До 2015 раст од само 3,3%-ММФ

Член од
14 мај 2012
Мислења
146
Поени од реакции
50
ДО 2015 РАСТ ОД САМО 3,3%?!

Александар Јанев

Македонската економија во следните неколку години ќе расте со просечна годишна стапка од само 3,3%, покажуваат најновите проценки на ММФ. Тоа значи дека ветувањата на Владата за забрзување на економскиот раст до 7% во 2015 година остануваат само желби испишани во предизборните програми. Со просечен раст од околу 3% македонската економија нема да ја стигне европската ниту за 100 години

Како до побрз економски раст?
25% од БДП инвестиции на државата во инфраструктура
да не се зголемува бројот на вработени во администрација
олеснување на пристапот до капитал за компаниите
ефикасна борба против корупцијата во јавниот сектор

М

акедонската економија ќе биде заглавена во криза и во следните неколку години, а ветувањата на Владата за забрзување на растот со годишна стапка од 7% остануваат само желби испишани во предизборните програми. Според најновите проценки на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), македонската економија до 2015 година просечно ќе порасне 3,3%, што е многу слабо темпо на раст за земја во развој. Не се разликуваат ниту среднорочните прогнози на Виенскиот економски институт, Светската банка и на Европската банка за обнова и развој. Економистите лицитираат со различни бројки, меѓутоа едногласно коментираат дека тоа е бавно темпо на економски раст, недоволно за да се почувствуваат позитивни ефекти врз невработеноста и подобрување на животниот стандард на граѓаните.
Светската банка во својата последна анализа пресмета дека со просечен годишен пораст на БДП од околу 3% на Македонија ќе ѝ требаат 86 години за да го достигне просечниот животен стандард на жителите во Европската унија. Но, со стапки на раст над 6% Македонија ќе се приближи до просечниот БДП по жител во ЕУ за околу 25 години. Затоа, меѓународните финансиски институции постојано сугерираат фокусот на економските политики да се стави на забрзување на растот.
Точно е дека европската економија се соочува со тешка економска криза, која остава сериозни последици и врз Македонија, особено затоа што најголемите трговски партнери на домашните компании се во рецесија. Меѓутоа, во такви услови, Владата не може да ја користи кризата како алиби за економскиот неуспех на земјата, бидејќи тој, всушност, се должи и на слабите економски политики што се применуваат на домашен терен.
Што треба да направи Владата за да создаде поконкурентна економија и да изгради стабилни темели за побрз развој? Економистите оценуваат дека се потребни длабоки реформи на економската политика, кои ќе обезбедат динамичен економски развој – нов економски модел за зголемени инвестиции, раст на извозот, зголемување на вработеноста, подобар животен стандард, бидејќи и по 20 години од осамостојувањето на Македонија земјата сè уште се соочува со клучните економски проблеми - висока небработеност и сиромаштија, пад на производството и извозот, а зголемување на трговскиот дефицит, раст на задолженоста на земјата и дома и во странство.
Една од клучните препораки на меѓународните финансиски институции до Владата е да инвестира повеќе пари за капитални објекти, меѓутоа за изградба на автопатишта и железнички пруги, кои на долг рок ќе генерираат профит за инвестициите да бидат исплатливи.
„Сега е вистинско време да се гради инфраструктурата во неразвиените земји, за тие да обезбедат потенцијал за поголем економски раст во иднина“, пишува во заклучоците што ги објави ММФ од последните пролетни средби во Вашингтон.
Меѓутоа, додека монетарците заговараат инвестициска буџетска политика за неразвиените земји, Владата повторно ги скрати парите од Буџетот за капитални инвестиции, со што големите инфраструктурни проекти што требаше да ја преродат економијата ќе останат нереализирани.
„За да се забрза економската активност, јавните инвестиции треба да изнесуваат повеќе од 25% од БДП, во инфраструктурата и образованието, што во вашиот случај е далечна граница. Иако Владата направи значаен напредок во подобрување на бизнис-климата, постојат уште многу проблеми што треба да се надминат“, анализираат од Светската банка.
Откако Владата ги скрати трошењата од Буџетот за годинава, за инвестиции во капитални објекти останаа само 350 милиони евра, што е само околу 5% од БДП. Затоа, Македонија не може да се пофали со добра инфраструктура, која ќе ја прави да биде поконкурентна во однос на земјите од регионот. Затоа, странските инвеститори, наместо во Македонија, многу почесто одлучуваат да отвораат фабрики во Србија, Бугарија, Хрватска, Црна Гора. Меѓународните финансиски институции анализираат дека постојат неколку клучни аспекти кои се најважни за динамизирање на економската активност. Сугерираат земјата да продолжи да ја одржува макроекономската стабилност преку ниско ниво на буџетски дефицит и јавен долг, како основа за одржување на ценовната стабилност и зголемување на конкурентноста на извозот.
Во однос на деловната клима, Светската банка повторно ги нотира клучните пречки на Македонија за водење бизнис, а тоа се отежнатиот пристап до капитал, слабото судство и корупцијата во јавните институции, долгото чекање за дозволи за градба и затворање бизнис. Меѓународните експерти коментираат дека побрз економски развој може да се постигне само доколку постои прецизна визија и голема посветеност од страна на Владата за да се постигне подобар резултат. Според најновите податоци на Светската банка, Владата во последните неколку години постигнала добри резултати во напредокот и во ефикасноста во работењето, но сепак, значително заостанува зад другите земји во регионот. Како најклучни забелешки се наведуваат политичката нестабилност во земјава, контролата на корупцијата, владеењето на правото и ефективноста на Владата.
Што не треба Владата во никој случај да прави доколку сака да обезбеди побрз економски развој?! Меѓународните експерти сугерираат да не се субвенционира енергијата, да не се зголемува бројот на вработени во јавниот сектор и на тој начин да се намалува невработеноста, да не се кратат буџетските дефицити преку кратење на капиталните инвестиции, да не се применува државен интервенционизам на заштита на одредени фирми и сектори.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
И 3,3% е далечен процент, годинава ако ја завршиме на плус треба да сме среќни.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Свет

Рецесијата ги погоди источна и централна Европа

16.05.2012

Чешката економија во првото тримесечје од оваа година „потона“ трет пат по ред, додека Романија повторно влезе во рецесија, како последица од кризата во еврозоната и строгите мерки за штедење кои му наштетија на домашниот пазар.
Романија, втората најсиромашна земја во Европската унија повторно влезе во рецесија, при што во првиот квартал ослабе за 0,1 отсто во однос на претходниот квартал. Причина беа лошите временски услови, кои во јануари го запреа производството и го намалија извозот во еврозоната.
Чешка, чија влада ги намали трошоците и ги зголеми даноците поради фискалниот дефицит, доживеа пад поголем од очекуваниот или од 1 отсто во однос на последниот квартал.
Економијата на Унгарија потона за 1,3 отсто, со што ги исполни техничките услови за рецесија. Рецесија настапува по три последователни квартали со негативен економиски раст.
Бугарија, исто така, беше погодена ладниот бран и од стагнирањето на еврозоната, при што стагнираше во однос на претходниот квартал. Единствена земја која не му потклекна на овој тренд еСловачка. Оваа членка на еврозоната зајакна повеќе од очекуваните 0,8 отсто, како резултат на зголеменото производство на „Volksvagen“.
Полска, најголемата економија во регионот и единствена земја која не западна во рецесија ќе ги објави своите квартални резултати на 31 мај.
извор http://www.denar.mk/MK/svet/1753/recesijata_gi_pogodi_istochna_i_centralna_evropa.aspx
 

Kajgana Shop

На врв Bottom