ЕП Франција 2016 - стадиони

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
13.945
Поени од реакции
25.213
За првпат во историјата, едно ЕП ќе има 24 селекции кои ќе играат на нови, реновирани и најмодерни стадиони во Бордо, Ленс, Лил, Лион, Марсеј, Париз, Ница, Сен Дени, Сент Етјен и Тулуз.

Сен-Дени. Арена Стад де Франс


Капацитет: 81.338
Датум на отворање: 28. јануари 1998 година
Домаќин: Фудбалската репрезентација на Франција
Вредност: 30 милиони евра (реконструкција)

Изграден за потребите на Мундијалот '98-ма, Сен-Дени повторно ќе биде домаќин на едно големо натпреварување, овојпат Европско првенство. Модернизацијата на овој стадион ќе биде од локален карактер: на пример, УЕФА наложила да има 2.500 места за медиумите. Проблем број еден со овој стадион и натаму е превозот. Од најблиската метро станица до Стад де Франс има мост кој поаѓа преку една од најнечистите реки на светот.

Заработката е друга приказна. Најавениот потег за преселување на ПСЖ во предградието на Париз не се оствари, па сега организаторите се надеваат дека странските навивачи (читај Британци) кои ќе ја преплават земјата ќе потрошат 10 пати повеќе од просечниот француски навивач.

Марсеј, Арена Велодром


Капацитет: 67.394
Датум на отворање: 28 април 1935 година
Вредност: 267 милиони евра

На Велодром, како што кажува и самото име, никогаш немало еден сопственик. Стадионот на кој игра Олимпик Марсеј е домаќин и на рагби, бокс, тенис, хокеј на мраз, мото-трки, атлетика и велосипедизам. Навивачите на Марсеј никогаш не прежалија што нивниот клуб не е единствен сопственик.

Реновирањето на покривот и трибините започна во 2011-та и за три години беа елиминирани многу недостатоци. Благодарение на модернизацијата, Велодром се прошири и сега собира 67.394 седишта, како и прекрасен подвижен покрив. Од таа причина, навивачите наместо Велодром го завикаа Космодром.


Лион, Стадион на Светлоста (Стад де Лумиере)


Капацитет: 59.500
Датум на отворање: 29 јануари 2016 година
Домаќин: Лион
Вредност: 405 милиони евра

Идејата за нов стадион во Лион ја иницираше претседателот на овој клуб, Жан Мишел Олјас во 2007. година кога завршува хегемонијата на Лион во француската лига. Поради лошата финансиска состојба се одложуваше почетокот на изградбата. Друга причина за нов стадион беше и недоволниот приход од легендарниот Жерлан кој носел околу 20 милиони ева годишно. Предлогот падна на новиот стадион Стад де Лумиере или стадионот на светлината.

Новиот стадион ќе изгледа како дијамант и ќе биде првиот стадион во Франција изграден целосно од приватен капитал. Се очекува годишно да носи околу 100 милиони евра. На него ќе се игра групна фаза од ЕУРО 2016, вклучувајќи и меч од 1/8 финалето. Стадионот на светлината ќе биде спакуван со најсовремена опрема, Ви-Фи, електронски карти, како и мобилни апликации).

Уникатноста е во стаклената фасада која ќе ја менува бојата.


Лил, Арена Пјер Моруа


Капацитет: 50.000 гледачи
Датум на отворање: 17 август 2012 година
Домаќин: Фудбалскиот клуб Лил
Вредност: 282 милиони евра

Пјер Моруа е идеален пример како треба да изгледа суперсовремен стадион. Изграден е за само три години, а комплексот многу потсеќа на некои градби во градот. Има хотел со 250 соби, фитнес центар, ресторан, кафулиња, неколку илјади паркинг места наменети за различни возила од Бентли до велосипдеди.

Како што е планирано, на Пјер Моруа ќе може да се оди седум дена во неделата, а не само кога има фудбал. Секој сантиметар е со рекламен простор и големи простории за големи семинари. Посебна гордот е технологијата за „тркалање" на подлогата. За многу брзо време може да се добие сала за кошарка, одбојка или тенис. Месецов таму се одржува голем мотокрос настан. Организацијата на големите концерти тука станала рутина.


Бордо, Стад Бордо Атлантик


Капацитет: 42.115 седишта
Датум на отворање: 23 мај 2015. година
Домаќин: Бордо
Вредност: 183 милиони евра

Кога властите во Бордо сакаа да земат учество за Евро 2016, добија одговор дека локалниот стадион Стад Шабан Далма е премногу стар за ваков турнир.

Итно решија да ангажираат архитект и ја одбраа канцеларијата Херцог и Де Мерон, која беше ангажирана и на Алијанц Арена и на неверојатниот стадион во Кина, Птичјо гнездо. За самата изградба беа потребни пет години. Првиот натпревар го одиграа против Монпеље сезонава, а на трибините дојдоа преку 200 фудбалски ѕвезди предводени од Зинедин Зидан.

Стадионот му припаѓа на градот, на фудбалскиот клуб Бордо и рагби клубот Бордо. Стадионот е предвиден и за концерти и изложби. Дизајниран е така што стилот одговара на околината. Чисти и пространи улици и паркинзи и засадени гомила борови дрвја.


Париз, Стадион Парк на Принцовите


Капацитет: 45.000 гледачи
Датум на отворање: 25 мај 1972. година
Домаќин: ПСЖ
Вредност: Не е реновиран.

Засигурно еден од најкултните стадиони на листава. Трибините на овој стадион гледале многу финалиња. Првата верзија на стадионот е изработена во далечната 1897. година, но била смената во 1932 и 1972 година. Тековниот изгледа на стадионот го дизајнирал архитектот Роже Талибером, кој во тоа време направил важен чекор во изградбата на спортски објекти.

Стадионот од надвор има прстен од неколку тунели и булевари. Осветлувањето на овој стадион е совршено од сите агли. Сите работи на Паркот на Принцовите во последните триесет години се насочени кон подобрување на удобноста и внатрежноста. За Евро 2016 сериозни се разговараше за целосна санација на покривот, но проектот беше стопиран. Ќе се санира после ЕП.



Сент-Етјен, Арена Жофруа Гишар


Капацитет
: 41.500 гледачи
Датум на отвроање: јуни 2014. година
Домаќин: Сент-Етјен
Вредност: 58 милиони евра (реконструкција)

Жофруа Гишар, магнат и основач на најголемите Казина во Франција. Бил сопственик на земјата на која се изградил стариот стадион во 1931. година. Повеќе од 80 години легендарниот стадион изгледаше со скромни соблекувални, тушеви и канцеларии. Конечно, најтрофејниот клуб во Франција доби храм каков што му доликува. Иако последен пат беа шампиони во 1981. година, Зелените со право играат на еден од најубавите стадиони во земјата каде атмосферата е пеколна.

Најава за нов стадион имало уште во 2009. година. Идејата за рушење на стариот беше бојкотирана од Ултрасите и градот беше подложен на масовни протести, по што клубот се повлече од изградбата. Конечно одлучија капацитетот да се прошири на 7 илјади луѓе. На овој стадион обично врие како во котел кога игра Сент-Етјен и многу се разликува од другите.


Тулуз, Стадион де Тулуз
Наречен францускиот Вембли


Капацитет: 33.000 гледачи
Датум на отворање: октомври 2015. година
Домаќин: Тулуз
Вредност: 41,5 милиони евра (реконструкција)


Повеќето навивачи на Тулуз не знаат што е тоа трофеј. Тимот последен пат освои пехар наменет за победникот на Купот на Франција во 1957. година. На Стад де Тулуз не играле многу ѕвезди. Еден од нив бил Диего Марадона, кога промашил пенал на реванш мечот од Купот на УЕФА меѓу Тулуз и Наполи.

Пред СП 1998 годима стадионот ја доживеал и втората реконструкција и добил сосема поинаков изглед. Поради сличноста со англиските стадиони го добил прекарот мини Вембли. Во 2001 година, при една експлозија во локалната фабрика, стотици тони хемикалии го уништиле надворешниот изглед. 30 лица тогаш загинаа, а илјадници беа повредени.

Првично било предвидено да се зголеми бројот на седишта на трибините, но потоа одлучиле само да го нашминкаат. Го намалиле капацитетот на 33.000 гледачи, поради што стадионот ќе види само четири натпревари од групната фаза на ЕП.

Ница, Арена Ривиера
Најеколошкиот стадион во Франција


Капацитет: 35. 624
Датум на отворање: септември 2013. година
Домаќин: Ница
Вредност: 245 милиони евра


Ница - необичен француски град, Арена Ривиера - понеобична структура. Во текот на изградбата на стадионот, приоритет била заштитата на чистата средина. Арената се наоѓа во исклучително еколошки чиста област на 10 километри од градот. За да се избегне еко-катастрофа при изградбата, вложени се многу пари.

На покривот има 4.000 соларни панели. Тие може да произведат три пати повеќе енергија отколку што му треба на стадионот. Тревникот така ја добива потребната светлина. Системот за климатизација е насочен кон Средоземното море, а дури и самиот изглед на стадионот е во хармонија со природата. Од покривот, висинската линија продолжува кон планините кои се зад Арената.

На стадионот е сместен и Националниот музеј за спорт на Франција кој содржи повеќе од 100.000 предмети кои зборуваат за спортските достигнувања на оваа земја.


Ленс, Стадион Феликс Болар Делелис


Капацитет: 38.000 гледачи
Датум на отворање: 1932. година
Домаќин: Ленс
Вредност: 70 милиони евра (реконструкција)

Ленс е значаен индустриски град на Франција. Речиси сите директори на рударски компании одлучиле да земат учество во реновирањето на стадионот Bollaert-Delelis, наречен по бизнисменот од овој град кој го сакал спортот и во голема мера го помагал и фудбалскиот клуб. Стадионот во '30-те години го граделе рудари.

Вториот назив на стадионот бил Андре Делелису, во чест на поранешниот градоначелник кој го спасил стадионот во изумирање. Денес град како Ленс не можел да си дозволи да го пропушти ЕП. За среќа, Стад Болалерт-Делелис бил добро сочуван по реконструкцијата за СП 1998. година, а УЕФА дала зелено светло по козметичките поправки.

Тоа вклучува надградба на покривот, фасадата и трибините: намалување на вкупниот капацитет, но проширување на ВИП седиштата и седиштата за хендикепираните. Главна новост е што ќе може да се влегува со чип картички, а на стадионот има и киосци каде што може да се купува помфрит и реквизити на Ленс.


Превземено од off.net.mk
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.719
Поени од реакции
9.829
Велодром нема подвижен кров.Стадионот во Лил има.
Инаку за мене најубави стадиони се Лион и Бордо.Секако и Стад д Франс.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom