Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Д.
дојдов само да ти кажам дека ми се роди братучедче :):)

не можам долго да останам ( за жал) зашто нетов е катастрофа и на секои 5-6 мин ми паѓа (n)
ај ча0 :)
 
Имам 5 години кога сум среќна и отскокнувам како мало дете, имам 10 години кога сум умислена и кога го подготвувам куферот, имам 15 години кога ќе го земам телефонот очекувајќи дека некој ме барал и кога правам нешто без да го кажам на моите родители, имам 20 кога мислам деа сум видела се во животот, имам 40 кога мислам дека можам да правам се сама, имам 60 кога почнувам да се каам за нешто,имам 90 години кога ги повторувам секогаш истите работи, имам 100 години кога добивам нешто што не верував дека ќе можам да го имам, умирам секогаш кога некој ќе ме напушти ...:oops:
 
Така е Кај, зошто па би спиел навечер кога пола памет ми останува побуден од што сум ј во текот на денот. Не можам да си се поднесам ваков, а веќе цел месец терам вака. Screw my ability of sympathy over others.
И да речам од утре (денес е веќе) дека ќе свртам нов лист, знам дека it wouldn't happen.
Битно и на сам себе сум си досаден веќе, а не на оние што ме слушаат.
И Кајго, луѓето што ти се најблиски најдлабоко го зариваат ножот...

Одјава со надеж за краток сон.
 
Драга.
Колку помалце знам,толку помалце се замарам. Али..тогаш кога ќе решам да не се замарам, работите сами ми се тупнуваат во лице и само ми се редат еден куп на дилеми,заговори и слични примеси кои ми ја полнат главата. Како да немам за шо да се замарам па сега уште вакви срања..Али таков сум јас кога со главата одам низ ѕидот.. Кога ќе си продлабочам малце во главава ме фаќа страв од какви мисли имам,за какви срања размислувам..Замисли порано живеев во тој бедилук,во таа темнина, а денес види ме сум далеку од тоа,иако некогаш знам да се приближам до границата. Искрено страв ми е да не паднам пак на дното, пошо знам дека нема да имам сила да се исправам пак, да покажам среден прст пак, да исплукам се живо и диво пак.. Заради сето ова целиот живот ми е борба за опстанок. Секој ден поминува со претпазливост,затегнатост..Тензија е правилниот збор. Живеам во тензија драга моја. Мака ми е за се иначе, само чилам поголем дел од времето. Баран сум од многу луѓе на секаде. Дали во живо или на нет, али скратив контакт со сите живи битиа и само си правам некои соло проекти и психички си ја опоравувам главата, ги доведувам коцките во место.. Тешко е да ме изнервираш деновиве, пошо не се замарам многу.. Толку не се замарам што и ретко правам муабет, баш се интересирам дали се враќам на онај истиот јас. Ми фалат тие денови,но ќе видиме на што пат ќе завршиме. Бо еј за еден сат треба да ,,станам‘‘ од спиење..Don't ever do drugs my dear, leave that to me..
Ма јебеш све ми се пријаде..
I'm horny..DAAAAMN GIRL ! xD
Те оставам јас,уживај си ти лесно ти е тебе, си го нареди животот..
 

Слободно паѓање. Крушка ипол.

Јули - месец на крварење во празнина.

Кој вели дека, нештата не се менуваат? Се менуваат додека не ги гледаш. Јас, и мижеечки, подобро гледам.
Подиумот вечер ќе каже збор два, па... ќе видиме што ќе се случи.
Еден куп хромозоми во напад.
Време - енергија - главоболка.
6 коњака и афробитови, не е баш лесно, нели.

Салут.
 
Два дена без нет ми се учинија како две години, кој би рекол дека за толку ситници зависиме од една електронска направа за пренос на податоци. И да, веќе добив неколку жалби дека ме нема, сум се дигнал, игнорирам ФБ и МСН а причината е толку банална, немаш нет. Ќе дојде време кога ќе треба да вадиш оправдание од нет операторот дека стварно имале квар на мрежа за да докажеш дека никого намерно не игнорираш.

Како и да е се вратив во живот, имам нет (сарказмот е намерен) :).
 
Пуштив sis душа готово.. бегам да спијам
 
Кажав претходно дека ќе ја пишувам првата македонска рок опера после Септември, во меѓувреме се трујам за инспирација со следниве албуми

Frank Zappa - Joe's Garage
Husker Du - Zen Arcade
Pink Floyd - The Wall
Dream Theater - Scenes from the Memory
David Bowie - The Fall and Rise of Ziggy Stardust and the Spiders of Mars
Fucked up - David comes to Live
Lou Reed - Berlin

Денеска добив инспирација за сценариото, ќе се работи за девојка по име Тина, првиот дел (5 песни) ќе го опфати периодот на раните тинејџерски години, проблемите со рабирањето на останатите, експериментирањето со дрога, секс, и безвезни пијанки во барови и приватни журки.
Вториот дел (5 песни) е делот кога ја најдува вистинската љубов, заедничкиот живот со него, емоционален пад кога тој ја изневерува, депресивноста по излегување на врската и барање на виновник, затворање во сопствениот свет и самоубвинувањето за личниот неуспех.

Третиот дел (5 песни) е кога се бори со зависностите и депресијата во душевна болница, нејзините гротексни размислувања, луцидни соништа и уплашеноста од допирот со реалноста.

Четвртиот дел (5 песни) е враќање во реалноста, барање на работа, одбивање да се врати на старите навики, случајна средба со непознат маж, и повторно заљубување.

Бонус трака
Планирам финишот да биде адаптирана опера, во моментов ми е најприкладна Nessun Dorma не знам зошто, нешто слично вака само малку хмм повесело


Барам бенд да ја исвири (можам да поможам на бас) кој сакам да звучи отприлика вака-


 
Само сакав да ти кажам да не се жалип на гужвата во сообракајот бидејки не знаеш што е гужва .--- надополнето: Jul 2, 2011 6:33 PM ---

 
Од дома поубаво нема, кој како сака нека вели. Дојдов дома на викенд, иако денот ми започна малку тмурно и со мрчење, но како одминуваше така и мене ми се поправаше расположението. Татко ми по некое чудо највеќе придонесе за моето расположение. Ме изненади, бил во село и кога дојде донесе слануток, ахх колку само бев пријатно изненадена. За миг ми прелетаа сеќавањата кога го почуствував солиникавиот вкус на лушпата и го вкусив првото зрно. Се видов себеси пред едно 15-16 години, кога одев почесто во село и таму се задржував подолго, но откако изумреа баба ми, дедо ми се запусти се. Ми навреа спомени, кои ете не биле заборавени туку само потиснати. Се сеќевам дека бев напорно девојче, кое се прашува и сака да знае, поради тоа што многу досадував, дедо ми бог да го прости и не ме поднесуваше многу. Најчесто ова време престојував од почетокот до крајот на јули кога беа жетвите, кога беше најтопло. Тато вели дек селото ептен се запустило, останале само околу 20 души и тоа се старци кои станале отпорни на времето и кои едвај чекаат да најдат вечен мир и спокојство. Знам дека уште тогаш за разлика од другите во околијата, нашето село беше едно од помалку населените, но сепак на лето се собираше народ. Во текот на летото обично останував по неколку недели, некогаш времето ми беше исполнето, но некогаш и плачев за дома, е тогаш веќе никој не ме сакаше. Но како и да е тие гостувања беа една од најубавите работи во моето детство.
 
Кајг,
Давам чесен збор дека јас веќе не читам ИлузионисТ!! ајде бе срце ќе ми застане језа работи има..ја со цел памет сама дома, во 12 навечер ќе читам. Иди па заспиј сега а?
Ае идам јас, кичмава ме убива, средив работа вчера кога се убив на цименто.
Ајт поуз :love:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom