Емиграција во Канада

Дали ова ви беше корисно?

  • Да

    Гласови: 13 56,5%
  • Не

    Гласови: 4 17,4%
  • Undefined / Шо ме е гајле (лол ^_^ )

    Гласови: 6 26,1%

  • Вкупно гласачи
    23
  • Гласањето е завршено на .

Seniorita

џм..
Член од
11 април 2011
Мислења
1.344
Поени од реакции
676
За сите сонувачи ( just like me :D ) еве ви мал вовед во тоа како да емигрирате во Канада .. ( за некои ова ќе е успешно, за баксузи како сестрами не испадна успешно :/ )

Бидејќи она беше зафатена со факултетот, јас ги собрав сите документи што и беа потребни, она само потпиша и ги испрати ..целото патешевствие изгледаше вака:

Ден 1: Разгледување на страната на Citizenship and Immigration Canada ( cic.gc.ca ) и прибирање на основните податоци

Ден 2: правење на листа со работи кои можеш да ги сработиш ( од тип: кои документи можам тој ден да ги најдам/извадам кои не )

Ден 3: Вадење на документите
* документите кои се потребни се:
- потврда дека не сте осудуван ( се вади од најблиската полициска станица )
- уплата од $75 ( да, долари - не евра ) на сметка на амбасадата во виена
***** - апликационен лист пополнет со сите информации за родителите, браќа/сестри ( баба, дедо - тоа не ) ( се симнува од страната
погоре )
- потврда ( АКО/дека ) си редовен студент
- писмо со покана ( Invitation letter ) од оние кои те покануваат ( роднини, пријатели, треба да наведат сродство )
***** -потврда за расположливи средства ( ова од банката треба да го извадиш
колку средства имаш на твоја сметка)
- гаранција од работа ( од оној што те повикува ) каде работи, колку време, и сл.
- опционално: твое лично писмо, со причина зошто одиш во Канада, на колку време, која е смислата на твоето патување, итн.

***** кога ќе
пополнувате апликацијата, испечатете ја и пополнете ја истиот ден кога планирте да го праќате комплет писмото во Виена! што значи: СПРЕМАЈТЕ ГИ СИТЕ ДОКУМЕНТИ, ПА ТОГАШ АПЛИКАЦИЈАТА. многу е битна датата која ќе ја наведете во апликацијата, при пополнувањето.
( апликацијата треба да се пополни преку PC, не на рака )

***** - мал, "трик" да речеме: имате 1.000 евра, а ви се малку. Извадете потврда дека имате 1.000 на сметка во една банка, потоа извадете ги парите, ставете ги во 2ра банка, извадете потврда. Тие 2 потврди, ви вредат 2.000 евра, а не 1.000 колку што реално имате ..
^ оставете да помине некое време, да речеме 5-7 дена од префрлувањето на парите

исто и потврдите треба да ви се на Англиски, некои банки ги вадат директно на Англиски ( ако им побарате ) други не се замараат :)

е сеа, сето ова треба да го преведете судски на Англиски јазик, заверено со печат од нотар, и останатото е да се молите да се смилуаат и да ти одобрат :) следен чекор - спремање билет ( најлесното ) ..

good luck ‘fellas ..
ако има нешто, прашајте слободно, а ако сум заборавила ќе надополнам ..
 
Seniorita

џм..
Член од
11 април 2011
Мислења
1.344
Поени од реакции
676
Немора. IELTS се вади при поднесување на Иселеничка виза ..

е да, можат да ви побарат и медицински преглед ( во Скопје на 2 места се прави ) и кошта некаде околу 4.000 денари .. резултатие они ги праќаат, вие не ги гледате :)
 
M

macgowan

Гостин
За иселеничка мислев, да...
Мучос грасијас сењорита!
 
Seniorita

џм..
Член од
11 април 2011
Мислења
1.344
Поени од реакции
676
За иселеничка мислев, да...
Мучос грасијас сењорита!
но проблемО мучачо .. :)

едит: за сите оние кои мислат дека ви треба IELTS за туристичка виза, НЕ ВИ ТРЕБА ..
ако имате вишка 8.000 денари, и нерви на залиха ..be my guest ;)
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
38.387
А со таа туристичка виза може да се работи во Канада?
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.181
Поени од реакции
3.066
А со таа туристичка виза може да се работи во Канада?
Само на црно , исти правила како америка :)

Ме интересираше мене од прилика колку би била вкупната сума за да се направи ова ?
 
Seniorita

џм..
Член од
11 април 2011
Мислења
1.344
Поени од реакции
676
Само на црно , исти правила како америка :)

Ме интересираше мене од прилика колку би била вкупната сума за да се направи ова ?
Далеку е Канада од Америка момче мое :) ни на црно, ни на поцрно, ни на најцрно не ти даваат да работиш.

Сума сумару ( за горе наведеното ) 150 евра, вклучувајќи нотарски преводи, поштарина, документи, уплатница, и сл.
А со таа туристичка виза може да се работи во Канада?
Не. Канадскиот закон е таков, што недозволува да се работи на црно во ниеден случај. Ептен ако имаш некој свој, кој што има своја фирма, па да ризикува да те вработи. Во ниеден случај не ти дозволуваат да работиш. Уште кога ќе слушне дека си турист - ауфидазеен .. ( кога прав Американец, неможе да работи во Канада, замисли како нас не третираат ) Има друг начин да работиш во Канада ПРЕКУ туристичка:

Вадиш туристичка на 2 месеца ( ако можеш на 6, уште поубаво ). Како и да е, јас ќе ти објаснам за на 2 месеца како е:

Добиваш туристичка, одиш во Канада. Шеташ ден-два колку да знаеш што каде е, како се одвива животот и сл. започнуваш потрага по работа ( закажуваш состаноци преку е-маил, или оставаш резиме во фирмата па чекаш да ти се јават ). Доколку твоето ЦВ ги задоволува нивните стандарди, те викаат на состанок, каде што ти се искажуваш како турист. Доколку работодавецот е спремен и сака да те вработи, поднесува барање за LMO мора да му вратат позитивно со цел да те прими.

Што е LMO? - LMO е Labour market opinion, каде што посебна служба, ја разгледува апликацијата, и доколку твојот "иден" работодавец неможе да најде соодветен работник со Канадски документи, аплицира за тебе. Доколку добие позитивен ЛМО, тој ја спроведува постапката ( која кошта негде околу $350 ). Откако ги добие сите потребни документи, тој може да те вработи. Ако си со виза за 2 месеци, ги искористуваш, се враќаш во Мк. и чекаш ( во рок од 6 месеци добиваш одговор ) доколку имаш виза за 6 месеци, можеш да останеш - ама нема баш никакви шанси да работиш ..

ако добиеш работна дозвола на 2 години, можеш да ја продолжиш ( 1 месец пред истекот ) а по минувањето на 2 години, аплицираш за permanent resident card - со таа картичка, ти си веќе "жител" на Канада, и имаш многу опции за работа. После 3 години ( од pre.reр.card ) имаш право на аплицирање за citizenship/државјанство ..

Исто така, visitor visa`та може да се продолжи на 1 месец пред истекот на веќе постоечката ( се попочнува апликација, која е достапна на страната )
пс: LMO`то се испраќа во Мантибоа ..

Предлагам некој од админите нека ја направи темава sticky, па да можеме да споделуваме :)
( ако мисли дека е добра за sticky )

Може :)
Ако си најдеш муж таму, може и фирма да си отвориш :D
и да најдеш маж, ќе подлежиш на мноооогу мачење :)

1. можат во било кое време во текот на ноќта да ти се растропаат дома, да проверат дали спиете заедно
2. ако се омажиш, треба да докажеш дека бракот е од љубов, не од корист ( слики, разговори, е-маил, патувања и сл. )
3. треба да бидете во брак најмалку 3 години за да можеш да се разведеш од него
4. доколку ти добиеш на овој начин државјанство, можеш да се омажиш одново и да спонзорираш некој како твој сопруг/а за и тој/таа да добие државјанство
и 5то: имаш право само 1 човек да го внесеш во Канада како твој сопруг :)
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.608
Поени од реакции
9.074

Зш мачење? Ќе го земеш од љубов:pipi: Познавам многу такви парови кои љубовта си ја најдоа во странство. Зборам за искрена љубов, не ради државјанство иако познавам и такви :)
Инаку, многу ми е јасно како одат работите со емиграција у Канада. Мачно е секаде, но ако имаш желба да останеш во странство се исплати маката. Пошо овде не ти се вреднува никаков труд, знаење, диплома и слично, се додека немаш книшка.....
Жалосно, ама вистинито :place:
 
Ако е од љубов - да ..ама ни тогаш нетреба да се брза, со оглед на фактот дека само еднаш имаш право некој да внесеш како сопружник :)

life's cruel ..немој да мислиш дека во Канада ќе ти го признаат образованието? нее .. :)
Сестрами сака да се префрли сега на стоматологија во Канада, има "потрошено" 2ипол години тука, а таму треба се одново да полага ..т.е не да полага, туку од почеток да започне :)

а животот што е убав таму - убав е .. ( барем што имам слушнато )

next mission: immigrating in Canada ..
 
