Дали возачите на БМВ се најлошите возачи ?

Член од
12 мај 2009
Мислења
5.822
Поени од реакции
2.914
Ќе посака човек да си вози 200 km/h во центар на град и ту-беља? Не смее тоа да се случи, во град дозволена брзина е 50-60 km/h и колку и да сака човек да се опушти - толку е дозволено. Не заради состојбата на улиците туку заради самата околина, нели. Ако сакале да возат 200 имаат обиколница, таму барем колку-толку има некакви услови да се дигне толкава брзина, макар и на кратко.



Со шублер мерено? :D
Ма каков шублер ми кажа на малиот прст се мери :D
 
Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
466
Не е проблемот дека возел БМВ.Трагичната несрека можеше да се случи со било кој автомобил од негова класа.

Проблемот треба да се бара на друга страна.
Во МК факт е дека направивиме еден вид на културен шок.Културен во смисол до пред 10 години и повеке се тркалавме во Југо и 101 за да преку нок влегуваме во автомобили кои се 100 пати појаки од оние канти кои сме ги возеле пред тоа,а најтрагичното е дека чест на исклучоци повекето прв пат влегле зад воланот на тие автомобили.

Како и да е треба да помине период да младите разберат дека во град се вози со 50-60км и дека со брзање само можеш да предизвикаш несрека која за жал може да заврши несрекно...

Отворете си ги очите низ град,зошто последиците кои ке ги направите како млади има да ви се влечкаат како опашки цел живот....
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
BMW 530d 220-250 hp,премногу алкохол,Ф1адреналин без контрола,трагичен крај.

Понекогаш знам и јас да здивам ама кога ќе размислам поубаво последиците ме смируваат.Ако не можам да се смирам излегувам на автопат и Скопје-Велес некои 20-25 минути или барам голем паркинг,правам дрифтови и си одам дома издуван.
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.012
Понекогаш знам и јас да здивам ама кога ќе размислам поубаво последиците ме смируваат.Ако не можам да се смирам излегувам на автопат и Скопје-Велес некои 20-25 минути или барам голем паркинг,правам дрифтови и си одам дома издуван.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Генерализации од овој или било кој тип се толку смешни да нема ни да коментирам околу тоа. Од лично искуство како шофер и пешак, по нашиве улици 9/10 пати прекршители се подивени граѓанулиња со фамилијарни коли него ли возач на некој поексклузивен бренд.

Што се однесува до момците, лесна им земја, која и каква била причината не е наше да судиме.

Единствено би прокоментирал околу брзината. Не верувам дека е возено екстремно брзо, посебно не 200км/h, затоа што таа брзина за да се постигне со 520D (не верувам дека е 530d/535d или некој од бензинците) потребно е околу 40-50 секунди. (http://www.youtube.com/watch?v=gSwTR8OajDo)

2. Со таа брзина, удар во тротоар/банкина би ја залепил колата над влезот на гаражата со предниот дел а не со горниот дел. Имаше пред 1-2 години ваков случај кога возило полета кај Тобако 2 во Скопје (влезот на Аеродром) и заврши на некоја од сендвичарите.

3. Тука се работи за помала брзина, 120км/ч и помалку. Причина за излетувањето можеби е паркингот на околните семејни згради и евентуално приклучување на возило од истиот кон булеварот. Неприлагодена брзина, нагло скршнување би ве одвело кон подрумот на пазарна инспекција.


4. Постои и можност дека се работи за колебање во клучниот момент, наместо да се продолжи право накај рампа, возачот свртел лево бидејќи видел отворен семафор.
Генерализациите се секогаш неблагодарни ама статистиката ти е пола вистина.
Инаку добра дискусија. За развивање на брзина мислам дека имале услови особено во ниедно време кога улиците се речиси празни.
Е сега дали било баш 200кмх или нешто подолу е тотално небитно, најдобар показател колку возеле е дека горниот дел од колата е скинат (а ако добро разбрав и труповите). Ова веќе е дискутабилно дали се постигнува со 120.
Некаде прочитав дека собрале неколку колчиња покрај патот па можеле и тие да влијаат на евентуално успорување и изобличување на траекторијата па така не се залепи в ѕид.
За крај кое црно колебање, ако шоферот малку размислувал ќе знаел дека ако помини успешно тука на неколку метра подолу има раскрсница.
--- надополнето: 12 октомври 2013 во 00:06 ---
Двеста на саат низ град..Ако е ова тачно ондак шоферот не го жалам,жално е што поради негова глупост и дебилност настрадале уште четворира...R.I.P.
Се сложвам, останатите до некаде имаат одговорност дека не презеле ништо да го запрат.
И бонус арно не стигнал до раскрсница да собери и некој невин.
 

Mercury

ФК Победа
Член од
23 септември 2013
Мислења
1.042
Поени од реакции
485
Како на англичаните им е решен проблемот со младите возачи и оние кои имаат беља направено во минатото шо сакаат да возат брзи коли.Едноставно осигурањето за колата е поскапо од самата кола.Епа сега ти види дали че возиш бмв или мини морис :)
Имаше на топ геар специјална епизода за овие работи
И веќе треба еднаш да се прекине давањето возачки за еден ручек од 1000-2000 денари,тука државата е крива не е народот
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Како на англичаните им е решен проблемот со младите возачи и оние кои имаат беља направено во минатото шо сакаат да возат брзи коли.Едноставно осигурањето за колата е поскапо од самата кола.Епа сега ти види дали че возиш бмв или мини морис :)
Имаше на топ геар специјална епизода за овие работи
И се прават далавери
Тој што има пари за брза кола,ќе има и да ја осигура.
 
G

garthok

Гостин
Од кај сеа моабетов дека BMW возат сељаци?
Сељак е типот што може да си дозволи кола од 60.000 евра? Не би рекол.
Јас имам Е34-ка и сум голем фан на BMW. Кога положив се курчев, дрифтав, али за брзо време сфатив дека може само беља да се направи.
Затоа, седете си раат, ако сакате брзо да возите одете на автопат, издувајте се. Во град некогаш и 80 км на час е премногу.

И не се криви BMW-ињата, туку како што кажаа погоре, луѓето со мал патлак што мислат дека ако возат брзо ќе им порасне. Не е за секој брза кола... Јес да сум против тоа законот за возачи почетници, али се јајт шо би рекле охриѓани.

Што е најтрагично, нема да настрада само шоферот, кој е најчесто пијан у вакви ситуации, туку и луѓето што ќе се затекнат во сообраќајната незгода, ни криви ни должни.
Ако планираш да пиеш, имаш други видови на транспорт. Такси, автобус, некој познаник да те пренесе до саканата локација.
Ако не планираш да пиеш, а после втората чашка ти се уарнило, биди муж и остави ја колата, оди си на друг начин (ред погоре).
Исто така има неколку такси компании кои ќе го однесат вашето возило до дома, што секако е поскапо, но во секој случај боље 500 денари да дадам за да стигнам дома сигурно него да се мислам.
Но ете, кај многу луѓе машкоста нема да дозволи да ја остават колата и да си идат дома без неа. За жал.
Значи и ти си бил класична сељачина. Кул.
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
183
Поени од реакции
289
Лош возач е лош, без разлика дали вози Југо или Ферари. Колите си се арни, они што ги возат може да бидат арни или неарни. Кај нас најчесто се неарни...
1. Брзината на движење во населено место е регулирана со сообраќајни знаци, а максимална дозволена брзина е 60Км на час.
2. Брзината на движење на отворен пат е регулирана со сообраќајни знаци, а максимална дозволена брзина е 90Км на час.
3. Брзината на движење на автопат е регулирана со сообраќајни знаци, а максимална дозволена брзина е 120Км на час.
4. Не смее да се управува возило ако се консумира алкохол или опојни средства, средства за смирување или ако возачот не се чуствува способен безбедно да управува со возилото.
По просто од ова здравје.. Ама кај нас има има огромен број нездрави фрустрирани идиоти кои лесно доаѓаат до бесни коли и имате состојба кога своите фрустрации наместо на лекар ги лечат на улица.
Жално за момците што ги изгубија животите, но да бидеме реални, апсолутна вина е на возачот, не на возилото, а можело многу лесно, доколку влетале со таа брзина на блиската крстосница бројот на жртви да биде поголем.
И најлошо од се е баш заради таа сообраќајна некултура најчесто гинат невини лица. Во случајов, една будала од возач однесе во смрт уште 4 недолжни....
Полицијата наместо да губи време и да казнува од ракав за непостоечки пркршоци колку да извади некоја норма ,мора да воведе секојдневна контрола на брзината во сообраќајот, да ги лови овие неарните и казните да бидат високи.
Во 99% од случаите, причина за сообраќајка е неприлагодена брзина, а само 1% е причина друго.
 

jovanovski

Motherfucker Jones
Член од
30 јуни 2008
Мислења
3.789
Поени од реакции
1.294
Сум возел доста различни коли од брзи побрзи, ама полоша кола ако има во приусот некаде го сечам... Порадо москвич би возел него ли приус. Со секое влегување во каначкиве се осеќам ко да веќе се имам слупано.

А инаку се сложувам со темава, и не само БМВ сите побрзи коли се понесигурни. Ако имаш добра кола нормално ќе сакаш да ја испробаш силата а тоа води до вакви последици :)
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Се согласувам со фактот дека БМВ автомобилите во последниве неколку години се се повеќе популарни кај младите бидејќи има некои постари модели кои можат да се најдат за релативно ниски цени во Македонија или да се увезат од Бугарија и Словенија уште поефтино. Со мало дотерување ( на некои и немора ) колата може да ја направат змеј, а тоа за младите воопшто не е добро. БМВ како производител на автомобили воопшто не е крив за оваа појава, напротив, кривицата треба да се бара кај самата младина и кај нивните родители што им купуваат и им дозволуваат да возат такви коли. Значи БМВ е класа на автомобил, и се знае дека имаат јаки перформанси, затоа на младо дете неможеш со 100% сигурност да му дозволиш да вози таква кола, па макар нека биде и друга марка немора БМВ. Пред неколку месеци имаше случај во едно Струмичко село каде 16 годишно дете загина во сообраќајка а двајца негови другари беа тешко повредени од кои 18 годишник го возел БМВ-то X5 на татко му со италијански табли, најверојатно печалбари дојдени на одмор тука во Македонија. Вакви случаеви има најмалку 2-3 неделно во Македонија, и застрашувачки и поразителни се статистиките колку млади луѓе гинат годишно во сообраќајни несреќи поради невнимание, непочитување на сообраќајните правила и желбата да се прават фраери. Премногу млад свет изгина поради овие работи.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Ма летаат не ги интересира дали е низ град или вози низ село (каде што е строго забрането да се вози над 50), а они летаат со 150. Ма тоа треба на сите да им се земе возачка. Во валандово имаше пред некое време дојде радовишка полиција и пишаа 100 казни и земаа преко 100 возачки дозволи. Е тоа беше добар потег.

Ај да не бидам оф-топик неможам да кажам дека БМВ возачите се најлоши, зошто незнам.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.347
Поени од реакции
29.819
За крај кое црно колебање, ако шоферот малку размислувал ќе знаел дека ако помини успешно тука на неколку метра подолу има раскрсница.

Се сложвам, останатите до некаде имаат одговорност дека не презеле ништо да го запрат.
И бонус арно не стигнал до раскрсница да собери и некој невин.
Oва на сите ни се има случувано. Кога ќе запне некој да вози (иако очигледно не би смеел) во пијанството ти остава две можности: или ќе одиш со него (за колку толку да го пазиш, макар да не заспие) или физички ќе го спречиш, што макар и за негово добро значи физичка пресметка и последици.


Можеме да зборуваме дека со некој фамилијарен или економски модел од кола, се вози многу поспоро, па можеби немало да се залета во подрумот... но вистината е дека со друга (поспора) кола би успеал само да дојде до раскрсницата и да убие и други луѓе, покрај совозачите.

Така да, потребно е да се работи на подигање на свеста на луѓето пошто едноставна е работата: КОГА ЗНАЕШ ДЕКА ЌЕ ИСПИЕШ ПОВЕЌЕ ОД ЕДНА ПИЈАЧКА, ПА НЕ ЗЕМАЈ КОЛА ММЕ!!!
Таксито можеби е безобразно скапо, ама и такво и десет пати да е поскапо, пак е поевтино... од последиците.


Еден друг аспект на ситуацијава, што не видов да е спомнат.
- Ајде што возачот се убил сам себе, а тие другите влегле во колата со знаење дека шоферот е пијан... ама што се криви другите учесници во сообраќајот кои можеле да настрадаат.

Па за што служат сите тие опреми за снимање и мерење брзини, што повеќе години стојат неискористени на раскрсниците? ММЕ па за што плаќаме пари, нели треба одговорните да не заштитат? Или се се сведува на пост фестум собирање на настраданите? Кога еднаш ќе стават крај на систематското кршење на правилата во сообраќајот?

Со таква опрема каква што имаме (или треба да имаме), и тоа како треба превентивно да делуваат. Сигурно на повеќе места каде што има камери, возилото е сигурно снимено како се движи со голема брзина, сигурно и на црвени светла.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom