Распитан и последниот сведок-очевидец на настанот што се случи пред пет години во "Холидеј ин"
Сведокот Нешовски фрлил димна бомба за да ја спречи пропагандата на "Радко"
И покрај тоа што судењето на двајцата "радковисти" вчера почна од почеток, тоа беше доведено до завршни зборови и е пред пресуда
Настанот во кој што настрада новинарот Спасе Шуплиновски се случи на 27 октомври 2000 година, при формирањето на сега забранетото здружение на Бугарите во Македонија „Радко"
ЉУБИША СТАНКОВИЌ
Судењето на Јован Стојановски од Скопје и Александар Марковски од Охрид, членови на сега забранетото здружение на Бугарите во Македонија "Радко", обвинети поради тоа што на денот на нивното формирање му нанесоа повреди на новинарот Спасе Шуплиновски, вчера, беше доведено до завршни зборови, и покрај тоа што почна од почеток. Како што појасни судијката Вангелина Маркудова, причина за одново почнување е поради тоа што изминало доста време од судскиот процес. Токму поради ова беа читани исказите на обвинетите и на сведоците, а кога тоа беше завршено се пристапи кон распит на сведокот Борис Нешовски. Станува збор за едно од трите момчиња кои со фрлање димни бомби го прекинаа основачкото собрание на здружението.
Говорејќи за настанот што се случи на 27 октомври 2000 година, Нешовски појасни дека тој во салата на хотелот влегол во придружба на уште двајца негови пријатели, а намерата им била да го саботираат основањето на здружението бидејќи, според негово мислење, станувало збор за ширење странска пропаганда во државава. Сведокот рече дека тој не бил повикан да присуствува, но од дневниот печат видел дека ќе се формира такво здружение, а на телевизија го слушнал излагањето на академик д-р Блаже Ристевски. Нешовски и неговите пријатели Перо и Тоше, кои претходно обезбедиле димни бомби, седнале во последниот ред, а потоа во еден момент ги активирале бомбите. Кога со трчање сакале да ја напуштат салата, еден од неговите пријатели бил спречен во намерата од гостите. Тој застанал во да му помогне на другарот, но тогаш и двајцата биле турнати на земја и биле удирани, но некако успеале да се ослободат и да побегнат.
Нешовски рече дека освен за инцидент што го сториле тие во хотелот "Холидеј Ин", не знаел дека имало и друг, односно за тоа што се случувало со Шуплиновски разбрал од медиумите. Сведокот рече дека Шуплиновски го запознал два-три дена по настанот кога со него се сретнал во пицеријата "Фрути ди маре" и тоа во присуство на новинар од една телевизиска куќа. Тој рече дека се сеќава оти едната рака на Шуплиновски била во гипс.
По сослушувањето на сведокот, бранителите на Стојановски и Марковски рекоа дека во целост приговараат на неговото сведочење. По ова се пристапи кон предлагање нови докази, но судот не прифати гледање на видеоснимките што ги понуди и Обвинителството и бранителите, а беа прифатени мислењата на д-р Чапова и вештакот д-р Здравко Чакар. Застапникот на оштетениот Шуплиновски, адвокатот Димитар Дангов, побара како доказ да се земат понудените фотографии снимени од телевизија, на што се спротивставија бранителите на двајцата обвинети. Откако судот констатира дека нема повеќе нови докази, донесе решение на 6 октомври да бидат дадени завршните зборови.
http://217.16.70.245/?pBroj=1890&stID=44155&pR=15
Прогноза - македонскија с'д нема да посмее да ги ос'ди членовете на Радко.