И да полага, да се мачи да учи некој ќе и го признае знаењето. Овде колку и да учиш и да се трудиш, џабе е. Не те рецкаат 2 %, а не па да мислат на твојата иднина, дали треба да основаш семејство, да оставиш потомство :place:
Ич нека не му се мисли сестра ти, нека почне од 0 таму. И без никакво образование, ќе се снајдеш во Канада ама ако сакаш ;)
 
Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.917
Поени од реакции
3.771
Јас како што прочитав овде излегува дека 2 месеца ако отидеш во Канада,и ако не најдеш работа....тогаш ќе спиеш по улици??
 
Noorotic

пецач на риби
Член од
22 февруари 2011
Мислења
892
Поени од реакции
380
За сите сонувачи ( just like me :D ) еве ви мал вовед во тоа како да емигрирате во Канада .. ( за некои ова ќе е успешно, за баксузи како сестрами не испадна успешно :/ )

Бидејќи она беше зафатена со факултетот, јас ги собрав сите документи што и беа потребни, она само потпиша и ги испрати ..целото патешевствие изгледаше вака:

Ден 1: Разгледување на страната на Citizenship and Immigration Canada ( cic.gc.ca ) и прибирање на основните податоци

Ден 2: правење на листа со работи кои можеш да ги сработиш ( од тип: кои документи можам тој ден да ги најдам/извадам кои не )

Ден 3: Вадење на документите
* документите кои се потребни се:
- потврда дека не сте осудуван ( се вади од најблиската полициска станица )
- уплата од $75 ( да, долари - не евра ) на сметка на амбасадата во виена
***** - апликационен лист пополнет со сите информации за родителите, браќа/сестри ( баба, дедо - тоа не ) ( се симнува од страната погоре)
- потврда ( АКО/дека ) си редовен студент
- писмо со покана ( Invitation letter ) од оние кои те покануваат ( роднини, пријатели, треба да наведат сродство )
***** -потврда за расположливи средства ( ова од банката треба да го извадиш колку средства имаш на твоја сметка)
- гаранција од работа ( од оној што те повикува ) каде работи, колку време, и сл.
- опционално: твое лично писмо, со причина зошто одиш во Канада, на колку време, која е смислата на твоето патување, итн.

***** кога ќе пополнувате апликацијата, испечатете ја и пополнете ја истиот ден кога планирте да го праќате комплет писмото во Виена! што значи: СПРЕМАЈТЕ ГИ СИТЕ ДОКУМЕНТИ, ПА ТОГАШ АПЛИКАЦИЈАТА. многу е битна датата која ќе ја наведете во апликацијата, при пополнувањето.
( апликацијата треба да се пополни преку PC, не на рака )

***** - мал, "трик" да речеме: имате 1.000 евра, а ви се малку. Извадете потврда дека имате 1.000 на сметка во една банка, потоа извадете ги парите, ставете ги во 2ра банка, извадете потврда. Тие 2 потврди, ви вредат 2.000 евра, а не 1.000 колку што реално имате ..
^ оставете да помине некое време, да речеме 5-7 дена од префрлувањето на парите

исто и потврдите треба да ви се на Англиски, некои банки ги вадат директно на Англиски ( ако им побарате ) други не се замараат :)

е сеа, сето ова треба да го преведете судски на Англиски јазик, заверено со печат од нотар, и останатото е да се молите да се смилуаат и да ти одобрат:)следен чекор - спремање билет ( најлесното ) ..

good luck ‘fellas ..
ако има нешто, прашајте слободно, а ако сум заборавила ќе надополнам ..
ова не го прочитав па затоа аналогно на тоа стиснав дека тоа не ми помогна затоа што го неам прочитано пошто е многу долго, се надевам на некој му помогнало како што е изгласано во анкетата
 
Seniorita

џм..
Член од
11 април 2011
Мислења
1.344
Поени од реакции
676
Јас како што прочитав овде излегува дека 2 месеца ако отидеш во Канада,и ако не најдеш работа....тогаш ќе спиеш по улици??
ти одиш како посетител. за да отидеш како таков, ти треба invitation letter од роднина/пријател, кој гарантира дека ти во тој предиод ќе останеш кај него..

ова не го прочитав па затоа аналогно на тоа стиснав дека тоа не ми помогна затоа што го неам прочитано пошто е многу долго, се надевам на некој му помогнало како што е изгласано во анкетата
затоа што има мн за објаснување, затоа е и долго ..лол..

да не сакаше со 5 збора да објаснам? можам и така, еве:
KEEP DREAMING ABOUT IT BRO! ;)

неам намера да се карам, ама ако немаш/несакаш да одвоиш 3 мин. од твоето скапоцено време, оо ваша ценета екселенцио, тогаш незнам која е поентата на коментирањето? :notworthy:

има луѓе кои го бараат ова, а неможат да го најдат, а кога го имате сервирано, несакате ни да загризете? quo vadis Македонецу бре .. :tapp:
 
На врв Bottom