Ако животна желба ти е да заработуваш пари и да можеш да седиш на форум 24/7 те советувам да станеш фриленсер. Не е никаква тајна и сто пати е повторена не само од мене туку и од многу членови тука - одредени професии на интернет заработуваат одреден сума на саат. Имаат сатница. Програмери зимаат 20, 30 па и 100-200 долари на саат. За дата ентри како најпрост вид на работа е 5 долари на саат. Ова сум ти го кажал повеќе од еднаш и упорно ме прашуваш. Не знам што е тука за неверување? Само треба да бидеш упорен, не е дека некој седи и чека тебе да ти текне да работи како фриленсер и те опсипува со долари. Јас дневно имам 6-7 саати ефективна работа, тие саати сам сум си ги одредил ако сакаш ти можеш да работиш 4,10 или 15 саати твоја работа. А овие вкупно 30 до 60 минути на ден-два на форумов ми се за релаксација. Сепак малку е тешко да работиш без колеги и без контакт со други луѓе по 8-10 саати па вака ќе се занимаваш по форуми, дискусиони групи или со википедија.