Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 28.712
- Поени од реакции
- 59.954
Не го гледав натпреварот и веќе знаевме дека судијата е докажано смрдле, ама УЕФА направи измени во правилото за игра со рака пред првенствово.И сега, како да го објасниме тоа што не беше досуден пенал за Италија во прво?
Раката издвоена од телото, го зголемува обемот за блокирање, спречи центаршут во шеснаесетникот.
Еве не ми е јасно, стварно УЕФА мора да организира некој вид на официјално обраќање со кое ќе ги појаснуваат овие работи.
Три прашања се клучни:
1.) Судијата и ВАР ја виделе раката и сметаат дека тоа не е пенал?
2.) Судијата не видел добро, ама ВАР немал капацитет да го повика да гледа?
3.) Судијата тврди дека нема пенал, ВАР инсистира да оди да гледа, овој не прифаќа;
Ако е првото, тогаш мора да ги кларифицираат еднаш засекогаш правилата, бидејќи според сите објаснувања тоа би требало да е казнива игра со рака. Ако, на крајот од денот овие ситуации остануваат на слободна проценка, тогаш тоа мора да биде потенцирано.
Ако е второто тогаш ВАР судијата на овој меч, веднаш треба да биде испратен во пензија, бидејќи не ја изврши единствената работа за која е платен - да го доведе главниот судија пред монитор.
А, пак ако е третото тогаш Макели треба да биде испратен дома од Европското. Истото што му го направија на Брих, кога одби да гледа ВАР на Швајцарија - Србија на светското првенство 2018та година.
За мечот, типична Италија против ваков неспособен противник. Имаат заслуга италјаните, ама Турција беше прелоша и преслаба и ниту еднаш не ги тестираше Киелини и Бонучи кои заедно имаат 70 години.
Will the new handball rule be used at Euro 2020? | Goal.com
Goal has what you need to know about whether or not the latest edition of the handball rule will be used at Euro 2020
