Жени со машки презимиња

  • Креатор на темата Креатор на темата Fitonija
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
26 октомври 2010
Мислења
24
Поени од реакции
12
Како традиционално женско елече во машка униформа, Македонките се почесто ги „облекуваат“ своите презимиња во машки род.
Овие бар кодови на машки производи се особено атрактивни за женската популација од Македонската сцена.

Госпоѓа Стојменов, Тасев, Тренковски, Христов, Велков, Јанев, покриваат само неколку седишта од почетната ложа во редовите на авторската, уметничката, новинарската, а несомнено и медиумската фела.

Нова формула за успех во кариерата или потреба од афирмирање?
Помодарство или незнаење на сопствениот јазик и идентитет?

Кои се вашите ставови спрема начинот на кршење на македонската јазична норма, како и нашата јазична традиција?
 
^ Помодарство и незнаење на сопствениот јазик и идентитет. Вреднување на туѓиот пред се на браќата ни по религија Срби :/

Нема врска..мислам дека нашиов јазик е меѓу ретките во светот кој презимињата ги дели на машки и женски род...мислам дека тоа е в ред,еве кажи ми друг пример од друг јазик (можеби само рускиот)..
 
Доколку госпоѓата има две презимиња и машкото презиме е она второто кое го преземала од мажот можам да разберам некако, можеби сака да потенцира кое е нејзиното презиме. Ама во општи случаи некако тешко го варам. Сега дури и на новородени девојчиња им ги ставаат презимињата во машки род...
 
Нема врска..мислам дека нашиов јазик е меѓу ретките во светот кој презимињата ги дели на машки и женски род...мислам дека тоа е в ред,еве кажи ми друг пример од друг јазик (можеби само рускиот)..

Pa nasiot jazik e razlicen i po mnogu drugi raboti ne samo po preziminjata i mislam deka nie treba da sme gordi na toa,a ne da menuvame nesto sto so vekovi e taka samo za da se doblizime do trendovite. Definitivno pomodarstvo koe ne ni e potrebno!
 
Барање внимание, и глумење на прогресивност. Неоригинално ко 90% од работиве во нашава земја...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ION
Мислам дека демократско правило загарантирано со устав е да јас одберам како ке се викам и презивам „Далинско Телевизоровски“ :toe:
Па што ондак твоите ти го дале името или ко се роди ти самиот си кажа како ке се викаш и презиваш ?(иначе да, загарантирано со устав е али постојат и одредени норми )

Иначе појма неам како би го објаснал тоа освен глумење лудило ито ова од западњациве превземено...
 
Зошто да го менува презимето кога може да го задржи во оргинал.
Мене ми се допаѓа,иако најдобро е ништо да не се менува,секој своето.
 
Абе слушнав со нов закон обавезно било името во оригинал жената да го зема...
 
Абе слушнав со нов закон обавезно било името во оригинал жената да го зема...

Колку што сум јас, прилично добро, информирана, овој закон бидува на сила во Хрватска, не кај нас.

„Употребата на машката форма на презимето за лица од женски пол се должи на еден вид помодарство и подражавање презименски модел кој не е ниту во духот ниту во традицијата на македонскиот антропонимиски систем, што во крајна линија значи и кршење на македонската јазична норма. Спецификата на македонското женско презиме треба да се чува. Добро е кога информацијата за родовата припадност ја носи и презимето, а не само личното име, како што е тоа кај повеќето јужнословенски народи“ - вели Елка Јачева-Улчар, научен соработник во Одделението за ономастика во Институтот за македонски јазик.

Ономастика е, меѓу другото, наука која се занимава со личните имиња.
Само појаснувам за оние кои не знаат. Не велам дека ти си меѓу нив. :salut:
 
Ееееееее овие од ЕУ на само што сакат името да ни го сменат туку полека почнуват и презимињата да ни ги менуват
Небаре енглези ќе не праат
 
Ова на големо го има кај нашиве иселеници ин јунајтед стејтс, ма да ај нив им е и колку толку оправдано, да се вклопат таму подобро. Али од таму почнаа и овдешниве да го земаат тоа, со цел „поубаво“ да им звучи презимето... обично помодарство. :)
 
А зашто и имињата не си ги сменат?
 
Ептен ме иритира овој тренд кој кај нас почна пред 7-8 години...многу е идиотски ова што го прават некои од жените и незнам како воопшто им дозволуваат во матично да се прави ова.Треба да се донеси некој закон со кој нема да се дозволува ваква работа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom