Дали возачите на БМВ се најлошите возачи ?

Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Искуството шо го споменувате е нож со две острици. Од една страна си искусен, од друга страна тава доведува до ного понамалено внимание и стануват бељи.

Иначе сите јадат гомна дека жените са лоши шофери, ама најголем процент од фаталните несреќи са причинени од машки. А тава кажува ного.

Или другата изјава дека секој си мисле за себе оти е натпросечен шофер, и на крајо испаѓа оти сите сме средностатистички шофери шо си неаме блага веза как да реагираме коа ќе згусне ситуацијата у сообраќајо.

А за БМВиината, тава не е ни најбрзата кола, ни најсилната, ни па најубавта. Едноставно е баланс од ного повеќе нешта шо ја прават ultimate driving machine.

Плус, нема жена шо не ареса БМВ. Особено ако е црно. ;)
Искуството не е нож со две острици туку билет назад од пеколот.
Ако си искусен шофер треба да си лудак за да не си свесен кога си изложен на опасност. Искуството можи само да те спаси кога работите ќе тргнат наопаку.
Искусен шофер не гази 200kmh сред град изложувајќи ги совозачите и сите останати на опасност.
Проблем за оваа работа се законите и спроведувањето на дело. Поголем проблем од несовесните шофери се Џандарите шо на среде сообраќаен хаос седат во најблискиот кафич до раскрсницата и му се пуштаат на првата дроља наместо да го средат хаосот.

За ова со жени мажи не се сложвам многу. Мажите можи се одговорни за повеќето потешки сообраќајки бидејќи агресивни, ама па жена со волан ти е подеднакво опасно.
Жените возачи се со сигурност поодговорни за ситни прекршоци со удерни браници, жмигавци и слично (цела среќа шо возат со 20). Плус кога збораш за процент гледај го примерокот. Доста поголем процент од шоферите и се мажи.
--- надополнето: 11 октомври 2013 во 19:50 ---
Од кај сеа моабетов дека BMW возат сељаци?
Сељак е типот што може да си дозволи кола од 60.000 евра? Не би рекол.
1. А каква врска имаат парите и бидење сељак?
2. Онаква кола не е 60к туку е достапна за околу 5к.
Поради вакви ја оправдувам онаа забраната за невозење навечер на неискусни и лимитот од таму 90 коњи како беше.
 
ice_cube

The SexX.
Член од
16 јули 2008
Мислења
2.240
Поени од реакции
308

Моабетов испаѓа: кој и да има BMW е сељак. Исто и со iPhone-то.

Ај жити се најди ми BMW E60 за 5000 евра. Ќе заложам се што имам и ќе го купам.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
@Струмикс

Па не би рекол дека се согласувам. На нашиве патишта потенцијалот на таква кола останува неискористен. Додека на пример во Германија имаш со четири ленти патишта кај нас жими 2-3 автопати се на се, а и тие не се баш во најдобра состојба.

И еве вака еднаш ќе посака некој да вози побрзо и бам несреќа.

П.С Не велам јас дека патиштата се криви кога веќе знаеш дека условите се никакви ќе си возиш полека и под услови мислам и на патишта и на полиција т.е контроли на исправност и на култура кај останатите возачи.

Се на се кај нас не е најбезбедно да се возиш со кола.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
.....некои погрешно ја сватија темава...никој не го обвинува BMW како бренд....повеќе е до психологијата на возачите.....на пример поагресивен (тип што сака да се курчи) за 5000 ЕУР побрзо ќе земе многу постаро BMW или Alfa Romeo отколку релативно поново фамилијарно возило како Шкода Румстер или Поло

....иако има многу појаки и поагресивни автомобили....но македонската (балканската) психологија е дека ако возиш BMW си фраер и имаш пари (иако под хауба колата е крш и подвозјето се распаѓа)....сличен тренд е и купувањето на огромни "џипови" за курчење и истакнување на социјалниот статус низ град (возила кои никогаш не излегле надвор од асфалт)

....се додека не се постигне свест дека возилото е средство за транспорт од точка А до точка Б, а не магнет за жени и средство за лечење фрустрации и лични комплекси, ќе гледаме крвави сцени и читаме статистика во црна хроника.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.057
Поени од реакции
6.669
темава врска нема........стварно........БМВ е за Македонија луксузно возило(пошто бара МНОГУ за гориво,регистрација,одржување - за наши стандарди),па така не можи да си го дозволи секој,па да правиме споредба дали го вози сообраќајна “багра“ или не

иначе ДА,важи(или ШЕ,да не навлегуваме)имам читано дека важи за еден од понестабилните автомобили на пазарот,нормално изгледа тука се земени спрема јачината на моторот на возилото

речиси да нема ден да не погини некој на македонските патишта,ова од синоќа сепак се работи за екстремен случај,нема оправдување никакво за управувачот на возилото
 
ice_cube

The SexX.
Член од
16 јули 2008
Мислења
2.240
Поени од реакции
308
А кај зборам јас па за Е60?
Попаметниот попушта, така да јас ќе отстапам за да не ја тераме офф топик.
А ти пријателе биди ми поздравен и се надевам дека ако некогаш имаш BMW ќе возиш ко шо треба. :)
P.S.: во Македонија сме, не во Германија
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Попаметниот попушта, така да јас ќе отстапам за да не ја тераме офф топик.
А ти пријателе биди ми поздравен и се надевам дека ако некогаш имаш BMW ќе возиш ко шо треба. :)
P.S.: во Македонија сме, не во Германија
Е добро де, Шо има врска. Поентата е дека го имаат ѕверот за далеку подостапна цена од она шо ти го кажа во првиот пост.
А ти сакаш попуштај сакаш не, не прај само дрифтинзи по улица.
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.822
Поени од реакции
2.914
Дали возачите на БМВ се најлошите возачи ?
Значи, авторот ја бара одговорноста во возачите, не колата.
Најчесто возачите на оваа марка возила се кретени со мал машки полов орган што мислат дека треба да се докажат така што ќе возат пет пати побрзо од дозволеното. Возилата не се воопшто спомнати како „виновник“, туку типот на возачи кои го бираат тоа возило кое им овозможува да ги остварат своите детски соништа да бидат најголем фраер во маало. Мислам дека е доста симптоматично тоа за нашиве простори. Ама не е ограничено исклучиво на BMW, ми се чини дека сите што купиле малку поскапо возило (не мора да значи да е ново, и оние на старо) мислат дека треба да возат улично рели. По default знам дека по улициве секој што е со поскапа кола ќе се сили, ќе претица, ќе помине на црвено, нема да подзакочи да те пушти и ќе свири како ненормален ако не тргнеш за четврт наносекунда кога ќе светне зелено на семафор...
Само малку да надополнам возачи со мал машки полов орган најчесто возат мерцедес па после BMW :icon_lol: проверено од моја доушничка :pos:
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
И еве вака еднаш ќе посака некој да вози побрзо и бам несреќа.

П.С Не велам јас дека патиштата се криви кога веќе знаеш дека условите се никакви ќе си возиш полека и под услови мислам и на патишта и на полиција т.е контроли на исправност и на култура кај останатите возачи.

Се на се кај нас не е најбезбедно да се возиш со кола.
Ќе посака човек да си вози 200 km/h во центар на град и ту-беља? Не смее тоа да се случи, во град дозволена брзина е 50-60 km/h и колку и да сака човек да се опушти - толку е дозволено. Не заради состојбата на улиците туку заради самата околина, нели. Ако сакале да возат 200 имаат обиколница, таму барем колку-толку има некакви услови да се дигне толкава брзина, макар и на кратко.

Само малку да надополнам возачи со мал машки полов орган најчесто возат мерцедес па после BMW :icon_lol: проверено од моја доушничка :pos:
Со шублер мерено? :D
 
Член од
14 ноември 2011
Мислења
142
Поени од реакции
363
Генерализации од овој или било кој тип се толку смешни да нема ни да коментирам околу тоа. Од лично искуство како шофер и пешак, по нашиве улици 9/10 пати прекршители се подивени граѓанулиња со фамилијарни коли него ли возач на некој поексклузивен бренд.

Што се однесува до момците, лесна им земја, која и каква била причината не е наше да судиме.

Единствено би прокоментирал околу брзината. Не верувам дека е возено екстремно брзо, посебно не 200км/h, затоа што таа брзина за да се постигне со 520D (не верувам дека е 530d/535d или некој од бензинците) потребно е околу 40-50 секунди. (http://www.youtube.com/watch?v=gSwTR8OajDo)

2. Со таа брзина, удар во тротоар/банкина би ја залепил колата над влезот на гаражата со предниот дел а не со горниот дел. Имаше пред 1-2 години ваков случај кога возило полета кај Тобако 2 во Скопје (влезот на Аеродром) и заврши на некоја од сендвичарите.

3. Тука се работи за помала брзина, 120км/ч и помалку. Причина за излетувањето можеби е паркингот на околните семејни згради и евентуално приклучување на возило од истиот кон булеварот. Неприлагодена брзина, нагло скршнување би ве одвело кон подрумот на пазарна инспекција.

4. Постои и можност дека се работи за колебање во клучниот момент, наместо да се продолжи право накај рампа, возачот свртел лево бидејќи видел отворен семафор.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
@AlternativeF

Општо правев муабет. Во конкретниов случај јасно е кој е проблемот. Ама вакви случаеви се ептен ретки, а на отворен пат вообичаено се собраќајките заради брзина, патишта, нерегистрирани возила, возила во неисправна или полуисправна состојба и секако несовесност на возачите.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom