Ердоган: Немаме никакво разбирање за Горна, Долна, Северна Македонија, тоа е неправедно

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.808
Поени од реакции
1.076
Ердоган: Немаме никакво разбирање за Горна, Долна, Северна Македонија, тоа е неправедно

29.09.2011, 15:08

Македонија да не се сомнева во поддршката од Турција, порача турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган по средбата со неговиот македонски колега Никола Груевски. Дводневната посета за Ердоган претставува дополнителен импулс во развивањето на политичко економските односи на двете држави. Турскиот премиер најави проширување на турскиот бизнис интерес на македонскиот пазар со цел е да се достигне трговска размена од милијарда долари.


Македонија да не се сомнева во турската поддршка на политичко - економски план.Оваа посета ќе претставува дополнителен импулс во тој правец и во и онака традиционално добрите и пријателски односи меѓу двете земји и двата народа - рече турскиот премиер Реџеп Таип. Ердоган по тет а тет средбата со својот домаќин премиерот Никола Груевски. Интенција е, рече турскиот премиер,трговската размена да го достигне нивото од една милијарда американски долари, зашто постојните меѓу триста и четиристотини милиони долари не се соодветна цифра која компарира на политичките релации-децидно порача Ердоган, најавувајќи проширување на турскиот бизнис-интерес за присуство на македонскиот пазар.

„ Досега има стотина инвеститори од Турција, но сакаме таа бројка да биде поголема и ако има некаков проблем во тој контекст јас и мојот македонски колега ќе ги отстраниме тие пречки. Наша должност е да се елиминираат тие пречки и да се обезбедат соодветни услови. Наша желба е турските инвеститори во Македонија да отворат колку е можно повеќе вработувања“, рече турскиот премиер Ердоган.

Принципот на солидарност,рече Ердоган, провејува во сите години откако ве признавме како независна држава. Во тој дух ќе се одвива и поддшката за членство во Европската унија и НАТО-додаде шефот на турската влада , иако свесен за пречките од грчка страна во контекст на прашањето за името.

„За Долна, Горна, Северна, нема никакво разбирање за таквото делување, таквите видувања се неправедни работи. Светот веќе е глобален, ние веќе живееме во таков свет, мирот и сувереното право треба да биде заедничко. Македонија влезе во тој правец, својата независност ја објави под ова уставно име и треба да се почитува таа нејзина одлука“, додаде Ердоган.

Македонско – турските односи своја надградба наоѓаат и во договорот за стратегиско партнерство, рече премиерот Груевски не криејќи го задоволството од пријателската и принципиелната политика на официјална Анкара кога е во прашање зачувувањето на нашиот идентитет и уставното име.

„Ја истакнав благодарноста до нашата пријателска нација и до пријателската турска држава за почитувањето и поддршката на нашите права и интереси за заштита на нашиот идентитет и на уставното име Република Македонија. Ги реафирмиравме нашите заложби за постојано унапредување на билатералните односи базирани во вербата на заедничките односи и со сопствениот потенцијал, со особен акцент на областа на економската соработка“, рече премиерот Груевски.

Разговарано е за интензивирање на соработката на културен и на планот на туризмот, при што беше нотирано дека цената на авио-билетите и блискоста како дестинации ,овозможуваат одлични услови за тоа.

Премиерот Груевски пред турскиот контрапартнер се заложи за уште поголем и поквалитетен третман на турската заедница. Инаку високиот гостин од Турција на аеродромот Александар Велики беше дочекан со високи државно воени почести.

Двајцата премиери потоа прошетаа низ аеродромската зграда која заедно со реновацијата на аеродромот ја има турската компанија ТАВ. Ердоган рече оти се почувствувал како да посетува некоја компанија во својата земја. Дел од делегацијата на Ердоган се и стотина турски бизнисмени кои утре со македонските ќе одржат заеднички бизнис форум.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=80772
 
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400
Just give me the rock baby :vozbud:
--- надополнето: Sep 29, 2011 10:36 PM ---
Koja иронија.. 5 века се тепавме со Турците, а денес најголеми пријатели :pos:
Да е жив Гоце да стане,џигерот ќе си го изеде:cautious:
Па нема врска тоа, како и да е тие не ни наштетија, не ја разделија Македонија :icon_lol:
Да сакаа тоа да го направат ќе го направеа одма, не ќе чекаа векови...:)
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.808
Поени од реакции
1.076
Турска делегација во Охрид

Четврток, 29 Септември 2011 15:41

Денес, градоначалникот Петрески беше домаќин на бројна делегација на еден од најразвиените туристички региони во Турција, Мармара.

Претседателот на Советот на општина Охрид, Душко Јаковчески, на гостите им ја презентира работата на Советот и локалната администрација, а проф.д-р.Науме Мариноски им ги претстави туристичките потенцијали на Охрид. Градоначалникот Александар Петрески и градоначалникот на турскиот град Сафран болу, потпишаа Договор за збратимување и соработка.

Двајцата градоначалници истакнаа дека посебна димензија на збратимувањето му дава фактот што и Охрид и Сафран болу, како заштитено светско културно наследство се на листата на УНЕСКО.

Утре, во посета на Охрид е висока делегација на Република Турција предводена од Премиерот Реџеп Таип Ердоган. По повод посетата, од СВР Охрид информираат дека утре попладне, во градот привремено ќе биде ограничено движењето на моторни и друг вид на возила, со физичко регулирање на одредени локации.

Полицијата ќе издава писмени предупредувања на сите паркирани патнички и други моторни возила по должината на Булеварот „Туристичка“, но и во стариот дел на градот, каде високата турска делегација ќе посети дел од културно-историските знаменитости на Охрид.

http://www.tvm.mk/ohrid/turska-delegacija-ohrid.html
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Ваква храбра изјава не можеш да слушнеш дури ни од наши политичари а не па од "пријателските" народи Срби или Бугари... Значи секоја чест за Ердоган и Турција. :cuc:
 
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400
Ваква храбра изјава не можеш да слушнеш дури ни од наши политичари а не па од "пријателските" народи Срби или Бугари... Значи секоја чест за Ердоган и Турција. :cuc:
Србите се плашат од Грците бе. :)
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.808
Поени од реакции
1.076
Tepacka pomegu telohranitelite na Erdogan i osiguruvaneto na OON

http://www.youtube.com/watch?v=3GbY6SJxS4M&feature=share
Ево по детално


Телохранителите на Ердоган се степаа со обезбедувачи во ОН!

Телохранителите на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган се степаа со луѓе од обезбедувањето во ОН. Инцидентот се случил во ходникот пред салата во која се одржуваше Генералното собрание на Обединетите нации пред неколку дена. Дека не било наивно, сведочи веста дека еден од обезбедувачите во ОН поради набиени ребра завршил во болница, објави "Телеграф". До тепачката дошло кога му бил попречен патот на Ердоган кој доцнел, но инсистирал да влезе во салата за да го слуша излагањето на палестинскиот претседател Махмуд Абас. Благодарение на очевидци, инцидентот е снимен, а подоцна и објавен. Официјално, настанот бил опишан како "несреќно недоразбирање".

http://vecer.com.mk/default.asp?ItemID=5278DAE9D3EBD04097ECAF518C784C62
 
Член од
4 февруари 2007
Мислења
1.093
Поени од реакции
163
Како што се очекуваше, Јунанистанците пројавија љубомора, и силно се нервираат за изјавата на Ердоган. Поставиле линк на јутјуб, превземена од Сител...

http://www.youtube.com/watch?v=PZQiQNhas0o

Што ми е најсмешно дека сите коментари за ова видео, се од некои затуцани Атињани и оние островци што живеат таму, и што немаат апсолутно никаква врска со Егејска Македонија. Овие Јунанистанците нека си ја удираат глата в ѕид.
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.027
Поени од реакции
14.947
Koja иронија.. 5 века се тепавме со Турците, а денес најголеми пријатели :pos:
Да е жив Гоце да стане,џигерот ќе си го изеде:cautious:
и Германците беа закоравени непријатели со Французите па денес се едни од столбовите на ЕУ
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
474
Ако Турција ни је пријател јас сум Пајо Патор него исти маки си имаме со Европска Унија па маката не сплоти.

У секој случај гледајте си вие туркиш серии а богами добро ми дошол еден улкер после ручек.
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.808
Поени од реакции
1.076
Грчката опозиција гневна на турскиот премиер Ердоган




Откако Ердоган рече дека за Турција е неразбирлив и неправеден грчкиот став, Панос Панајотопулос, кој е задолжен за надворешната политика во Неа Демократија му одговори дека „грчката позиција за името е еднаква на историската вистина“.​

Изјавите на Ердоган ја поткопуваат стабилноста, безбедноста, мирниот соживот и хармоничната соработка на народите од Балканот и југоисточна Европа. Од опозициската Неа Демократија реагираат на изјавата на турскиот премиер по средбата со неговиот македонски колега.

Откако Ердоган рече дека за Турција е неразбирлив и неправеден грчкиот став, Панос Панајотопулос, кој е задолжен за надворешната политика во Неа Демократија му одговори дека “Позицијата на Грција во однос на прашањето за името е целосно во согласност со Меѓународното право и е во целост еднаква на историската вистина.“

Панајотопулос изрази жалење што, Ердоган ја искористи официјалната посета на Македонија за да покаже уште еднаш како гледа на релациите Турција –Грција, но и каков е генералниот став на неговата земја кон постоечките закони од меѓународното право и колку ги почитува историските наследства на народите.

Посетата на Ердоган и средбите со македонскиот државен врв поминаа речиси незабележани во Грција. Соопштението од опозицијата е единствената официјална реакција за
изјавите на турскиот премиер.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=103&egId=20&eventId=80882
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Грчката опозиција гневна на турскиот премиер Ердоган

Откако Ердоган рече дека за Турција е неразбирлив и неправеден грчкиот став, Панос Панајотопулос, кој е задолжен за надворешната политика во Неа Демократија му одговори дека „грчката позиција за името е еднаква на историската вистина“.

Изјавите на Ердоган ја поткопуваат стабилноста, безбедноста, мирниот соживот и хармоничната соработка на народите од Балканот и југоисточна Европа. Од опозициската Неа Демократија реагираат на изјавата на турскиот премиер по средбата со неговиот македонски колега.

Откако Ердоган рече дека за Турција е неразбирлив и неправеден грчкиот став, Панос Панајотопулос, кој е задолжен за надворешната политика во Неа Демократија му одговори дека “Позицијата на Грција во однос на прашањето за името е целосно во согласност со Меѓународното право и е во целост еднаква на историската вистина.“

Панајотопулос изрази жалење што, Ердоган ја искористи официјалната посета на Македонија за да покаже уште еднаш како гледа на релациите Турција –Грција, но и каков е генералниот став на неговата земја кон постоечките закони од меѓународното право и колку ги почитува историските наследства на народите.

Посетата на Ердоган и средбите со македонскиот државен врв поминаа речиси незабележани во Грција. Соопштението од опозицијата е единствената официјална реакција за
изјавите на турскиот премиер.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=103&egId=20&eventId=80882
Па во право е Грчката опозиција..
 
Член од
4 февруари 2007
Мислења
1.093
Поени од реакции
163
Kako da ne. Bravo za Erdogan :) Vo pravo e koga veli deka nema nikakvo razbiranje za vestackiot ''spor'' poradi toa sto, da mu objasnuvas i na stranec sporot ke mu bide nerazbirliv...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom