Електролиза на влакна

  • Креатор на темата Креатор на темата ostoun
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
28 март 2009
Мислења
98
Поени од реакции
22
Би сакала да ги споделиме искуствата за справување со несаканите влакна. Електролизата е единствен признат траен метод за справување со влакната, јас направив прв пат пред еден месец, постапката е болна, но се издржува.
 
Незнам што е тоа електролиза на влакна, но имам чуено за епилација. Многу се фалат со тоа, после со години не се појавувале влакна. Башка не болело.
:)
 
Би сакала да ги споделиме искуствата за справување со несаканите влакна. Електролизата е единствен признат траен метод за справување со влакната, јас направив прв пат пред еден месец, постапката е болна, но се издржува.
Колку кошташе?
 
Постапката се прави со помош на игла која се става во фоликулот од влакното и потоа се пушта струја со која се уништува коренот на влакното. Боли кога се боцка во фоликулот на влакното, и кога се пушта струјата. цената е 10 ден. за влакно. бев двапати до сега, првиот пат ме кошташе 300 ден, а вториот пат само 100. Најверојатно ќе треба уште еднаш да одам, имам некои што не биле излезени првите два пати, затоа што претходно ги скубев со пинцета.
 
Да се навратам на темава. Бев 5-6 пати, имам уште неколку влакна кои се многу упорни, се надевам дека ќе се уништат од следната електроепилација.
 
Каде ги правиш третманите?? И на кој дел од телото.[DOUBLEPOST=1432332990][/DOUBLEPOST]
 
Третманите ги правам во козметички салон, а ги правам на брадата и надусници.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom