Дали возачите на БМВ се најлошите возачи ?

Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
За жал повеќето луѓе што земаат BMW го земаат за да лудуваат со него и да се прават фраери пред останатите. Не размислуваат дека колата не е неуништива, нити дека може да исконтролираат таков ѕвер, кога ќе полуди. Колата не е проблемот, проблемот се возачите.

Возачите што имаат такви автомобили, не треба да се тешат со тоа што тоа возило е опремено со најсовремена технологија и 500 воздушни перничиња. Тоа не е гаранција дека ќе преживее човек. Доказ за тоа се и краш тестовите кои се прават на помали брзини... а резултатите може секој да ги види на јутуб, па да се подзамисли пред да седне во кола и да дивее низ улиците.

1. Пред да седнете зад волан, бидете свесни за тоа каде се наоѓате, со кого сте, дали сте под дејство на алкохол/дрога итн, дали воопшто сте способни да возите.
2. Едно парче хартија не ве прави возач, нити е знак дека сте способни да се снајдете во секоја прилика... а најмалку е оправдување за да легнете на гаста дури и кога е црвено.
3. Кога некој пред вас застанува (дали на пешачки или онака), треба да видите зошто застанува, а не да го претекнувате.
4. Скапа кола не значи сигурна кола !
5. Искуството е битна работа, али искуството не треба да ви дозволи да возите брзо, затоа што никогаш не знаете кој седи од другата страна (каков е другиот возач)
6. Знаците не се за украс !
 
L

Luki Junior

Гостин
Искуството шо го споменувате е нож со две острици. Од една страна си искусен, од друга страна тава доведува до ного понамалено внимание и стануват бељи.

Иначе сите јадат гомна дека жените са лоши шофери, ама најголем процент од фаталните несреќи са причинени од машки. А тава кажува ного.

Или другата изјава дека секој си мисле за себе оти е натпросечен шофер, и на крајо испаѓа оти сите сме средностатистички шофери шо си неаме блага веза как да реагираме коа ќе згусне ситуацијата у сообраќајо.


А за БМВиината, тава не е ни најбрзата кола, ни најсилната, ни па најубавта. Едноставно е баланс од ного повеќе нешта шо ја прават ultimate driving machine.

Плус, нема жена шо не ареса БМВ. Особено ако е црно. ;)
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Целосно да се избегнат ваквите случувања, не е можно.
Жалосно е да чита чоек вакви наслови, па посебно кога се во прашање млади луѓе..

Тоа што може да се стори е во рацете на родителите и полицијата... И после подолг временски период би имало предуслови да се создаде култура на возење каква што има во некој држави (пример, скандинавските)
Во близината на секој паркинг да има полициска контрола, па возачите што уживаат во ноќниот живот да бидат редовно контролирани кога планираат да бегаат накај дома.
Црнава хроника родителите да ја сфатат најсериозно.. Па илјада пати е подобро да се биде построг, одколку да се загуби дете...
Нека фрчат казни бе.. и тоа од прва. Одземај возачки по 1 година. Ако е многу пијан, нека дремни 30тина дена Шутка. Не се будали земјите каде што пијаниот возач се третира како потенцијален несовесен убиец....
Патната инфраструктура не дека е некој фактор, ама и таа плачи за други стандарди..

Шо е ова.. само загинал, загинале, се превртеле, паднала од тераса... Нема друго што да прочиташ по електронскава штампа..
Каде е совеста на луѓето? На гробишта? Абе ајде..

Во врска со БМВ како возило... нормално дека само по себе си плачи за да стегаш на гаста.. Таа си е таква класа на кола, ама затоа пак ќе му ја купиш, ИЛИ ќе си ја купи сам некој дозреан.. некој одговорен.. што се намачил во животот да спечали и да сфати дека колата е само услужно средство. Не некој што мисли дека на 25-30год видел се.
Возачот цел живот учи.. нонстоп има нови ситуации и моменти каде инстант реакциите ќе спасат живот.
Па и таквите гинат, ама како што реков.. тоа е веќе неизбежно.

Значи суштината не лежи во бмв-то.. со 200км/с тенк нека е, па џабе.
Треба едукација, да се знае дека брзината е таа што убива.
А не се напил 2 водки, па му намигнала некоја.. и прска Ф1 андреналин во него..
Ама то е.. тие што треба ако не преземат драстични мерки... ние овде џабе си везиме.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Се зависи до човекот, но во најголем број да. Што повеќе пари, толку полесно добиена возачка дозвола, толку и полуксузна кола. А дали знае да вози или не, тоа не е битно.
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
687
Поени од реакции
514
Зависи од човекот...
BMW е добра кола и не е скапа, затоа толку често ја возат....За разлика од Мерцедес или Ауди, BMW е играчка...
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Марката на возилото со возачот нема врска. Возачот треба да внимава со која брзина вози и дали неговата брзина е прилагодена со условите на патот. Проблемот е во тоа што во Македонија се почесто младите ги возат возилата на родителите а при тоа сеуште немаат земено возачка дозвола ниту пак се искусни доволно да управуваат со возила со +60 km а додатно на тоа и се почесто гледаме како млади луѓе возат во алхохолизирана состојба и затоа се повеќе имаме несреќи на патиштата во Македонија каде што има и жртви. Моабетот ми е марката на возилото со сообраќајката нема апсолутно некоја врска.
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.064
Поени од реакции
57.314
Зависи од човекот...
BMW е добра кола и не е скапа, затоа толку често ја возат....За разлика од Мерцедес или Ауди, BMW е играчка...
Смешки.
Инаку темава не е отворена за споредба на автомобили
 
Член од
17 февруари 2013
Мислења
233
Поени од реакции
93
Богами во право е членот кој ја отворил темава.И тоа што ми е уште почудно е што се се нови бмв-а по 5-6 години стари.Така беше и тоа во паланка
 
Член од
23 ноември 2010
Мислења
1.836
Поени од реакции
2.104
Па колку што имам приметено овде БМВ возат претежно сељаци (претежно), од оние класичните што се пијанчат на певаљки и до неодамна на фб обавезно имаа слика од долина на волците. Не само помлади туку и постари магариња...Секако дека луѓето се проблем ама брендот БМВ (нe знам ни зошто ни како) ја повлекува оваа социјална "Полат Календар" група човеколики магариња кои редовно прелетуваат со колите со неразумна брзина на неразумни места најчесто запиени.

:cuc:
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.064
Поени од реакции
57.314
Марката на возилото со возачот нема врска. Возачот треба да внимава со која брзина вози и дали неговата брзина е прилагодена со условите на патот. Проблемот е во тоа што во Македонија се почесто младите ги возат возилата на родителите а при тоа сеуште немаат земено возачка дозвола ниту пак се искусни доволно да управуваат со возила со +60 km а додатно на тоа и се почесто гледаме како млади луѓе возат во алхохолизирана состојба и затоа се повеќе имаме несреќи на патиштата во Македонија каде што има и жртви. Моабетот ми е марката на возилото со сообраќајката нема апсолутно некоја врска.
Види во првиот пост колку сообраќајки се имаат случено со БМВ последниот месец.
Зашто на пример нема такви наслови за Шевролет, или да речеме Хјундаи ? Исто така коли кои често ги гледаме низ улиците...

И пак ќе речам, тука дискутираме конкретно за возачите на оваа марка автомобили.
Што сметам дека се најтипичен пример за лудачење низ улиците...
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Види во првиот пост колку сообраќајки се имаат случено со БМВ последниот месец.
Зашто на пример нема такви наслови за Шевролет, или да речеме Хјундаи ? Исто така коли кои често ги гледаме низ улиците...

И пак ќе речам, тука дискутираме конкретно за возачите на оваа марка автомобили.
Што сметам дека се најтипичен пример за лудачење низ улиците...
Затоа што во Македонија да возиш БМВ ти е исто како да имаш сопствен авион... а далеку од БМВ има подобри коли но во Балканскиот менталитет така некако е ставено од кај знам секогаш БМВ го кажуваат како авион да возат или пак ако имаш БМВ така те гледаат а за ти е пари кои можеш да си дозволиш стварно добра кола е а најчесто најмладите се одлучуваат за БМВ бидејќи сакаат да се прават фраери... ама пак не секогаш испаѓаат тоа што замислуваат.
 
O

Orion.

Гостин
Тачно, возачите на BMW се најлоши. Американците се најглупи а ромите највише крадат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom