ЕУРО 2020 - Група А (Турција, Италија, Велс, Швајцарија)

Кои две репрезентации ќе се пласираат понатаму?


  • Вкупно гласачи
    55
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.320
Поени од реакции
57.791
И сега, како да го објасниме тоа што не беше досуден пенал за Италија во прво?

Раката издвоена од телото, го зголемува обемот за блокирање, спречи центаршут во шеснаесетникот.

Еве не ми е јасно, стварно УЕФА мора да организира некој вид на официјално обраќање со кое ќе ги појаснуваат овие работи.

Три прашања се клучни:

1.) Судијата и ВАР ја виделе раката и сметаат дека тоа не е пенал?
2.) Судијата не видел добро, ама ВАР немал капацитет да го повика да гледа?
3.) Судијата тврди дека нема пенал, ВАР инсистира да оди да гледа, овој не прифаќа;

Ако е првото, тогаш мора да ги кларифицираат еднаш засекогаш правилата, бидејќи според сите објаснувања тоа би требало да е казнива игра со рака. Ако, на крајот од денот овие ситуации остануваат на слободна проценка, тогаш тоа мора да биде потенцирано.

Ако е второто тогаш ВАР судијата на овој меч, веднаш треба да биде испратен во пензија, бидејќи не ја изврши единствената работа за која е платен - да го доведе главниот судија пред монитор.

А, пак ако е третото тогаш Макели треба да биде испратен дома од Европското. Истото што му го направија на Брих, кога одби да гледа ВАР на Швајцарија - Србија на светското првенство 2018та година.

За мечот, типична Италија против ваков неспособен противник. Имаат заслуга италјаните, ама Турција беше прелоша и преслаба и ниту еднаш не ги тестираше Киелини и Бонучи кои заедно имаат 70 години.
Не го гледав натпреварот и веќе знаевме дека судијата е докажано смрдле, ама УЕФА направи измени во правилото за игра со рака пред првенствово.

 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Турција се преценети на ова ЕП и сега има блам да допрат. Не знам од каде искочија само фаворити кај сите за тоа второ место па дури и за прво од некои, а реално имаат најслаб состав од сите 4 репки.

Швајцарија може има најслаб состав, ама секогаш оваа репрезентација имала кохезија и ретко киксала.

Велс дефинитивно има појак состав само од тоа што гледав кај нив фали воиграност. Го имаат Бејл плус уште неколку играчи од Тотенхем, Јувентус, Јунајтед. Имаат добри млади играчи во Хари Вилсон, Брукс и Ампаду.

Турција ги има само Чалханоглу и стоперите кој вчера реално беа катастрофални. Оние од Лил се ништо посебно од играчи. Шугава игра форсираат, имаат само удари од далечина.

Италија ми е како Англија, имаат игра ама кога ќе стигнат во крајна фаза се кочат, им фали завршен пад.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Како што кажаа и коментаторите вчера, ако Италија и Белгија завршат први во групата веројатно ќе налетаат еден на друг во четвртфиналето. Тука ќе биде правиот испит за Италијанците. Ама рано е да се прават калкулации уште, иако барем за овие две репрезентации не би требало да има проблеми да се први во групата.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.977
Поени од реакции
55.044
Зашо да се среди Инсиње? Очи да не му видам ама солиден беше денеска, како и обично. Константно си глодаа со Спинацола денеска по лева страна, кругчиња си вртеа лагано околу турчињата.

Малце бројки, Инсиње у последни 12 утакмици за Италија, само у една нема асистирано или гол дадено. Берарди у задњи 7 утакмици има 5 гола и 1 асистенција. Киеза од друга страна има послаб учинок и обично влага од клупа од причина што е повеќе играч за контра, експлозивен и брз а Манчини повеќе преферира доминација и креативност, затоа и го преферира Берарди чиј профил се фклопува совршено.
Па така малце ме нервира. :D
Филозофира и ја гуши топката. Ко што кажа и Моџо после тебе.

Добар играч е Инсиње, ама треба да има острина у нападите, многу е климав у завршна фаза.
 
Член од
22 август 2018
Мислења
192
Поени од реакции
81
Дали го забележавте корнерот на Италија што и свирна офсајд? Скоро секој корнер исто се поставуваа.Има ли од корнер офсајд или Италијаните не знаат правила?
 

RomanistaRIM

ASR1927
Член од
6 октомври 2014
Мислења
1.380
Поени од реакции
1.776
Италијанците имаат најслаба репрезентација во историјата од постоењето на италијанскиот фудбал.Во однос на генерацијата на Малдини па Инзаги,Дел Пиеро,Неста и компанија овие се за една класа испод.Турците се далеку од онаа генерација на Хакан Шуќур.Италијанците не победија затоа што се којзнае што туку турците беа тапа. Гледајки го финалето од Лига на Шампиони заклучив дека во цела Европа фудбалот е за класа испод од оној што се играше до пред 10,15 години.
Автоматски споено мислење:

Колку за споредба еве каков фудбал играа генерациите на двете репрезентации на Еуро 2000 во Холандија и Белгија во однос на овие сегашниве:https://www.youtube.com/watch?v=UaUmSRqaToA
Не знам каде напишав дека овие Италијанци се најјака генерација или не ти знам што, реално ако споредуваш со ЕУРО 2000 само Португалциве и Белгијците има подобар тим сега отколку што имале тогаш, не само жабарите и швабите имат најслаба генерација во моментот, но мојот пост се однесуваше за сега и реалните шанси кои Италија ги има да го освои првенството како главни фаворити од сенка и дека се потценети што на нив сигурно им одговара.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.977
Поени од реакции
55.044
Италијанците имаат најслаба репрезентација во историјата од постоењето на италијанскиот фудбал.Во однос на генерацијата на Малдини па Инзаги,Дел Пиеро,Неста и компанија овие се за една класа испод.Турците се далеку од онаа генерација на Хакан Шуќур.Италијанците не победија затоа што се којзнае што туку турците беа тапа. Гледајки го финалето од Лига на Шампиони заклучив дека во цела Европа фудбалот е за класа испод од оној што се играше до пред 10,15 години.
Абе секако. Ова вака на памет некој коа ќе пише....
Која црна генерација бе на Малдини.
Па Инзаги бе :D Дел Пиеро, Неста и компанијата сочинета од Гросо, Томази, Перота, Јакинта, Амаури, Ди Натале, Тони, Виери, Касано, Монтела, Амброзини, Ди Бијаџо и Ди Ливио.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.132
Поени од реакции
16.638
Велс колку се очајни, на ништо не личат. Би требало Швајцарија да го добијат натпреварот
 
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.741
Поени од реакции
2.665
Neprepoznatliv e ovoj Wales vo sporedba so 2016, edino James im e razigran i Davies koj dobro odraboti vo defanziva, se drugo e mrtvilo.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Бош натпревар во права смисла... Ајде белким во второ полувреме ќе се подразбудат малку и тие и тие.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.806
Браво. Појаки беа од Велс.


edit: небраво, оффсајд било
Автоматски споено мислење:

Жабарите ќе им го кажат филмот и на двете.
 
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.741
Поени од реакции
2.665
Se spasija Wales, remi ramno na pobeda e za niv.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Од Велс едино Ворд не заслужи да изгуби. За голман што нема ич брането неколку години, одличен перформанс.

Швајцарците би требало лагано со Турците да пројдат, па нека се тепаат Турција и Велс за трето место. Мада ми се чини ниедна нема да иде даље како третопласирана според ова што видовме досега.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom