Со оглед на кое ниво ни е спортот општо, па и куп млади се отселија, ова е и супер. Има потенцијал во тие што надоаѓаат и да се надеваме дека и понатаму ќе се развиваат. Во 2010 ние немавме ни кадетска репрезентација пријавено за квалификации на ЕП. Некоја година пред тоа исто. Тоа е тој одраз од тие години што сега се познава. Освен Митревски, ги имаш Талевски, Кузмановски и Велковски од таа една генерација која стигна до 6-то место на СП 2017 и беше на младинското ЕП една година пред тоа (и на кадетското ЕП 2014 - тука не беше Кузмановски). Затоа и Кире играше скоро до 40, Борко, Столе, Гоце и Миркуловски исто така. Постои голема дупка меѓу генерациите. Луѓево се лутат и се палат дека ќе сме губеле со 10-20 разлика. Сите сакаме инстант успех, и јас исто, ама тоа така не доаѓа. Ја повеќе го чекам јуниорското ЕП на кое можеме да отидеме чекор напред и да бидеме меѓу првите 8. А на сениориве може да се надеваме дека ќе играат подобро секој натпревар и дека ќе имаме повеќе среќа во ждребкиве што доаѓаат. Дури и со најсилниот наш состав, со Раул или Лино на клупа, максимум што можеме во групава да земеме се 3 бода. И 4 ете, со тоа што би биле пак трети, со оглед на тоа дека Германија и Франција играат последно коло заедно.Ионака се резилиме на секое првенство вака барем ќе играат против веле сили, ќе соберат некое искуство.
Го гледам хејтов на народот дека играчите се претежно од Алкалоид. Тие може само да се лутат зошто Алкалоид ги купи повеќето, а не зошто од таму доаѓаат. Играчите се тие.