Декларација за Македонија!

Член од
28 јануари 2007
Мислења
511
Поени од реакции
228
Денеска беше потпишана декларација за Македонија од страна на сите позначајни Македонски организации, упатена е до НАТО и Владата на РМ
ве молам прочитајте
http://macedonianbrotherhood.blog.com.mk/
Македонија на Македонците
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Editiraj go postot pogore i stavi go siot text od blogot ovde!
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Bravo za inicijativata!

Ova e mnogu jako:

"Ова е вториот Букурешт, ако во првиот Букурешт други одлучуваа за нас, во овој Букурешт колку и да не заплашуваат, ние одлучуваме сами за себе. Нашето семакедонско единство ќе одлучи и ќе важи за сите."

....i sosema tochno.

Da im e jasno na site deka ne li se ispravi gluposta na Kiro Gligorov i Branko Crvenkovski od 1993 god., najverojanto kje se sluchi narod.
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Драги МАКЕДОНКИ и МАКЕДОНЦИ,
†Господ Бог да е со нас и со Македонија во овие историски денови.
НИЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ! ОВА Е МАКЕДОНИЈА!
Името му припаѓа на македонскиот народ и е неменливо. Името ја изразува суштината на македонската нација и никој и никаде не може да го користи како предмет за пазарење во било какви преговори.
Наредните денови до одлуката во Букурешт, за прием на Република Македонија во НАТО се денови кои ја одредуваат судбината на Македонија во наредните 1-2 децении, можеби и подолго. Можеби и засекогаш. Ви се обраќаме со цел да поттикнеме заедничко ангажирање во овие исклучително важни моменти за Македонија и македонскиот народ. Одлуката за именување и прием на Република Македонија во ООН која гласеше како „привремена референца“ е „привремена“ веќе 15 години. Така што донесената одлука за именување на Македонија пред или на самитот во Букурешт која не носи ознака привремена ќе биде одлука која ќе ја детерминира не само македонската иднина туку и македонската историја. Ова се моменти чие што значење е еднакво или ги надминува настаните од 2001 година. И како што секој се гордее или се срами со своето однесување од клучната 2001 година, така и за овие денови ќе важи истото. Секој ќе раскажува што сторил или ќе се срами и ќе прикрива што можел, а што не сторил во овие судбоносни моменти. За да не биде повторно да го пропуштиме моментот, за потоа со години и децении да анализираме што се случило и како требало да се постапи сега е моментот за семакедонски патриотски ангажман. Сведоци сме на настани како почетно добрите македонски позиции за решавање на културно-историскиот проблем со Република Грција и влез во НАТО се извртија во ситуација каде силите кои го бранат македонското достоинство се силно притиснати да попуштат пред притисоците за измена на името и за најнегативните варијанти. Лажна е ситуацијата дека „тврдиот“ став е ставот на еден човек Никола Груевски, ова е принципиелниот став на Македонскиот народ кој е единствено меродавниот да го одреди сопственото ословување. Независно од различните испреплетувања на разните интереси, закани, блефови ... наше е со сета своја сила и умешност да застанеме и да притиснеме врз сите официјални македонски и европски институции и медиуми да биде зачувано нашето македонско достоинство и нашиот личносен интегритет. Наше е да постапиме според чувствата на своето срце, што ќе стане зависи од Бога, а не од некои апокалиптичари кои заплашуваат и блефираат со секакви сценарија. Поголема е опасноста ако се откажеме од македонското име отколку од сите закани кои ни ги пласираат. Што ќе биде со неприфаќање на уцените за измена на името на државата не знаеме. Бог знае! Но со сигурност знаеме што ќе биде со прифаќањето на измена на името на Република Македонија. Не само што во односот кон надворешните хегемонизми се фрлаат во вода илјадници жртви и трудови за гордата македонска самобитност туку уште полошо се создава една нова длабока внатрешна национална поделба меѓу Новомакедонци и Македонци. Поделба која ќе трае се додека покрај името постои било каква придавка. Можеби таквата внатрешна поделба е и една од главните позадински цели на круговите кои сето ова го изрежираа, а нивните извршители станаа сите оние политичари, новинари и експерти кои не го послушаа мислењето на својата совест и на својот народ и учествуваат во обидот за создавање на поделба околу ова национално прашање. Распродаваат вредност за која не се тргува и со тоа засекогаш влегоа во црното досие на секој достоинствен граѓанин на Македонија.
Ова е вториот Букурешт, ако во првиот Букурешт други одлучуваа за нас, во овој Букурешт колку и да не заплашуваат, ние одлучуваме сами за себе. Нашето семакедонско единство ќе одлучи и ќе важи за сите.
После приемот на вашата поддршка предложената Декларација ќе биде објавена во медиумите и средствата за јавно информирање и доставена до: Собранието, Претседателот и Владата на Република Македонија; земјите членки на НАТО Европската Унија и ООН; политичките партии во Република Македонија; Високиот комесаријат за човекови права на ООН; Генералниот Секретар и Советот за безбедност на ООН; Генералниот Секретар на НАТО-Алијансата; Советот на Европа и ОБСЕ. Ве замолуваме другите свои активности да ги ставите во втор ред и приоритетно да ги посветите своите сили кон ова клучно прашање кое ја детерминира македонската судбина
Во секој случај заедничкиот настап, паралелно со поединечниот е многу посилен од ангажманот и активноста на одделните македонски организации. Испратете ни одговор за учество во заеднички Семакедонски Фронт за неменување на името на Република Македонија што ќе јап отврди семакедонската еднодушност во одбраната на македонскиот идентитет. Измената на името на Македонија независно дали само во внатрешна или надворешната политика прави измена во СУШТИНАТА на нашите личности како Македонци и како луѓе граѓани на Македонија.
Да не дозволиме со успех да се заокружи грчката геноцидна политика врз македонскиот народ. Секој кој ја поддржува таа политика или се плаши да и се спротивстави ја носи одговорноста на својот врат за завршниот успех на грчкиот културно-политички геноцид врз македонскиот народ. Ако ние не го одбраниме нашиот идентитет со името, на чекор ќе биде остварувањето на плановите на агресивните балкански национализми за бришење на македонската нација.
Ова не е поддршка или опомена, ова е поддршка за сите и укор за сите.


ДЕКЛАРАЦИЈА​
  1. Македонското име, не смее никогаш да бидат предмет на каков и да е договор и пазарење од никој со никого.
  2. Името на македонскиот народ, како посебен етнитет и ентитет со сопствен етнички, јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет, континуитет, наследство и простор, е нераскинливо поврзано со името на неговата држава Македонија, односно името Македонија е основа за името на македонскиот народ кој претставува мнозинство во Република Македонија. Со неговото негирање и промена се врши негација и дискриминација врз македонскиот народ, што не е во функција на обезбедување мирен и стабилен сестран развој на Република Македонија и зачувување на нејзиниот суверенитет и независност
  3. Ние потписниците на оваа Декларација, нема никогаш, под какви и да е услови и од чија и да е страна да прифатиме промена, додавки, придавки или повеќекратна употреба на името на последната возобновена Македонска држава – Македонија за внатрешна или надворешна меѓународна употреба. Во таа смисла, целосно го отфрламе прифаќањето и наметнувањето на каква и да е друга референца и што и да е друго за Македонската држава, Македонија освен името Македонија, со можност за употреба и на уставната референца Република.
  4. Бараме од Владата на Македонија веднаш и безусловно да ги прекине сите преговори и разговори што ги водат претставници на владите на Република Македонија и на Република Грција под покровителство на Генералниот секретар на ООН под понижувачката референца без преседан во историјата на ООН и меѓународните односи - 'Поранешна Југословенска Република Македонија', врз основа на Резолуцијата 845 (1993) на Советот за безбедност на ООН, Резолуцијата 817 (1993) на Советот за безбедност на ООН и Времената согласност склучена меѓу Стево Црвенковски и Каролос Папуљас на 13 септември 1995 година во Обединетите Нации во Њу Јорк. И од таму бараме Владата на Македонија, преку премиерот и министерот за надворешни работи, веднаш и безусловно да го известат Генералниот секретар на ООН дека државата Македонија дефинитивно и безусловно своето членство во ООН и во сите меѓународни органи, организации и заедници го продолжува под единственото историско и вековно име Македонија со можност за употреба и на уставната референца „Република“.
Ете, јас го ставив..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom