Европскиот универзитет ангажира нови 25 професори од Оксфордскиот универзитет

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Европскиот универзитет од Скопје, без задршка, е најголема високообразовна институција во Македонија која доби меѓународен карактер по купувањето на Вестминстер колеџот од Лондон по што Универзитетот станува и функционално меѓународен. Од вчера Европскиот универзитет е посилен со ангажман на 25 нови професори од Оксфордскиот универзитет. Меѓу нив е и угледниот англиски професор Дејвид Фалкнер, редовен професор на Лондон Универзити во Оксфорд, и директор и редовен професор на Економскиот факултет на Оксфорд Универзитетот

Европскиот универзитет Република Македонија, кој реализира студии во нашата земја но и во Англија, деновиве ангажира нови 25 професори од Англија, од Оксфордскиот универзитет. Меѓу нив се вбројуваат реномирани професорски имиња од овој угледен англиски универзитет. Во Скопје, во посета на матичниот Европски универзитет, дојде Дејвид Фалкнер редовен професор на Лондон Универзити во Оксфорд, но и директор и редовен професор на Економскиот факултет на Оксфорд Универзитетот. Професорот Фалкнер не го криеше своето задоволство од условите и системот на студии кои ги видел во Скопје, со проценка дека условите за студии, наставната програма и кадарот на Европскиот универзитет во Скопје се според строгите меѓународни стандарди.
- Импресиониран сум од условите што ги нуди Европскиот универзитет за студирање, и со намерата условите и системот на студии кои ги има овде во Скопје да ги пренесеме во Оксфорд, и во Лондон, и немам сомневања дека проектот за меѓународно ширење на скопскиот Европски универзитет ќе успее - вели Фалкнер. Според англискиот професор Фалкнер многу важно е што уште веднаш Европскиот универзитет во делот кој е во Лондон стартува со околу 1.000 студенти, кои се новозапишани или што преминале од други Универзитети и колеџи на лондонскиот Европски универзитет. Најголем дел од студентите се од Вестминстер колеџот воЛондон, како и студенти од Оксфорд.
Според информациите од претседателот на Прв приватен универзитет, Европскиот универзитет-Република Македонија, професорот Бојо Андрески, покрај професорот Фалкнер уште 14 професори веќе од вчера се професори и на Европскиот Универзитет.
-Се работи за 14 исклучително респектирани универзитетски професори од Оксфордскиот универзитет, како и пет професори од Арт и дизајн и пет професори од Информатика кои сега се наши професори-вели професорот Андрески. Тој појасни дека Европскиот универзитет пред еден месец отвори свое одделение во Лондон, на Оксфорд стрит и Фарингстон стрит.
-Од денеска и во Оксфорд веќе сме присутни како Европски универзитет. Професорите од Оксфорд ќе предаваат на студентите во Оксфорд и во Лондон во живо, но освен предавањата во Лондон повремено држат настава и овде, во Македонија, на македонските студенти. Со развојот на информатичките комуникациски технологии, освен предавањата во живо, професорите од Англија, за потреби на студентите во Македонија, ќе држат предавања и преку видео врски во живо. Европскиот универзитет, по ширењето во Англија, почнува реализација на приширување и во САД, Канада и Австралија. Со ова Европскиот универзитет станува прва македонска компанија воопшто која ќе има глобален карактер.
- Денеска бевме примени од новиот министер за образование Перо Стојановски и добивме поддршка за нашата иницијатива, вели професорот Андрески.
(В.Ма.)
Само не сваќам, се мисли на Оксфорд универзитетот или на некој универзитет во Oксфорд, зшто има гооолема разлика :toe:
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.580
Поени од реакции
1.885
овој во лондон е друг, а тој во оксфорд е друг
оксфорд е градче во кое има неколку универзитети
една копа студенти има таму
 

еци^^^

Walking the line of nature's palm
Член од
9 декември 2005
Мислења
2.945
Поени од реакции
58
Се е тоа ок, но нели може да ги ставате сите иновации на Европски универзитет во една тема. Некако не е интересно секој ден да се коментира по некоја нова реклама.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom