Дали ќе го зачуваме нашето уставно име?

Dali ke go zacuvame naseto ustavno ime?

  • da

    Гласови: 94 66,7%
  • ne

    Гласови: 47 33,3%

  • Вкупно гласачи
    141
Член од
9 мај 2006
Мислења
150
Поени од реакции
7
Дипломатијата треба да изработи за резултатите од референдумот да не не' прикажат како опоненти на НАТО, туку чувари на своето. И на ливчето не би гласал со не, него би го искинал на милион парчиња. И нејќу да размислувам за референдум....самиот збор ми звучи многу сомнително.
Се согласувам дека не ни треба референдум за нешто кое и не е за референдум.
Замисли си референдум за тоа дали никот ќе ти биде „Serpico“ или „Arhi Serpico“ , или мојот ник да биде „мијак“ или „мијак (Скопје)“. Само за ова веќе се зборуваше на повеќе теми.

А од друга страна, не се секирај за опоненти на НАТО, среќна околност за државава е тоа што луѓето веруваат дека со влез во таа организација ќе бидеме побезбедни, тоа е еквивалент на одење ноќе низ густа шума и свиркање за да не ти е страв. Муабетот ми е дека дури да сме 99,99% против влез во НАТО, ќе влеземе таму.
Како што си бевме и пред 20 години.:toe:
 
Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Која бре црна дипломатиоја мој Серпико, која??
Немаме ние дипломатија, оти рибата смрди од глават, ти текнува.
Ние имаме само преписна школа и гурбетчии.
Рибата смрди од главата, точно. Ама имаш мрена и имаш сом. И двете се риби.

Башка, како шо те сфаќам, не за риби ами за планктони зборуваш? :)
 
Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Се согласувам дека не ни треба референдум за нешто кое и не е за референдум.
Замисли си референдум за тоа дали никот ќе ти биде „Serpico“ или „Arhi Serpico“ , или мојот ник да биде „мијак“ или „мијак (Скопје)“. Само за ова веќе се зборуваше на повеќе теми.

А од друга страна, не се секирај за опоненти на НАТО, среќна околност за државава е тоа што луѓето веруваат дека со влез во таа организација ќе бидеме побезбедни, тоа е еквивалент на одење ноќе низ густа шума и свиркање за да не ти е страв. Муабетот ми е дека дури да сме 99,99% против влез во НАТО, ќе влеземе таму.
Како што си бевме и пред 20 години.:toe:
Како е среќна околност напишаното? :) Среќна би било доколку тоа не го поставуваме како приоритет во некаква фингирана потенцијална опасност која не опкружува, како во шумата, добар пример даде. А генерално, ставовите на „НАТО или смрт“ поддржувачите се од типот „Леле синко, изгинавме“. Мака ми е и кога пишувам...

А дека ќе влеземе, знам и јас. Барем со актуелната поставеност на светските доминанти, Македонија ќе влезе во НАТО. Ама токму поради „нужноста“ на НАТО од Македонија, сакам да си го задржиме нашето... а не да трпиме уцени.
 
Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
. Ама токму поради „нужноста“ на НАТО од Македонија, сакам да си го задржиме нашето... а не да трпиме уцени.
Да! Токму поради нужноста, но секогаш ние од сигурното си правиме вересија, а на другите несакајќи или од незнаење што во вистински момент им даваме повод со еден куршум да ќарат два зајака.
 
ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
не можам да се согласам со постоење на ваква тема , посебно не се постоење на анкета за вакво прашање.
дојдовме ли до тука да се прашуваме самите како се викаме и дали сме за името кое ни е кодекс на нашето постоење??? улави ли сте ?????????/
 
Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
не можам да се согласам со постоење на ваква тема , посебно не се постоење на анкета за вакво прашање.
дојдовме ли до тука да се прашуваме самите како се викаме и дали сме за името кое ни е кодекс на нашето постоење??? улави ли сте ?????????/
И јас не се согласувам, ама демократија... Башка, поентата на темава ја гледам во преобратување на некој од оние кои гласале за НЕ и се одличен материјал за обработка кога станува збор за реализирање на нечии агенди на грбот на референдумот како уставна опција.

Би сакал само да додадам, т.е. да им упатам порака на гласачите за НЕ кои можеби од „експертски“ побуди и гео-политичко-стратешки „анализирања“ се одлучиле за НЕ, дека утре може некој глигорчо (да не му давам идеи, ама така е) да направи 10 поста на 10 блога и да прати милион писма дека „30% од Македонците се откажаа од името“. И може да ги направи бидејќи, за таквите парите или шизофренијата (која владее во мали дози и кај голем дел од грчкото гласачко тело) ги тера да прават такви работи и не им е мака, како што нам ни е мака да направиме било што повеќе од дрзнувањето да гласаме на вакви или слични анкети.

А огледалце огледалце мое, очекувај вакви бројни опипувања на пулс... Кога се готви нешто, прво се набавуваат мирудии, нели?
 
)))), јас бирам која манџа ке ја јадам, загорени никако
 
Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
)))), јас бирам која манџа ке ја јадам, загорени никако
1. Знаеш ли што е „разумен компромис“ кој ќе го понуди Претседателот?
2. Индискреционо прашање, па нека е затоа реторичко: Дали гласаше за било кој од кандидатите за претседател?

----
Поентата ќе ја сфатиш, заедно со одговорот за јадење на манџата. Освен, ако јас не грешам па сакаш компир манџа со разумно ниво на кожинки од теле наместо свинско месо :)
 
ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
1. Знаеш ли што е „разумен компромис“ кој ќе го понуди Претседателот?
2. Индискреционо прашање, па нека е затоа реторичко: Дали гласаше за било кој од кандидатите за претседател?

----
Поентата ќе ја сфатиш, заедно со одговорот за јадење на манџата. Освен, ако јас не грешам па сакаш компир манџа со разумно ниво на кожинки од теле наместо свинско месо :)
за време сервирање на манџата може да биде истурена во омивалник доколку не ги задоволи најавите за нејзиниот вкус и калорична вредност.
 
Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
за време сервирање на манџата може да биде истурена во омивалник доколку не ги задоволи најавите за нејзиниот вкус и калорична вредност.
Ахам. А исто може наместо манџа да биде сервирано чоколадо, завиткано во фолија, исто како што тоа го правеше мрморецот во рекламата на Шварцвалд :)

п.с. И немаш на манџата калорична вредност...претпоставуваш сам колкава е пријателе... собираш компир по компир...
 
Член од
9 мај 2006
Мислења
150
Поени од реакции
7
Како е среќна околност напишаното? :) Среќна би било доколку тоа не го поставуваме како приоритет во некаква фингирана потенцијална опасност која не опкружува, како во шумата, добар пример даде. А генерално, ставовите на „НАТО или смрт“ поддржувачите се од типот „Леле синко, изгинавме“. Мака ми е и кога пишувам...
Среќна е затоа што „НАТО или смрт“ губи на сила, зашто „сите“ се за во НАТО, „нема други“ барем декларативно. Има уште една работа, малку ќе парафразирам - и наједноставната бајка е поубава од суровата реалност, а поголем дел луѓето (човечката раса) сака да верува во бајки. Мака ти е, знам - совет - жешко срце, студен ум.
А дека ќе влеземе, знам и јас. Барем со актуелната поставеност на светските доминанти, Македонија ќе влезе во НАТО. Ама токму поради „нужноста“ на НАТО од Македонија, сакам да си го задржиме нашето... а не да трпиме уцени.
Нашето треба да си го задржиме, без оглед на било какви „нужности“ а уцени имало, има, и ќе има.
Ниедна „нужност“ не оправдува геноцид, па колку смешно и да звучи и самогеноцид.
Затоа што ова не е само на нашите генерации, им припаѓало на сите пред нас, и ќе им припаѓа на сите по нас, и под ова го подразбирам ама баш целиот свет.:helou:
 
osa

>>>>>>
Член од
20 јануари 2009
Мислења
816
Поени од реакции
184
treba da se promeni imeto vo O.N.
toa e rabotata,i jasno veli celiot svet ,da se smeni imeto pod koe sme zavedeni vo obedinetite nacii.znaci ne da se smeni ustavnoto ime.

a posle vakvi izbori so falsifikat,netreba da se spomnuva za referendum.
 
ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
treba da se promeni imeto vo O.N.
toa e rabotata,i jasno veli celiot svet ,da se smeni imeto pod koe sme zavedeni vo obedinetite nacii.znaci ne da se smeni ustavnoto ime.

a posle vakvi izbori so falsifikat,netreba da se spomnuva za referendum.
а бе оди напи се дијазепам не отече бе со плачкиве твои за избориве аман...))))
свести се Љубе не стана председател и точка.

и мора ли на секоја тема па и на ваква да пиштеш за избориве.....
 
Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
treba da se promeni imeto vo O.N.
toa e rabotata,i jasno veli celiot svet ,da se smeni imeto pod koe sme zavedeni vo obedinetite nacii.znaci ne da se smeni ustavnoto ime.

a posle vakvi izbori so falsifikat,netreba da se spomnuva za referendum.
Веројатно ништо не разбираш од таа наметната проблематика околу името.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom