Духовно ЕКГ

Член од
12 мај 2009
Мислења
46
Поени од реакции
3
ДУХОВНО ЕКГ

од внатрешноста, од човековото срце, излегуваат зли мисли, блудства, кражби, убиства, прељуби, лакомства, пакости, лукавства, разузданост, завист, богохулство, безобѕирност, гордост, безумност“ (Марко 7:21,22).

Современиот свет манифестира зачудувачки молк во однос на состојбата на човечкото срце а арогантни социолози се исмеваат на потребата од небесна прошка. И како не би! Та нели свеста како високорганизирана форма на материјата, според законите на дијалектичкиот материјализам, прогресира, го променува човековото поведение надминувајќи ги животинските нагони. Еволуираниот човек го воведе човештвото во ерата на хуманистичкото општество.

А кои се плодовите на човекот со прогресирана свест? Безразборно ја силува оваа планета, ненаситно ги цеди нејзините ресурси оставајќи секојдневно да умираат по 24000 души од глад или болести кои се резултат на недохранетост. Хуманиот човек во последните децении измисли оружја способни да ја уништат Земјата и по којзнае кој пат покажа глад за геноцид и останати злодела против човештвото. Дваесеттиот век е сведок на повеќе масовни клања од сите останати – почнувајќи од Првата светска војна, преку вселенски познатиот Аушвиц, па кинеската културна револуција, потоа камбоџанските полиња на смртта, колежите во Босна и Бангладеж и неколкуте милиони истребени во Руанда и Судан. Во последните 100 години во војни и останати геноцидни дејства погубени се повеќе од 200 милиони луѓе.

Фактите го потврдуваат Божјото ЕКГ – човечкото срце си останува лукаво, расипано (Јеремија 17:9). А може ли добар кардиолог да забележи темна дамка на срцето и да не реагира? Може ли Бог да ги гледа гревовите во нас и да остане рамнодушен?

„ако некој е во Христос, тој е ново создание; старото помина, еве сè стана ново“ (2Коринтјани 5:17).

Бог прави нешто многу повеќе од било кој кардиолог. Нуди трансплантација, целосна замена. Ни дава можност да влеземе во Божјото царство не со лекувано, туку со сосема ново срце, Неговото. Светото и расипаното си ги разменуваат местата. Наместо на нашето крадливо, лажливо и порочно срце ни Го нуди Неговото Чисто, Свето и од ништо неизвалкано срце.

Би одолеал ли на таква понуда?
 
J

Johnny Stulic

Гостин
Имам еден комшија со ампутирана нога секој ден се моли и чека социјална помош за да ја прехрани фамилијата, мене ме чуди зошто Бог не му даде нога за да слободно може да оди на работи и во црква и да му го олесни животецот на тој посветен верник или пак месаја е само кардиолог.

Чекам едно чудо покрај сите чуда од Бог како излекувани од рак,сида,пнеумонија,лудило итн итн барем на еден верник кој немаат некој дел од телото да им пораснеше нека биде тоа и мало прсте од лева рака.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom