ABC
“градител“
- Член од
- 24 февруари 2005
- Мислења
- 15.696
- Поени од реакции
- 193
Разузнавач бил уапсен со 300 грама хероин откако претходно добил куршум во десната рака бидејќи обидувајќи се да бега извадил пиштол и сакал да пука во мобилните полицајци од единицата "Алфа", дознава "Дневник".
Инциндентот го потврдија од Министерството за внатрешни работи. Надлежните во кабинетот на претседателот, чија надлежност е Агенцијата за разузнавање, не беа достапни да го прокоментираат случајот.
Според полицијата, уапсениот дилер бил 20-годишниот С.Б. од Скопје, вработен во Агенцијата за разузнавање. Неофицијално дознаваме дека станува збор за жител на скопското село Арачиново.
Инциндентот се случил завчера околу 19.30 часот, на булеварот Никола Карев, зад скопскиот универзитет "СВ. Кирил и Методиј", при редовна полициска контрола на возила. Во еден момент мобилните полицајци забележиле сомнително движење на автомобил "пасат" со скопски регистарски таблички по што го сопреле возилото.
Разузнавачот С.Б., кој управувал со "пасатот", се исплашил кога му се доближиле мобилните полицајци, по што излегол од колата и почнал да бега. Во паничното бегање пробал да се ослободи од хероинот, но успеал да истури на патот само две паковки со дрога.
Полицајците, откако го стасале му упатиле предупредување да застане, но тој наместо тоа, извадил пиштол и се обидел да пука кон нив. Полицајците во самоодбрана го раниле разузнавачот во десната рака. При извршениот претрес кај него биле пронајдени две кесички со 300 грама хероин и вага за мерење.