебе не очекував да коментираш за носталгија. Живееш во Австралија а пишуваш реферати за Вардар, следиш вести од час во час. Па зошто не го заборавиш вардар и гледај го Стенли Јанкуловски во Rockdale Ilinden Soccer Club? Дај за друго збори за квалитет на живот ова она ама за носталгија...
 
Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.230
Не не, муабетот е ако останеш во Македонија ти си имаш куќа нели, не треба да плаќаш кирија.
Имаш куќа во Делчево и работиш во Скопје. Ќе патуваш секој ден во двете насоки?

Абе и вас не ви се работи. Признајте си..
Сакате во канцеларија, со парно, клима и да лежите и плата од 3.000 евра да земате
Ми личиш на работодавачот кој се жалеше на една телевизија дека не можел да најде работник за возење виљушкар и требало за тоа државата да му помогне некако.

Пазар на труд. Подобри ја понудата и ќе се најде човек за работа. Или 2+2, кога треба да се земе се 5, а кога треба да се даде се 3? Не проаѓа.

Треба да се разбере дека времињата на „џабе работи, џабе не седи“ и „колку да тече стаж“ се поминати.

Не е од лично искуство ова, од комшија што се исели пред 1,5 години. Со електро факултет, работи во електро дистрибуција..
Со колку искуство и какво искуство замина човекот од тука?

хмммм, могуќе, могуќе..., а како стојат работите со некој кој се "доселил" од Германија ??? .... веројатно го класифицираш у тотални лудаци...:sneaky:
Пензионер? :)

Јас барем досега немам видено оглас за стан со платен Интернет, телефон и струја. Во киријата спаѓа станот, комуналии, вода и греење. Трошиш колку сакаш цела година, на крај читаат и ако имаш помалку потрошено од просекот ти даваат пари, ако не ти им даваш. Струја, телефон и Интернет си плаќаш сам кај кој и да е провајдер. Јас лично во просек плаќам околу 110 евра за овие месечно, зависи нели каков договор сакаш, брзина итн. Радиодифузна му иде нешто над 200 евра годишно, гледал или не, со или без ТВ дома - мора да се плати. Јас плаќам околку 50 евра секои 3 месеци. Договорите за мобилен телефон се движат од 15 до 50 евра месечно. Карта за јавен превоз над 60 евра месечна.
Во која држава ова?
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Така да ако имаат некои финансиски пречки овие форумски мозоци што плукаат по Македонија а сеуште живеат тука дај да се организираме да ги помогнеме финансиски или било како и да ја напуштат земјава засекогаш.
Проблемите најчесто не се финансиски, туку бирократско-процедурални при добивање на работна/иселеничка виза. Па ако имаш можност да помогнеш околу мислам дека сите ќе ти бидеме неизмерно благодарни.

Инаку работа надвор од Мкд значи и можност и за усовршување на јазик, стекнување деловна култура, согледување бизнис идеи, затоа секогаш треба да се поттикнува барем извесен период младите да поработат во нормални земји, не мора за постојано да останат таму.
 

a9mkd

Љетиф
Член од
14 јуни 2015
Мислења
495
Поени од реакции
274
Малце промена на менталитетот заостанат, некои закони за цивилни унии и посвојувања, повисоки плати и не би имал причина да заминам.
Вака од оваа гледна точка од финасиски причини за подобра плата и ми треба држава каде ќе можам да си најдам дечко и да имаме свој деца преку сурогат мајка или да посвоиме. А за тоа треба многу парички.. Така да оваа Држава на мене за ништо не ми иде во прилог. Не плукам туку само гледам од мојата точка. Иако сите што ги познавам веќе сакаат да бегаат од тука и тоа ми е како дополнителна мотивација и гледајќи и запознавајќи од туѓо искуство дека таму некаде за нијанса би имал подобар живот, значи не е мед и млеко ама ќе фатиш малце од кајмакот.

И да уморен сум од тоа што ни се сервира веќе тоа од политичка гледна точка. Сакам реален напредок, да се развивам како единка и да имам можност за напредување, а не партиска книшка која ќе ми биде за да отидам едно поле нагоре. Се додека тоа не се смени и не се гледа на поединечен квалитет на единката овде се ќе биде труло. Многу труло.

И да признавам дека ЛГБТ заедницата е ретардирана во Македонија и се срамам што сум дел од нејзе, за жал. И тоа заборавам да го внесам како една од поголемите причини зошто сакам надвор.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Проблемите најчесто не се финансиски, туку бирократско-процедурални при добивање на работна/иселеничка виза. Па ако имаш можност да помогнеш околу мислам дека сите ќе ти бидеме неизмерно благодарни.

Инаку работа надвор од Мкд значи и можност и за усовршување на јазик, стекнување деловна култура, согледување бизнис идеи, затоа секогаш треба да се поттикнува барем извесен период младите да поработат во нормални земји, не мора за постојано да останат таму.
Е тоа е друго. Тука сме на иста линија. Денешните млади луѓе се многу поподвижни и така треба да биде. Плус имаш пристап до безброј информации на Интернет.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.073
Поени од реакции
19.878
Тоа дека заминал во Германија да работи како програмер за 900 мало сутра.
Како може во Германија да работи како програмер кога мој братучед работи во автоперална за 1300 еур? Немој да ме јебеш!
Озбилно. Се зачудив и ја кога ми кажаа. Јес да е почетник, и иде од вукојебина, но сепак, 900 евра е премалку за програмер во Германија. Можно е да не работи полно работно време.

Инаку, од втора рука инфо е.
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.295
Поени од реакции
13.156
Викаат дека,дома е таму каде што ти е најубаво.Не се согласувам.Мојот дом е во Скопје,таму кај што сум роден,израснат,каде што ми се корените.

Веќе 7 години живеам во странство.Екстра сум прифатен сум од околината.Успешен сум во тоа што го работам и сум ценет од колегите.Работам само јас а сопругата се грижи за децата.Супер ми е,не се жалам,не сме богати,но сме доволно стуирани.Живееме на своето!
Понекогаш се запрашувам што барам јас тука.Понекогаш имам чуство,дека дека само физички сум тука,а умствено и душевно сум дома.Часовникот ми покажува две времиња,едно локално,друго Скопско.Постјано сум на скајп,ватсап,вајбер со пријатели другари !
Имав шанса да се вратам во Скопје и да работам,за солидна плата. Не прифатив.
Не прифатив, бидејки неможеа да ми гарантирааат стабилност,неможеа да ми понудат повеќегодишен договор,а станува збор за многу сериозна компанија.
Мислам дека тоа е едена од есенцијалните причини зошто многу луѓе не ја гледаат иднината кај нас.
Потоа,размислував да се вратам,и да инвестирам.
Но кога ги слушнав бомбите,и размислив со какви потенцијални проблеми би се судрил,ми исчезна и идејата а и желбата.Барем во блиска иднина!

За мене секогаш прва опција е Македонија,а верувам и на многу други луѓе.Но прашањето е дали ние сме и прва опција на Македонија ?!
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.538
Поени од реакции
62.417
Озбилно. Се зачудив и ја кога ми кажаа. Јес да е почетник, и иде од вукојебина, но сепак, 900 евра е премалку за програмер во Германија. Можно е да не работи полно работно време.

Инаку, од втора рука инфо е.
Зет ми е програмер во Германија, Јава програмер, има 4500Е плата.
Ова 900Е ми е некако премалце. Наредното унапредување му иде на 7200Е, со 3-ца или 5-мина под него.
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.925
Поени од реакции
7.855
Зет ми е програмер во Германија, Јава програмер, има 4500Е плата.
Ова 900Е ми е некако премалце. Наредното унапредување му иде на 7200Е, со 3-ца или 5-мина под него.
900 евра се премалце за таму, да одиш во странство за 900 евра треба да си за Бардовци а не програмер да си.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Може е практикант. И пак мислам дека е малку 900 евра. Тоа е под минималната плата. Полно работно време не е под 4000 евра, а поискусен 7000-8500 евра.


Sent from my GT-I9300 using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom