ЕП 2016 - Група Е (Белгија, Италија, Ирска, Шведска)

  • Креатор на темата ob1
  • Време на започнување

Која репрезентација ќе заврши како прва во групата Е?


  • Вкупно гласачи
    24
  • Гласањето е завршено на .
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Чекај, чекај. Првенствово конечно добива смисла. Република Ирска е во 1/8 финале. :vozbud:



:pijani:



 
Последно уредено:
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.498
Поени од реакции
2.779
Jaс после првата утакмица неможев да разберам што бараат Шведска на првенствово?!
Мислам целта не ми е јасна за што дошле дечките на првенствово. Па помртва репрезентација немам гледано на првенствава бе. Ајт сиктер таму со Дурмаз, Еркин, Гуидети.
Иначе ставајте куќи, коли, станови, ниви, женски, кучиња, мачиња... све што имате у вас ама Ирска на Франција за раката на Анри мамицата мамина ќе им ја изебе.
 

JUVE_Ultras

Ragazzo della piazza
Член од
22 септември 2010
Мислења
2.451
Поени од реакции
3.968
Баш ми ќеиф што испаднаа Шведска.Им се врати за она братско реми со Данска во 2004 кога ја исфрлија Италија уште во групи.Џиџи беше дел од таа репрезентација на Италија 2004,па затоа му е вака мило што иде Ирска ,а не Шведска понатака :D
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Jaс после првата утакмица неможев да разберам што бараат Шведска на првенствово?!
Мислам целта не ми е јасна за што дошле дечките на првенствово. Па помртва репрезентација немам гледано на првенствава бе. Ајт сиктер таму со Дурмаз, Еркин, Гуидети.
Иначе ставајте куќи, коли, станови, ниви, женски, кучиња, мачиња... све што имате у вас ама Ирска на Франција за раката на Анри мамицата мамина ќе им ја изебе.
Ирска ќе ја победела Франција:pos:..дада секако..ако се случи некако даму падни авионот на Французите или пак да се разболат сите до еден па да излезат со младинци и со Жињак во нападот..па Ирска ако биди 100% мотивирана тогаш верувај Франција ќе биди дупло повеќе поради подршката од фановите ..има да ги сомелат бе каква Ирска 1 и т1 сигурица
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.057
Поени од реакции
17.751
Ирска ќе ја победела Франција:pos:..дада секако..ако се случи некако даму падни авионот на Французите или пак да се разболат сите до еден па да излезат со младинци и со Жињак во нападот..па Ирска ако биди 100% мотивирана тогаш верувај Франција ќе биди дупло повеќе поради подршката од фановите ..има да ги сомелат бе каква Ирска 1 и т1 сигурица
Џони братко ако по некоја случајност Франција некако испадне од Ирска, мислам дека слободно ќе може да си го заклучиш профилот :icon_mrgr:
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Џони братко ако по некоја случајност Франција некако испадне од Ирска, мислам дека слободно ќе може да си го заклучиш профилот :icon_mrgr:
Секако дека Франција ќе испаднат од тие неписмените шо не знаат три паса да сврзат, нема грешка.
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.057
Поени од реакции
17.751
Секако дека Франција ќе испаднат од тие неписмените шо не знаат три паса да сврзат, нема грешка.
Абе и јас не верувам Франција да испадне во толку рана фаза, ама фудбал е што ли се нема случено.
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.106
Поени од реакции
3.952
Абе мене Ирците ми се фетиш и за нив навивам али но сенс ми е чоек да рече дека ќе ја елиминираат Франција мислам дај не зезајте, едвај поминаа групна фаза, апсолутно чисто пошто Италија играше со резервен состав

Sent from my SM-N910F using Tapatalk
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.843
Поени од реакции
8.691
Абе да не ти е верно како Лестер успеа по 38 кола да биде шампион на Англија. А тука зборувате за еден меч, така да се е можно :)
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Ќе ги прегазат бе..Ирска нема сила,нема фудбалско знаење,нема поединци што можат гол од ништо да дадат,плус Ирска играше два или три дена после Франција (ме мрзи да проверувам),поуморени се...Франција играа тренинг натпревар против Швајцарија и влегуваат далеку поодморени и помотивирани..1 и т1 2+ е сигурица...уплатете си ја и одете си по парите како луѓе наместо да тресите глупости по форуми да ви се смеат луѓето :D
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Да, пошто Албанија со јаката одбрана е чест учесник на СП и ЕП :)
Не е релативизирање туку е реалност, што тоа не е точно дека беа во група со екипа помалку, дека имаше еднаш во 1000 утакмици ситуација со дронот и сето тоа што следуваше, дека ЕП не е со 24 екипи?
Секако дека и одбраната имала влијание на тоа што се пласирале ама е можеби 10% од пласманот. Си пресметале луѓето дека им се пружа еднаш шанса во нивната историја за пласман, го направија тоа што го направија со дронот, србите реагираа како што реагираа, се коцкаа дека тој судот ќе им додели бодови и одземе на Србија и успеаа. Ако тоа не е склоп на околности тогаш не знам што е.

Полесно е да го чекаш да направи нешто баш ако си играч.
Сите деца се палат на роналдовци (дебелиот и манекенот) месиевци, роналдињовци, порано овен или ван бастен (од последниов имав оранж дрес со црно лавче) сите играат фудбал за да дадат гол и да се ``главни`` нема дете кое ќе сака татко му да му купи дрес од Бускетс (или ако постои некое такво татко му треба сериозно да се загрижи) или од Смолинг или Киелини, значи нема дете што почнува да тренира за да биде стопер ил бек, покасно тоа доаѓа.

Некој напиша за тоа веќе и точно е, тие со две леви нозе или бандери или што се одбива топка како од камен - тие ги праќаат назад или на гол, никој не сака да биде голман. За фудбалските школи не знам точно ама што имам слушано и таму сите деца се запишуваат со фантазии за да даваат голови и сите сакаат напред, после нормално има филтрирање и реалноста е таа што некој е граден како Мертезакер и ако има среќа да биде сидро во напад ако не назад ќе чека противнички напаѓачи.

Точно е дека добар дефанзивец можеш да произведеш ама јак напаѓач тешко, тука доаѓа и факторот талент кој не може да се измери.

Роналдо пред да стане глобален бренд мораше да даде еден куп голови и да направи еден куп асистенции на врвно ниво, не му падна од небо тоа, исто и Бејл и Суарез и други. И затоа се цените такви какви што се, затоа што јак одбрамбен ќе произведеш или ќе најдеш замена а за јак напаѓач тешко.
Знаеш зошто има наклоност кон напаѓачите? Затоа што публика генерално сака да гледа голови, акции, драми, шутеви на гол, тоа било и пред мас-медиумите и телевизијата, публика генерално не сака утакмици со три шута на гол од кој еден завршил на трибини, со исклучок на ``стручњаците``, нив не им сметало и мачење на топка како меѓу Италија и Шведска, не дека се италијани или швеѓани па навиваат, туку дека го ``знаат`` фудбалот.



Како Ирска со Белгија 9-0-1 формација, петмина пред голман, четири околу линија на 16 и Лонг некаде на центар, навистина многу е тешко да се постави таква формација, треба креативност и знаење...

Ова не е баш едноставен одговор туку одговор кој нема многу логика. Прво тврдиш дека потешка била дефанзива од офанзива, сега тврдиш дека дефанзивата била последица на немање квалитет, нели е полесна офанзивата и со тоа полесна за играње? Одлучи се.:)

Нема врска тоа, слабите екипи се бранат затоа што знаат дека не ги бидува да организираат акција и да се надигруваат. Кај некои тоа останало во ДНК како Италија па се бранат без разлика дали имаат јак состав со јаки напаѓачи или не.:)
Не е спорно дека публиката сака повеќе да гледа голови, акции, динамика, техника. Не е спорно и дека најголем дел од децата сакаат да бидат оние кои ќе даваат голови, ќе го одлучуваат натпреварот, ќе бидат херои. Луѓето реагираат на шокови, без разлика дали се позитивни или негативни, имаме длабоко вкоренета психолошка потреба да бидеме оној кој одлучува, оној кој е финален победник, лидер: Сите во главата себеси се замислуваме во таа улога, никој не сака да биде the guy who did ok. Затоа и повеќе остануваат во меморија, попрепознатливи се.. Сите го памтиме Роналдо кога дал гол, никој не го памти човекот што го спречил во тоа. И тоа е сосема нормално и не е воопшто спорно, не знам зошто си се мачел да аргментираш за нешто што не е тема на дискусија.
Ама од тоа не следува тоа што ти го тврдиш, дека е потешко да бидеш оној што напаѓа и дека тие вештини се потешки да ги “произведеш“. Може да има некаква врска, ама многу поверојатно е дека нема никаква.
И ја повеќе сакам да гледам таков фудбал, повеќе ме релаксира, го прават фудбалот поинтересен. Ама на крај, сите го глеаме фудбалот зошто има победник во него, а не зошто луѓе знаат да прават кул работи со топка.

За останатото, не тврдев ни една од тие работи, прво види внимателно што тврдев па после оценувај ја логиката. Не тврдев дека офанзивата е полесна, последната реченица од постот е дека мислам дека се подеднакво тешки, зошто не можеш да го одвоиш едното од другото во било кој спорт.
Ни тврдев дека играњето дефанизва е ради немање квалитет туку дека играњето офанзива или дефанизава е резултат на приоритетот на тимот, квалитетен или неквалитетен. На понеквалитетните тимови најчесто повеќе им одговара нерешен резултат, затоа повеќе се фокусираат на дефанзива. Тоа е поповолна ситуација за нив отколку за поквалитениот тим, затоа и помалку ризикуваат. Можат и да не го прават тоа и да пробаат да играат за контрола на топка или да се надигруваат кој ќе даде повеќе голови, ама понеквалитениот тим е најчесто понеквалитен и во контрола на топка и во напаѓање, па поверојатно е дека така ќе поминат полошо. Ако се фокусираат на одбрана, најголема е веројатноста дека ќе извлечат поволен резултат, отколку со било кој друг приод. Нормално, тоа не значи и дека ќе успеат во тоа, Пример, нападот на Реал или Барселона успеаваат редовно да ја отворат скоро секоја одбрана на понеквалитетен противник од нив, без разлика колку другиот тим се фокусира на одбрана.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom