- Член од
- 28 декември 2015
- Мислења
- 4.114
- Поени од реакции
- 6.605
- Возраст
- 46
Среќа што ова отрезнување дојде во групна фаза за Шпанија. Несреќа што добија тежок противник како последица на тоа во 1/8 финале.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Во право си појма нема, 2 ЛШ, Светско и Европско. Секој може тоа да го освои без проблем.
2016 година сме а не 2003..Дел Боске можеби беше некогаш добар тренер но во последните 3 години се покажува нефлексибилен и лош бидејќи не покажува намера односно не знае како да изменаџира со најквалитетната фудбалска репрезентација во светот каде идат најдоминатните екипи во Европа..со најперспективни млади играчи и најдобри школи..и овај ги зема умрените Силва,Фабрегас и Педро..па уште и ги игра..самиот ти си напиша дека стандарт ги промашува измените..а СП во 2014 беше дебакл од невидени размери..ниту еден повреден играч немаше и можеше да избира кој сака а тој јаде ќотек од Холандија и Чиле што беа тотално аутсајдери и со непознати играчи беа надиграни
Тренер што не знае да се прилагоди на екипата за мене не е тренер..и јас знам да бидам тренер на Шпанија и да ги играм СИлва,Иниеста,Бускетс,Фабрегас,Педро,Рамос.....сите овие играчи се изградени во својте клубови под палката на други тренери..Дел Боске не направи некој специфичен потег колку што паметам,ниту пак има пробано некој нов играч..односно да го проба Бруно Сориано од Виљареал што неможи да оди по теренот..а не го зеде Габи што игра на иста позиција и имаше маестрална сезона во Атлетико М...Дел Боске ја претерува со Ван Гал потезите
Заборави да спомнеш дека и Мората се посрамоти два/трипати и им сјеба 100% шанси.Силва несомнено е супер техничар, ама физички е катастрофа. Човекот после 55 минути за ништо не служи, па во Премиер лигата каде што тоа уште повеќе се приметува сигурно уште полош е. Готов е човекот.
Одбраната срамота е да е на она ниво, милион големи утакмици имаат изиграно а ги вртат како мали деца. Рамос камен, Хуанфран постојано е вон позиција, Де Геа прима смешни голови. Од лош полош. Рамос па уште изјавил од секој пораз се учи.
Мрш бе тенеќе едно, милион црвени картони и киксови имаш направено, начука 30 години и уште се глупираш како кога беше 18-годишен.
Дел Боске: ,,Јас не бирам кој ќе ги изведува пеналите''.
Поглупа изјава и од таа на Доменек, кога кажа дека гледал кој што бил во хороскоп и дали му биле наклонети ѕвездите за да го земе на СП.
Заборави да спомнеш дека и Мората се посрамоти два/трипати и им сјеба 100% шанси.
Незнам дали ја гледаше ама не сум сигурен што можеше да напраи Дел Боске. Знаеше дека Хрватска се опасни на контри, повлече крило за средњак да затвори и пак примија гол.
Само глуп тренер може да форсира со втор напаѓач на таков резултат и исход у група..
Периша менува страни цело време ако му закачиш човек. На него и на Пјаца не им е проблем да сменат страни (Пјаца не е некое големо име, но вчера со Шпанија имаше 8 успешни дриблинзи, повеќе од било кој играч на една утакмица и ја почна акцијата за вториот гол). Хуанфран и со него ќе се изнамачеше добро.Можеше да го затвори Перишич по десната страна, од каде што излегоа најголемите шанси со внесување на Васкез, кој ора во одбрана.
Не мора да значи дека ако повлекол крило и ставил уште еден бавен средњак ги решил проблемите со контрите, баш напротив.
Да секако дека секој би освоил со тие играчи.
Бар од тебе не го очекував да го напишеш ова.
Најголемата грешка на Дел Боске е селекцијата на играчи. Реши да го цица до крај тоа што го има и поради тоа е просечен тренер. Најголемите знаат кога да ја сменат играта или на истата игра да додадат некоја нова димензија.
Со овој фонд на играчи нема што многу да смениш, се знае играта, се знаат силните страни и слабостите. Проблемот е во селекцијата на играчите пред ЕП и што нема никакви промени во играта. Во 2012 Билиќ им ги откри слабостите,а веќе во 2014 секој дозна како треба да игра против нив.
Еден момент што Билиќ го спомна во анализата за ББЦ, е тоа што не играат воопшто со долги топки. Не префрлуваат од една страна на друга брзо и тоа многу ја олеснува работата на одбраната. Сите 10 играчи можат да се префрлат на десно кога таму е топката и да имаат време сите да се префрлат на лево кога ќе стигне до таму. Само една таква ситна промена во играта може да ја направи Шпанија каде каде поопасна,а Дел Боске ни тоа го нема вметнато.