Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
Толку сум изморен од работата што не можам да функционирам како што треба.Но тоа е најмал проблем.Единствено нешто добро е што престанав со коцка.Но и тоа е џабе кога има уште стотина млади во градов кои ќе си го уништат животот и нема да престанат.Оваа недела секој ден после работа го слушам Lil Peep како да се опуштам а се лажам самиот себе напротив со неговите песни паѓам во уште поголема депресија.За оние кои не го знаат ликот не е повеќе меѓу нас а почина од предозирање на 21 година.Ако до 21 продолжам вака односно останам во државата најверојатно и јас ќе завршам како него(нема да се предозирам сигурно но едноставно нема да можам да продолжам после сите срања овде)
Те сакам М од првиот момент кога те видов пред 7 години во школската сала.Веќе 4 години сум далеку од тебе а имав можност 2 години да бидам близу до тебе но не успеав во тоа да останеме заедно засекогаш.А се трудев но знам дека не беше доволно.Те сакам М и ќе те сакам до крајот на животот иако најверојатно ти ќе ја напуштиш државата за два месеца а и јас се надевам дека 2019 ќе ја дочекам надвор од овде и повеќе никогаш нема да се видиме.Последната шанса ја испуштив пред десет месеци и готово е засекогаш.
Поради тоа што те немав покрај себе секој ден го живеам како да сум натеран на тоа.
Може е и подобро вака зошто едноставно не те заслужувам
Вечно ќе ги паметам сите моменти поминати заедно иако ти веќе сигурно си ги заборавила.
Те сакам М.
Ниедна не е како тебе
Fuck mu life can't save that girl!!
 
Последно уредено:
Член од
16 јули 2017
Мислења
57
Поени од реакции
296
Зборам со тинејџер за дување и го прашувам: страв ти е да не те дознаат родителите? Ми врати: само глумам дека се забављам во животот ко нив и праам по некое селфи, па не ме откриваат. Егзистенцијализам 101.
 

раднаскела

Wubba lubba dub duuuub
Член од
7 февруари 2011
Мислења
1.684
Поени од реакции
1.990
Работа = Пост трауматик стрес дизордер
Значи работам 12 дена без одмор, по 12 часа, другите колеги кур прчат на краците у библиска македонија. Петок едниот се врати, значи сабота и недели слободен. Пиење јако у петок за у да си легнам у 4 сабајле. И ондак у 7 ипол да станам без аларм за факинг работа и да не можам да спијам цел ден со мамурлук. Животе, пиво од 0.330....
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.390
Поени од реакции
3.418
Скоро половина месец сум во Германија и мислам дека ќе поцркам за домашна храна кај и да е а тек онаму септември кај е. Со јадење немаат благе везе, кое од кое повештачко, попластично, цели торти акнале во фрижидери бе замрзнати стојат по цел месец кој ги купуе кој ги јаде:facepalm:
За месо ич да не зборам, исповакумирано, извештачено, ужаси, нит мирис нит вкус.Кај нас 575789 различни сувомеснати работи а кај нив се е салама, салама, салама.Тиибам саламата.
Пиво не коментирам, поефтино од сокови и вода:pijanco:а има сите да ги пробам, сега до 5тото стигнав.
Чоколади(y)


Ах, златно дома има цел двор да го докорнам па ќе се дебелеам со мерак.
 
Член од
9 ноември 2017
Мислења
523
Поени од реакции
1.161
Ставила слика на 22ри Јули и пишала Hello summer. Ради тоа не не примаат во ЕУ, не ради името.
Инаку ми се направи ќеиф да си купам професионален апарат и ајде ќе чувам пари од платата. Вчера вечер беше payday, а јас на афтер спичкав 1/3 од парите. Не се чуваат така пари дечко, ама пак што да правам лето е. Hello summer. :D
 
D

dobramuzika

Гостин
scary stories и кафентсе после два саати пат само за да направам размена со стрипови.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom