Среќна сум бидејки мојата перцепција на нештата не дозволува неправилности. Среќна сум затоа што имам способност да сакам и што ја имам привилегијата да бидам сакана. Среќна сум бидејки ниту еден дел од моето тело и ум не бараат повеке од она што им е неопходно. Среќна сум затоа што не зависам целосно од околностите, бидејки конечно сватив дека ја имам таа моќ да влијаам над истисте. Среќна сум затоа што можам да творам, креирам, создавам... Среќна сум што во одредени моменти, наместо да се лутам, сум одлучила да простам. Среќна сум затоа што научив одговорите да ги барам во себе. Среќна сум затоа што свесно и одговорно постапувам во повекето ситуации. Среќна сум затоа што понекогаш грешам, така учам многу за себе. Среќна сум што не сум секогаш среќна, во спротивно се од погоре напишаното би се променило за еден миг.