Доситеј

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
На човеков му беше подигната статуа во дворот на Соборниот Храм како еден од најзначајните за нашата црква...дали има некој детали околу неговото право име и презиме потекло...т.е биографија? Да знаеме по нешто барем за значајните луѓе
 
Член од
8 декември 2007
Мислења
254
Поени од реакции
9
Prasanjeto jas go razbrav kako da e upateno za prviot arhiepiskop na nassata MPC posle proglasuvanjeto na aftokefalnosta ili ne? Zasto gledam nekoj pisuva za srpskiot pisatel Dositej Obradovic. Ako e nesto za nasiot ke se potrudam da najdam denovive. Mozebi sabota.
 

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Prasanjeto jas go razbrav kako da e upateno za prviot arhiepiskop na nassata MPC posle proglasuvanjeto na aftokefalnosta ili ne? Zasto gledam nekoj pisuva za srpskiot pisatel Dositej Obradovic. Ako e nesto za nasiot ke se potrudam da najdam denovive. Mozebi sabota.
Добро си сватил,за него се работи,а не за српскиот писател
 
Член од
1 февруари 2007
Мислења
408
Поени од реакции
15
Архиепископот Доситеј е роден во Мариово во 1906 година, се замонашил спроти Благовештение во 1924 во манастирот „Света Пречиста“, Кичевско, завршил богословија во Битола во 1937 година и Богословски факултет во Белград 1942 година. Од 1946 година бил поставен за управник на Патријаршискиот двор во Сремски Карловци, а во мај 1951 година бил избран за епископ и на 22 јуни хиротонисан за викарен епископ на српскиот патријарх. Во октомври 1958 година на Црковно-народниот собор во Охрид бил избран за поглавар и возобновител на Охридската архиепископија, како Македонска православна црква. Оттогаш па се до упокојувањето во мај 1981 година Доситеј раководел со Македонската православна црква. Под негово раководство се оформил Светиот архиерејски Синод, се организирала Црквата, се зголемиле епархиите и се отвориле Богославијата и Богословскиот факултет.
 

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Дознав дека Димитрија Стојановски или така нешто му било правото име
 
Член од
1 февруари 2007
Мислења
408
Поени од реакции
15
незнам не сум се заинтересирал за световното име
 
Член од
8 декември 2007
Мислења
254
Поени од реакции
9
ПОПРАВКА!
Г.Г Доситеј се родил во пазувите на прекрасната планина Бистра во село Маврово,во западниот дел на Македонија.(не е Мариово)
Старото потекло на неговата фамилија се претпоставува дека,многу одамна се дојдени од Егејскиот дел на Македонија.
Неговото цивилно име е Димитар Стојковски. А неговите родители се Лазар и Софија, кои имале осум деца од кои две рано починале.
Имината на останатите деца се:Станка, Катерина, Милица, Димитар,Милорад и Петар. Димитар бил роден на 7 Декември 1906год како четврто дете по ред на оваа Македонска фамилија. Во 1922 се запишува во Богословијата на СПЦ во Сремски Карловци,каде неговите професори не му биле баш наклонети кога разбрале дека е од Македонија. Ја напушта Богословијата пред време и се повлекува во манастирот,,Св.Богородица-Пречиста,, кај Кичево. На прашањето зошто замина од Богословијата тој одговорил:,,Тоа била промисла Божја,со мене управувала силата на Св.Дух,,. Се замонашил тука на Благовец 7Април 1924год. После неколку месеци поминати во молитва и братско живеење во овој манастир,решава да одо на Св.Гора во месец Септември. Оди во манастирот,,Хилендар,, и монахот Доситеј,како најмлад станува миленик на сите,при што старешината,игуменот Митрофан,му посветил посебно внимание.
Брзо се проилагодил на оваа средина пошто и имало неколку Македонски монаси од Беровско,Битолско,од Мариовско од Скопје итн. Останува во ова братство до 1932год. пошто го напуштил за да се дошколува. Доаѓа во Битолската богословија каде успешно ја завршува.Доаѓа како постар од другите деца и му останува прекарот ,,чичо,, кој го носи и после примањето на епископскиопт чин.Богословијата ја завршува 1937год.пошто се запишува на Теолошкиот факултет во Белград. Но како монах нема доволно средства за да го зафрши и подава молба до надлежните за стипендија. Но неговото по се силно нагласено национално чувство и потекло било причина да не добија стипендија. Но,и тој незнае од кои причини тогаш бил повикан да биде блиску до нишкиот епископ Доситеј. Со негово залагање тој се запишал на факултетот и бил и поставен за писар за Српската патријаршија при Св.синод на СПЦ,што му обезбедиуло непречено да ги заврши и теолошките студии. Теолошкиот факултет со успех го завршува 1942год. Во1946 Доситеј бил поставен за управник на Патријаршискиот двор во Сремски Карловци.Тука еромонохат Доситеј бил произведен во највисокиот монашки чин архимандрит.Тоа се случило 1949година.Тој тука се занимавал и со многу други работи покрај молитвите и со лозарство и работите во големата винарска визба која била во склоп на патријаршијата.Како таков бил ,,окфалификуван,, како добар познавач на работите. Во 1951год месец Мај бил избран да го добие епископскиот чин, а веста ја добил од епархискиот секретар Александар Поповиќ и тој после тоа го повел Доситеја во Белград.Оваа вест ја добил додека го миел казанот за ракија. За ова тој, многупати во шега ќе кажи,,за владика го извадиле од казан,,. Хиротонијата на новоибраниот викарен епископ топлички Доситеј била извршена 22Јули 1951 во Соборната црква во Белград. Епископот топлички Доситеј низ своите мисли постојано пред себе ги имал големите дела на родоначалниците на Светата Македонска Црква,Свети Климент и Свети Наум. Помислата на нив и нивното дело истовремено го заплашувала но и го храбрела за потезите кои Г.Доситеј ќе ги повлече. Го измачувала помислата дали е достоен за епископски чин и дали е достоен да го продолжи патот што во 9век и10 тие го трасирале. Во 1958год тој бил избран за поглавар на обновената Охридска архиепископија, а од 1967год беше на чело на афтокефалната Македонска Црква. Тоа се настани од вонредно заначење за поновата историја на МПЦ. Со нив всушност,беше повторно отворена страницата на историјата за древната Светоклиментова Охридска архиепископија,која во 1767 год бече незаконски укината со актиреде на султанот Мустафа трети.Сокоја одлука беше сопрен растежот на една од најстарите афтокефални цркви во светот.
( Извинете за закаснувањето,ми излегоа непредвидени работи овие два дена)
 
A

anaveno

Гостин
Судбината на возобновителот на Охридската архиепископија Г.Г. Доситеј почнува на планината Бистра, каде на 7. 12. 1906 г. во село Маврово се родил Димитар Стојковски (цивилно име).
Тој е четврто дете од осумте деца на Лазар и на Софија, кои изгубиле две деца.
Во 1922 година се школувал во Богословијата на СПЦ во Сремски Карловци, но само од нему познати причини (Божји сновиденија), зимата 1924 година тргнал на пат кон манастирот "Св. Богородица Пречиста", Кичевско.
Негов духовен татко бил игуменот Григориј, кој го подготвувал својот штитеник за Света
Гора.
Улогата на игуменот Григориј ја презел игуменот Митрофан од "Хилендар", под чија закрила Доситеј ја насочил својата духовна енергија.
Таму Доситеј останал до 1932 година.
Неговото заминување било поврзано со потребата за дошколување во Битолската богословија, што всушност не било иницирано од него туку од епископот Николај Велимировиќ и од митрополитот Јосиф, кои мислеле дека ќе го одродат и ќе го преобразат Доситеј, а преку него ќе ја шират големосрпската пропаганда.
Но, во тоа не успеале.
На 12. 2. 1934 г., од страна на владиката Николај, во црквата "Св. Богородица" во Битола, Доситеј бил произведен на ераѓакон, додека на Цветници го примил еромонашкиот чин. Во 1937 г. Доситеј се обидел да се запише на Теолошкиот факултет, но не успеал, бидејќи
СПЦ не му доделила стипендија.
Меѓутоа, бил прифатен од епископот нишки Доситеј, кој го примил во служба, а паралелно студирал на Теолошкиот факултет Неговото Блаженство дипломирал во
1942 г.

Како последица на превирањата во СПЦ, Доситеј бил отстранет од црквата и испратен да управува со патријаршискиот двор во Сремски Карловци, каде останал до 1949 г., кога на предлог на патријархот Гаврило добил титула архимандрит.
За архимандрит го поставил тогашниот епископ Викентиј.
Во 1951 г., без да знае патријархот Викентиј, го назначил за епископ, а хиротонијата во викарен епископ се одржала на 22. 7. 1951 г.
По хиротонисувањето Доситеј веднаш сфатил која била поентата на СПЦ.
Имено, патријаршискиот двор се обидувал преку него да ја спроведува старата црковна политика, односно настојувала да го врати во Македонија поранешниот омразен митрополит скопски Јосиф.
Доситеј отворено се спротивставувал на ваквите намери на СПЦ, бидејќи бил свесен за неговата национална припадност и за значењето на Охридската архиепископија.
Во тоа време интензивно комуницирал со Иницијативниот одбор за организирање и за формирање на Македонската православна црква, а повеќето членови во Одборот биле македонски свештеници, кои по војната останале со народот и ја споделувале неговата судбина.
На иницијатива на Одборот во декември 1951 г. Доситеј ја посетил родната грутка, но со благослов на српскиот патријарх Викентиј.
Тоа бил значаен датум за Македонците, бидејќи по ослободувањето во 1945 година, прв пат земјата ја посетил некој владика, Македонец.
Неговото Блаженство Г.Г. Доситеј ги посетил Скопје, Прилеп, Битола, Охрид и др.
На средбите се разговарало за решеноста да се истрае во праведните барања за разрешување на македонското црковно прашање.
Набрзо потоа Доситеј во Белград го дочекале на нож, при што најекстремен бил митрополитот скопски Јосиф.
..
По посетата, Доситеј и Одборот ги интензивирале контактите при што се договарале за секој чекор поврзан со црковното осамостојување и возобновување на Охридската архиепископија.
Во 1957 г., во дослух со Доситеј, Одборот и СПЦ се согласиле за Иницијативниот одбор за организирање на МПЦ да ја усогласи организацијата во македонските епархии, во согласност со Уставот на СПЦ, а на патријархот српски Викентиј да му се признае статус администратор на трите епархии...
..
По договорот меѓу Одборот и Доситеј во април 1958 година, во посета на Македонија била висока црковна делегација на СПЦ, која ја претставувале патријархот Викентиј, епископот Јован, епископот Хризостон и викарниот епископ Доситеј (Неговото Блаженство)...

СОСЛУЖУВАЊЕ НА ПАТРИЈАРХОТ РУСКИ АЛЕКСИЈ И ПАТРИЈАРХОТ СРПСКИ ГЕРМАН СО АРХИЕПИСКОПОТ МАКЕДОНСКИ ДОСИТЕЈ
СРБИТЕ И ДРУГИТЕ СЕГА СЕ ПРАВАТ НА УДРЕНИ,..ПУ..ПУ..НЕВАЖИ..

повеќе..
 
A

anaveno

Гостин
ДРАГИ НАШИ ДУХОВНИ ЧЕДА,

Насловот на оваа книга „Верата на нашите татковци" говори за нејзината содржина, односно за верата на православните Македонци и Македонки од времето на основоположникот на Македонската православна црква, Свети Климент Охридски па до денес.
Авторот на книгата е долгогодишниот професор и прв ректор на Македонската православна богословија Борис Бошкоски, познат богослов и педагог. Тој успеал преку светите ликови на Божјите угодници, како и животот, учењето и чудата на Господа Исуса Христа, во одбрани четива од Стариот и Новиот завет, да ги изложи најважните вистини на нашата вера.
Секое од овие четива претставува завршена целина и дава посебна порака, но сите заедно претставуваат вистинско вероучение за Бога и за должностите на христијаните. Живите свети примери ќе разбудуваат кај читателот желба за лично верско-морално усовршување. Во целата книга провејува вистински православно-родољубив дух. Книгата е плод на долгогодишна работа. Таа не е само прераскажување на библиски текстови, туку носи белег на нешто што е длабоко доживеано и дадено во нова светлина.
Бидејќи книгава третира проблеми што живо го интересираат секој современ христијанин, уверени дека таа со интерес ќе се чита и дека нејзината содржина ќе не доближува до онаа чиста апостолска вера на нашите татковци, која и во нас живее и дека ќе задоволи една голема потреба на нашите верници, па затоа Hиe топло ја препорачуваме на сите како религиозно четиво за духовно растење и доближување до идеалите на нашата света Црква.

Ваш молитвеник пред Господа и Свети Климента - Охридски​

АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ​
книгата ќе биде достапна (сега ја скенираме),само за пријатели на Опера блогот..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom