Данок на немажени и неженети лица

  • Креатор на темата Креатор на темата pozdrav eden topol
  • Време на започнување Време на започнување
  • Истакнато
Јас кај што работам плаќаат нешто повеќе над 60 илјади за 8 работни часа ако имаш искуство за угостителство.
Каде тоа? 8 часа?40 неделно?

Или секој ден се работи па ако се 200 часа ќе ти дадат 60,000 ден...
 
Со тоа право треба да дојде и рестрикција на пензиските фондови.

Скоро сите пензиски фондови се дизајнирани како Pay-as-you-go системи, односно за родителите да земат пензија после 62/65 години, треба да имаат 2.1-2.5 деца. Тоа што ќе го плаќаат децата во пензискиот систем, ќе биде тоа што родителите треба да го земат кога ќе се пензионираат. Циклусот се продолжува така за секоја генерација.

Ако се продолжи во оваа насока, годините за пензионирање ќе почнат да растат нагоре и пензиите ќе почне да одат надолу, брачните парови што имале деца и инвестирале во нив, нема да може да се пензионираат затоа што дечки со сингл статус ќе бараат пензии.
Тие дечки си плаќале за пензиско осигурување, тоа што државата не била способна да ги менаџира нивните пари е нејзин прпблем
 
Тие дечки си плаќале за пензиско осигурување, тоа што државата не била способна да ги менаџира нивните пари е нејзин прпблем
Да не комплицирам многу, Македонската пензија се базира на 3 столбови, од кои 2 се задолжителни (12.8% + 6%) и опционален приватен. Првиот столб и 12.8% од бруто се Pay-As-You-Go, што ги користат тие пари за да исплаќаат моменталните пензии за пензионираните. Така да си плаќал или не, ако нема доволно младина, ќе се опростиш од првиот столб.

Вториот (6% од бруто) и третиот столб (опционален) се приватни и инвестициски, од нив да, тоа што си го плаќал ти се враќа назад кога се пензионираш плус ROI.
 
Терајте со ова размислување уште малце и ќе видиме до кај ќе стигнеме. Вие нема да имате проблем ама другите поколенија и тоа какви економски последици ќе видат од овие одлуки. Не размислувате долгорочно туку сега моментално да ви е убаво да не ви е тешко.
Доволно е да изгуглаш Japan economy и да видиш кон што иде светот ако се продолжи со ова темпо. Земја во која популацијата не можат да ја заменат со имигранти како останати и со тоа автоматски економијата се намалува. Или ќе дочекаат економијата да падне или дочекаш да те наваасаат имигранти како во ЕУ само за да ја заштитиш економијата. И сето тоа можеше да се спречи само ако се престанеше со луксуз и се продолжеше со нормален живот.
Њуз флеш никого кур не го боли нити за државата нити за демографијата, најголемите патриоти летнаа по германии шведски пичке си материне, и тоа оние патриоти испозапослени по јавна администрација .
Се повеќе и повеќе фамилијарно ја напуштаат вукојебинава, знаеш ли зашто? Затоа што европа ги отвори вратите за балканците, оправајте вие кеиви дрини додека штабарите од било која партија калапат и крадат.
 
Вториот пензиски го испокрадоа.

Сега им требаат нови робови.
 
Последно уредено:
Каде тоа? 8 часа?40 неделно?

Или секој ден се работи па ако се 200 часа ќе ти дадат 60,000 ден...
Мене платата ми е над 70000, едно време газдата ми викаше толку има ако најдеш подобро викни ме и мене и јас ќе дојдам, сега редовно секој месец му идам - Најдов подобро и поубаво платено, ајде затварај фирмата ќе идеме заедно шо да се мучиш овде .
Не ја затвара фирмата ама ми ја качува платата
На овој недостаток на работна сила да работиш за испод 45000 било каде треба да си и глуп и луд, или пред пензија.
 
Види сега , ако работиш секој ден по 12 саати без слободен ден и до 100,000 ќе стигаш , како да ти кажам.
Автоматски споено мислење:

А бе , Скопје е држава со најголема плата сте сите. Се друго е провинција и не знаеме ние како од муабет правење да извадиме пари.
 
Е нормално во Скопје, најголеми трошоци но и можности се во Скопје сакале признале сакале не. А иначе се согласувам со Добриот, ако во ситуација на мањак работна рака си работлив и ти фаќа кликерот, ако работиш за испод 45000 сам си крив (ова пак за СК). Т.е. газдата има и е спремен да ги даде, ама не си се пазарил и не ти ги дал.
Он топик: Овој данок ако дојде и те како нема да е за добро на народот, пак ќе си ги преиначат парите за да цицаат и да си ги плаќаат партиските дронови. Ете ги дигнаа кесите од 2 на 15 денари демек фонд за екологија, ја лично не видов ништо да направат со тие пари, исто би било и со потенцијален данок за сингл. Сакам да кажам и 20 данока за подобрување на пензискиот систем да има, пак ќе се објаснува како нема за пензии, затоа што прво, не им е приоритет соодветно да го менаџираат, второ, се ќе го крадат за нивни цели.
 
Не само Скопје,секаде има дефицит.
Е сега Вие си ја имате Данела ,Ви го среди градот.
Да бе да, Скопје држава.
 
И построго треба, законски да се уреди и да се казнува небрачност, дури племето се коти вие играјте на компјутер и шетајте со кучиња.
Ама не дискриминација било, противуставно кур, Уставо ни стана тоалетна и за ова ќе се најди чаре ако се има волја.
Ја да сум Мицика ќе воведам Данок и на пудлици и мачкетини а на седење во кафани и пред кооперација !!
Пљус ако се воведе задолжителен воен рок да биде за немажени и неженети !
 
Ја да сум Мицика ќе воведам Данок и на пудлици и мачкетини а на седење во кафани и пред кооперација !!
Пљус ако се воведе задолжителен воен рок да биде за немажени и неженети !
Добро е што не си старо!

Такви како тебе џибри само длабоко размислуваат со дементен поглед кон иднината.

Референца што е џибра, скапано овошје

Темата со „данокот за немажени/неженети“ е глупост невидена. Ако навистина некој сака да го бустира наталитетот – нека ги стимулира младите да формираат семејства! Гледајте што прават соседите, конкретно Србија и Бугарија, поддршка, а не само зборови и ветувања.

Србија:

  • Прво дете:
    345.000 динари ≈ 2.950 евра (еднократно)
  • Второ дете:
    480.000 динари ≈ 4.100 евра (во рок од 24 месеци)
  • Трето дете:
    2.880.000 динари ≈ 24.600 евра (во рок од 10 години)
  • Четврто дете:
    3.456.000 динари ≈ 29.550 евра (во рок од 10 години)

Бугарија:

  • 600 лева ≈ 310 евра на дете годишно додека не наполни 18 години (максимум 4 деца).

Породилно отсуство:

  • Македонија: (бедни) 9 месеци
  • Србија: 12 месеци за прво и второ дете, 24 месеци за трето и секое следно.
  • Бугарија: 12 месеци породилно на цела плата + 12 месеци по 390 евра месечно за гледање дете.
Ако навистина сакаш наталитет, финансирај го правењето и чувањето деца, а не глупави казни затоа што некоj неможел да основова семејство. Ова се мерки што даваат реален резултат, а не само зголемување на стапките на иселување.

П.С.
Ако немаш идеа препиши од друг или пак врати го тоа што го имаше во времето на Грујо кога имаше месечна надокнада за трето и четврто дете. Доста е веќе со „мотивација“ преку глупави ПР мерки.
 
А зошто не се напрај обратното? Дај пари на брачни парови. Помогни им да врзат крај со крај и да имаат повеќе од едно дете.
IMG_20250714_145725.png
 
Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...
Back
На врв Bottom