Живот во Швајцарија

Член од
30 септември 2015
Мислења
321
Поени од реакции
433
Искуства за преселба, работни дозволи, почетен капитал што треба да се понесе, шанси за работа без соодветен германски јазик и слично...
 
The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.867
Поени од реакции
9.546
Искуства за преселба, работни дозволи, почетен капитал што треба да се понесе, шанси за работа без соодветен германски јазик и слично...
Скап е животот во Швајцарија. Добро би било ако имаш некој роднина таму за подетално да те упати. Убаво е да се живее и работи има големи плати ама скапичко е за кирија.
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.686
Поени од реакции
28.152
Искуства за преселба, работни дозволи, почетен капитал што треба да се понесе, шанси за работа без соодветен германски јазик и слично...
Тешка работа,јас сум таму само со енглески али не е едноставно.Додуше јас сум у хотел луксузен у туристичко место и многу не ми треба германски пошо комуницирам со луѓе од цел свет.По градовите е екстремно тешко,од наоѓање работа до наоѓање стан,само ако немаш друг избор одлучи се за Швицарска.Нема потешка држава
 
D

Deleted member 53418

Гостин

Вака викаат и за Шведска / Норвешка / Данска јазикот проблемот , тмурно време, скапо е многу..
Секој 2 шип се радува на Швица и на Норвешка.

Дај им малце кураж на луѓето.
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.686
Поени од реакции
28.152
Вака викаат и за Шведска / Норвешка / Данска јазикот проблемот , тмурно време, скапо е многу..
Секој 2 шип се радува на Швица и на Норвешка.

Дај им малце кураж на луѓето.
Мене ми е ок,пошто е безгрижно.Работам и живеам у радиус од 500 метри,кола не ми треба само од кај нас до таму и назад да ме однесе,смештај обезбеден,храна А класа што сакам буквално ми готват у кујната,сите пари ми остануваат,екстремно се печали.Се води како сезонска работа,8 месеци работам а 12 месеци зиам плата,4 месеци сум у Македонија.Сега да ми речат у некој град да треба да одам да барам смештај и работа,нема шанси,одма се враќам.Каква мука виде еден екс шеф шо ми беше,Аустриец школован,со перфектен Германски,Англиски и Француски,од Август 2022 сеуште нема стан најдено у Цирих со плата 15.000 франци месечно.Да ти се згади.Шеф Егзекутив е човекот
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.968
Поени од реакции
11.019
Вака викаат и за Шведска / Норвешка / Данска јазикот проблемот , тмурно време, скапо е многу..
Секој 2 шип се радува на Швица и на Норвешка.

Дај им малце кураж на луѓето.
ОГРОМНА е разликата што шипците во голем дел ако дадат збор си го почитуваат и навистина ќе ти помогнат, додека македончето и збор ќе погази и образ ќе извалка ако така му одговара на газот во моменталната ситуација.

Во сите тие ЕУ држави прва и најголема пречка е јазикот, секој што заминува треаба да го совлада на едно минимално разговетно ниво B1-B2 кое после во контакт со домицилно население ќе го усоврши до реално комуницирање на тоа ниво.

Второ, во право е Диле, сместувањето знае да биде во голем дел проблем во поголеми градови каде таргетираат луѓето. Насекаде е така, не само Швајцарија.

Трето, а можеби за многу народ кој оди без образование и знаење на јазик, без некој специфичен занает, можеби и најважно е КОЈ ќе те повлечи и колку ќе ти помогне.
Тука има две карактеристики:
- тој што те повлекува има шанси да те остави на цедило дали со работа, дали со сместување без разлика колку „реална“ помош ти нудел претходно;
- ти да го заебиш тој каде одиш, па тој гарантирал во фирма и пред шефови за тебе, а ти си неработник или едноставно одиш месец дена и после си викаш ова не е за мене јбг ќе се вратам МКД.

И двете крајности се реалност, барем за нас македонците, албанците имаат и поголеми мадиња и повеќе се крепат помеѓу себе.

Мал офтопик на темата ама генерално селењето во било која странска земја ги носи првично овие проблеми.

Секако, секој кој сака да замине треба до макс да го запознае системот, начинот на функционирање во самата држава и местото каде ќе оди (градот), од најбанални работи како превоз до работа, како поспецифични како стан, кауција за истиот, барем за 2 месеци пари резерва да не западниш во потешкотии на почеток и секако силна волја да одиш во некое општество и да се ИНТЕГРИРАШ (научиш јазик, признаеш образование, со тек на време да се усовршуваш во струката) и постепено да напредуваш.
Си бара неколку години жртва, но успехот е неизбежен бидејќи АКО некаде налеташ на кочница НЕ си дрво за чекаш некој да те пресади туку ќе смениш средина, можности има многу и не ти треба вујко владика или врски во партија за да успееш. Што ќе посееш, тоа ќе жнееш - во принцип како и за сè во животот.

п.с. еден ОН топик, иако и ова погоре не беше баш ОФ, во Швајцарија да не ве чуди кога на интервју за работа ќе ве прашаат: Како ќе се справиш со национализмот кога ќе налеташ на истото бидејќи порано или подоцна ќе сретнеш домицилно население од кое има шанси да си навреден, да ти се обраќаат цинично и слични ствари.
Нормално е за граѓани на ЕУ земји да се какаат во гаки само затоа што штркот ги посеал на тоа географско подрачје, за Швица особено.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.227
Поени од реакции
36.445
Мене ми е ок,пошто е безгрижно.Работам и живеам у радиус од 500 метри,кола не ми треба само од кај нас до таму и назад да ме однесе,смештај обезбеден,храна А класа што сакам буквално ми готват у кујната,сите пари ми остануваат,екстремно се печали.Се води како сезонска работа,8 месеци работам а 12 месеци зиам плата,4 месеци сум у Македонија.Сега да ми речат у некој град да треба да одам да барам смештај и работа,нема шанси,одма се враќам.Каква мука виде еден екс шеф шо ми беше,Аустриец школован,со перфектен Германски,Англиски и Француски,од Август 2022 сеуште нема стан најдено у Цирих со плата 15.000 франци месечно.Да ти се згади.Шеф Егзекутив е човекот
Становите се генерален проблем на запад, затоа и зборувам на темата за станови во МКД дека тоа што го слушаат на интернет за „инвестиции во недвижности“ и ситуацијата со нив во МКД, нема допирна точка со светот.
Овде и за кирија, и за купување, имаш ден за да ја провериш недвижноста и да аплицираш (нема на секое некој да ти отвора), и за секоја недвижност имаш по 100+ апликанти, работата е огласи-продај. На голем дел има и аукции каде знае да се продаде и многу повисоко од реалната цена (особено ако и се намерачат Кинезите со длабоки џебови).

Со станот не снајде истото и во АУС, повеќе од пола година не можев да најдам стан за долг период, се истурив во пари по airbnb/booking и станови кои ги издаваат на по 2-3 месеци додека не е туристичка сезона, за тука без многу кеш на страна скоро е невозможно да дојдеш (или ќе треба да си спремен да работиш најниски работи и да делиш стан со уште 10 души).

За работа зависи што и како бараш, општи работни места се наоѓаат веднаш, за поубави работни места/по струка зависи од многу фактори: индустријата/професија/искуство/јазик.

Искуства за преселба, работни дозволи, почетен капитал што треба да се понесе, шанси за работа без соодветен германски јазик и слично...
Друже пред скоро време замина братучед за Швајцарија, и како што ти пишаа погоре, спреми се да излезеш од зона на конфор затоа што почетокот е прилично тежок.
Човекот е женет и со фамилија, но отиде самиот на неколку месеци, смештајот го делат со другари кои се таму малку подолго, и истите му помогнаа да најде работа.

Истото што го пишува Диле, го кажа и тој, да не му помогнеа другарите ќе му требаа илјадници евра само да најде смештај и работа. Не знам какво е твоето познавање на јазикот, но тој е прилично слаб, допрва ќе го учи (француски) и се надева да најде нешто подобро. Кај него детето е апла мало и нема да осети, но ако си со семејство имај во предвид дека преселбата ќе ги афектира децата и повеќе од вас возрасните.
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
4.621
Поени од реакции
7.248
Da ne razocaruvam nikogo,
Raspasaj te se za site trosoci sto mozhat da ve strefat vo mesecot,
Lekar, zabolekar, skola, gradinka, stan, kola ............

Vo septemvri bev odnesen od nekogo vo Pizzeria od nekoj Ljocka i za Pizza, Sok i kafe me kostaja 45€

I zhal mi e uste za parite zatoa sto ne vredese pizzata ni za 5€.

A Steack ili nesto na Nivou da jadite vo restoran so familija , racunajte edno 500 Franci.

Ostaj te go Dile, toj e eden od retkite sto se namakal vo medot
 
Византиецот

NO! you ass.
Член од
14 март 2021
Мислења
2.786
Поени од реакции
6.334
Другари од моето маало од МК се пробаа Германија. Не ги бендиса. Сменаја Англија, оп поарно е.
Еден од нив најде работа во Швиц и се премести од Лондон, во доста мало место близу Дојче Гренце. Сите други го напраја истото. После само 4 месеци се вратија со Поршиња во МКД.
Јако е дека, ко се преместуваја од Германија во Англија, главен аргумент беше јазикот, демек претежок германскиот бегај не се учи, поарно англија. Од ко видоја Швиц колку ќе заработуваат, одеднаш јазикот повеќе не е пречка, се учел.

Енивејс. Швајцарија, Луксембур и Норвешка. Тие се тие земји во Европа во кои остана печалба. Се друго е испустено. Германија и Франција, па ни Австрија не се то шо биле 70ти години кога нашите печалбари ко ништо купуваја и градеја куќи и овде и назад во МКД, тоа е минато свршено време. И со воњиве сега, ќе биде т.е. веќе е, само побетер, на восклик на ситните луѓе.

Швајцарскиот народ е многу поладен од германскиот, на ова треба да рачуна секој што сака да се премести. Дури и меѓу колегите германци владееше мислење дека швајцарците се мраз. Првиот пат ко бев тука на работно интервју (успешно), истиот ден се бев вратил назад во Германија, германците ми делуваја ко бајчина во споредба. Ако си странец ти следуваат многу сопки низ патот. Ќе ти нудат пониски позиции од твоите квалификации, но ова не треба да го сфаќаш лично, гледаат да профитираат од тебе и аферата Странец. Затоа прстот на чело и познавање на сопствената вредност. Познавам eine Menge!! успешни Македонци во Женева, со јахтичина и такви ми ти работи закотвени во езерото. Во превод, кој сака и има добар план, можи.

Да живееш и делиш работно место со германци, французи и италијанци е исто супер зделка. Децата ќе знаат да ги зборуваат сите 3 јазици уште на 7 години.

На зимо е -18 по Цлезиус, и на тоа треба да се рачуна. Звучи ко небитна тема, ама верувај, битна е.
 
Последно уредено:
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.911
Поени од реакции
41.875
-18?

Топла зима, -5 најниска, најчесто е повеќе околу нула.
Нема голема разлика на температура во текот на денот пример сабајле -8, а преку ден 15 или лето од 15 до 40 степени.
Поголем е денот, лето сонцето заоѓа во 22 часот.

Секој почеток е тежок каде и да си. Тој што сака да работи и учи не верувам да не успее.
Различни стандарди, закони, јазици за секој кантон.
Најскап и со најголеми плати е Цирих, а најмногу Македонци има во делот кај Франција.

За 4 месеци Порше да, ама изнајмено само за фалење.

Sent from my SM-A528B using Tapatalk
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__

Византиецот

NO! you ass.
Член од
14 март 2021
Мислења
2.786
Поени од реакции
6.334
-18?

Топла зима, -5 најниска, најчесто е повеќе околу нула.
да барам скринштој во телефон од -18, -16, -15 сите измерени зиомво во Берн, можи дека закотвен до Алпите. Имаше деној кога надвор не излегував, или ако излезев со трчање се враќав назад.
Една колешка од Германија ми кажа дека знаела дека ди Швиц е real deal, ко го посетила Свети Гален. Било исто капни замрзни, а катедралата џиновска била топла ко бања.
 
Ф

Флеш

Гостин
Другари од моето маало од МК се пробаа Германија. Не ги бендиса. Сменаја Англија, оп поарно е.
Еден од нив најде работа во Швиц и се премести од Лондон, во доста мало место близу Дојче Гренце. Сите други го напраја истото. После само 4 месеци се вратија со Поршиња во МКД.
Јако е дека, ко се преместуваја од Германија во Англија, главен аргумент беше јазикот, демек претежок германскиот бегај не се учи, поарно англија. Од ко видоја Швиц колку ќе заработуваат, одеднаш јазикот повеќе не е пречка, се учел.

Енивејс. Швајцарија, Луксембур и Норвешка. Тие се тие земји во Европа во кои остана печалба. Се друго е испустено. Германија и Франција, па ни Австрија не се то шо биле 70ти години кога нашите печалбари ко ништо купуваја и градеја куќи и овде и назад во МКД, тоа е минато свршено време. И со воњиве сега, ќе биде т.е. веќе е, само побетер, на восклик на ситните луѓе.

Швајцарскиот народ е многу поладен од германскиот, на ова треба да рачуна секој што сака да се премести. Дури и меѓу колегите германци владееше мислење дека швајцарците се мраз. Првиот пат ко бев тука на работно интервју (успешно), истиот ден се бев вратил назад во Германија, германците ми делуваја ко бајчина во споредба. Ако си странец ти следуваат многу сопки низ патот. Ќе ти нудат пониски позиции од твоите квалификации, но ова не треба да го сфаќаш лично, гледаат да профитираат од тебе и аферата Странец. Затоа прстот на чело и познавање на сопствената вредност. Познавам eine Menge!! успешни Македонци во Женева, со јахтичина и такви ми ти работи закотвени во езерото. Во превод, кој сака и има добар план, можи.

Да живееш и делиш работно место со германци, французи и италијанци е исто супер зделка. Децата ќе знаат да ги зборуваат сите 3 јазици уште на 7 години.

На зимо е -18 по Цлезиус, и на тоа треба да се рачуна. Звучи ко небитна тема, ама верувај, битна е.
Ме интересира информација . Во францускиот дел на Швајцарија,како се работите за печалба/однос/живот и исто ми ја спомнале Белгија доста од Албанци/Босанци шо ги знам ,како е Белгија ?
 
Византиецот

NO! you ass.
Член од
14 март 2021
Мислења
2.786
Поени од реакции
6.334
За 4 месеци Порше да, ама изнајмено само за фалење.
за ова да, изнајмено можи не, ама деф земено на кредит, шо исто не е уба опција. Како и да е интересна компарација со Англија направија ликојве.
Автоматски споено мислење:

Ме интересира информација . Во францускиот дел на Швајцарија,како се работите за печалба/однос/живот и исто ми ја спомнале Белгија доста од Албанци/Босанци шо ги знам ,како е Белгија ?
на Белгија не сум фан, ама баш ич. Поарно Холандија терај ако си тргнал по ниските земји. Јас работам во германските кантони, не знам француски само германски. Сепак на работно место имам французи што знаат германски.
Женева ми е омилен град, тоа е прашање на вкус.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.227
Поени од реакции
36.445
за ова да, изнајмено можи не, ама деф земено на кредит, шо исто не е уба опција. Како и да е интересна компарација со Англија направија ликојве.
Абе ај не се надлажувајте едни со други, освен ако не продаваат дрога, или не се некоја апла платена професија (доктори, инженери и сл). шанса нема да соберат пари за ваква кола ни за 5 години, а не за 1. И ниту една банка нема да му одобри кредити без да тропнат на маса учество од 20-30к евра. Може да се вратиле со порше ако истото е старо 15 години, и е пред ремонт, инаку ново што е 6 цифрена сума може да сонуваат со рандом работа.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.425
Поени од реакции
5.437
Како тоа најскапата земја во светот а према некои статистики втора после Монако е идеална земја за отпочнување нов живот или печалење?!?
Па нели животниот стандард во средината која живееш ги одредува и трошоците за живот:
  • Шише вода 0,33л во ресторан - Базел, Швајцарија 4CHF/ - Болоња, Италија 1€
  • Просечно јадење во ресторан - Базел, Швајцарија 25CHF - Болоња, Италија 17€
  • Кило Банани - Базел, Швајцарија 3CHF - Болоња, Италија 1.7€
  • Векна леб 500гр - Базел, Швајцарија 3.20 CHF - Болоња, Италија 1.90 €
  • Кирија на периферија - Швиц 1200CHF, Италија 600€
И ко ќе собереш - платата од 4000CHF во Швајцарија вреди исто колку и 2000€ во Италија.
Дури и да останува поголем капитал и заработувачка...
Држава со 8 милиони население која од економија има:
производствена индустрија која грото отпаѓа на фармацевтската индустрија потоа високо технолошки погони за прецизна техника, инструменти и слично
и услужни дејности пред се тука целиот банкарски сектор.

Што може тука да понуди македончето? Келнер, Собар, Чистач, Градежник, Електричар, Заварувач, Обичен работник во: фабрика за коли, чоколади, кабли... you name it...
Си кажа дечкото погоре. Отиден на печалба во изолиран хотел на планина кај што работи, јаде, спие, пие, се ебе - све во радиус од 1км. Тој да, отишол да спечали.
А дека некој би се снашол така лесно во Швајцарија типа завршил некаков факултет на Кирил и Методиј и буфта A1 и А2 за да му опали ѕарот, ќе работи Цирих, стан ќе плаќа, вози поршиња, јахти, бродови, чартер летови, уплаќале кај Безос да летаат во вселена... Тоа во Дизни филмови со Авенџерси и евентуално на Кајгана форум...

Да бидеме реални Швајцарија е недостижен сон за мнозинството од Западна и Централна Европа a не камоли за некој што продал колата и со 4-5000€ в џеб смета дека ќе му се доволни да се снајде и да стартува некаков си живот таму
 
Kajgana Shop

На врв Bottom