- Член од
- 20 јули 2016
- Мислења
- 7.785
- Поени од реакции
- 5.060
А ако купуваш крава и испадне дека е кокошка?Кога некој купува крава задоволен е ако е со теле... а ваму жена со дете била проблем.
А ако купуваш крава и испадне дека е кокошка?Кога некој купува крава задоволен е ако е со теле... а ваму жена со дете била проблем.
Може и тоа да се случи. Ако не разликуваш крава од кокошка тогаш може да се случи за жена да земеш магарица.А ако купуваш крава и испадне дека е кокошка?
Може и петел да ти се погоди, никогаш не се знае што се крие сукња.А ако купуваш крава и испадне дека е кокошка?
Бомба,ќе го буди насабајле ))))Може и петел да ти се погоди, никогаш не се знае што се крие сукња.
Живееме заедно веќе 3 месеци, мајка и заради доедукација мораше да замине а со бабата имаат проблем, па си ја земавме кај нас. Сега веќе сме во куќа и чекаме бебиња да ни се родат и супер комуникација имаме. Некаде пред Нова година имавме мала криза, долго ја немаше слушнато мајка си и мислеше дека е напуштена, ама се среди со разговор. Ние одиме 1 месечно кај детски психолог на разговор, уште од пред да живее со нас се консултиравме и искрено вложуваме многу во нашиот однос. За Нова година бидејќи ситуацијата беше каква што беше мајка и дојде изненадно а ние бевме веќе со планови и спакувани што се вика, па ја викнавме мајка и нејзиното семејство со нас и беше малку чудно, ама имавме навистина убава вечер. Не можеш да не дадеш ништо а да сакаш се, ние имаме уште 3 ипол години заедно да живееме (мада кога ќе се вратат тие можеби ќе сака да остане пак со нас девојчето) и не планирам да стварам тврдини од мојот живот и да ја одбивам малата. Сопругот во ниеден момент не нема поделено, јас учествувам во нивниот живот од сам почеток, а таа во нашиот. Искрено страв ми е како ќе биде со бебињата, сепак ќе бидат 3, да не се почувствува сама, ама мислам дека псхилогот ќе и објасни убаво кога ќе дојде редот и дека ќе успееме да ја исхендламе ситуацијата.Секоја чест за храброста, љубовта, не го може секој тоа.
Инаку, мислам дека малата лесно веќе ќе го соџвака тоа. На 4 години веќе се обидуваат да го испроцесуираат, и до некаде им успева, но не целосно. На 8 години мислам дека не би требало да има забуни. Многу зависи колку ја гледал тато овие 4 години и каков однос имаат( не се сомневам дека им е најдобар). Најлоши години за развод ти се овие, кога детето сеуште се формира психички. Мора упорно да му се раскажува и објаснува, доколку прашува, баш како со возразен човек, барем јас така разговарам, со сите факти, кои мора да бидат неутрални. Мора да се внимава дека на детето и мама и тато му се подеднакво важни, но многу е битно и другата страна да е ок и кооперативна, а не некоја вртимушка, која несвесно ќе праи штета на своето дете сакајќи да те повреди со некоја глупа ефтина малодушна и малоумна манипулација. Мора детето да има до знаење дека е сакано, и крај. Штетата не може да се избегне несомнено, но може да се ублажи, и мора. Мојата имаше 2 стреса, првиот беше разводот, кога одеднаш тате престана да биде дел од нејзиното секојдневие, второто беше кога се преселив, и нејзиниот стан веќе го немаше ( станот кај што живееше до 3 ипол години, така си го викаше, станот, и уште ме прашува и бара да одиме во станот). Но гледам дека лека полека прифаќа, и јасно и е отприлика како стојат работите, секако, соодветно на нејзината возраст и можност да ја разбере ситуацијата.
Искрено ви посакувам убави работи и успеси, тежок е патот ваш, но ако има љубов има све.
И нервите, слободното време, спиењето, пријателите, парите, сексот, смиреноста итнНикој по дефиниција не сака врска која во самиот почеток има „некаков товар“ колку и да звучи грубо нарочито ако деца се во прашање. Ама... Ако веќе наоѓаш некој што ти одговара и имаш убави чувства, детето лесно може да се надмине како пречка.
И тоа дете секогаш може да ве направи подобра и поплеменита особа. Со дете во близина прво што се губи е себичноста.
Ние сме конзервативно општество, и повеќето не би сакале туѓ товар да преземаат ( намерно го пишувам товар, бидејќи грдо звучи, и сите така се изјаснуваат). Но, тој што има дете/деца, знае што е тоа, и колку љубов има во едно дете, која е единствена чиста, искрена, неискварена. Јас годинаипол живеев со тоа што сам се осудив дека веќе имам расчистено со жените - во смисла на било што сериозно, но веројатно толку време и требаше за да се залечат работите и да се прифатат. Во љубовта нема планирање, толку бев сигурен во тој мој став, ама како и секогаш, животот секогаш те искушува за нешто во кое си најсигурен и го повтараш милион пати. Крај краева, зар животот завршил поради една пропадната љубов,само официјализирана на хартија, и зар едно дете, кое е нешто најпрекрасно во животот што може да се случи, зар тие две работи треба да те осудат и да не бараш повеќе љубов?Никој по дефиниција не сака врска која во самиот почеток има „некаков товар“ колку и да звучи грубо нарочито ако деца се во прашање. Ама... Ако веќе наоѓаш некој што ти одговара и имаш убави чувства, детето лесно може да се надмине како пречка.
И тоа дете секогаш може да ве направи подобра и поплеменита особа. Со дете во близина прво што се губи е себичноста.
Ма како да не, животот е прекрасен и поради еден неуспех не завршува. Порасната сум сама па верувам во љубовта и семејството слепо. И покрај пропаднат брак после долга врска јас верувам дека сега сопругот ми е се на светот и дека сме среќни заедно со неговата прекрасна ќерка. Она е ангел, недолжна, зошто да страда. Нит мојот нит неговиот живот не се завршени поради неуспешен брак, имаме нова шанса да створиме семејство.Ние сме конзервативно општество, и повеќето не би сакале туѓ товар да преземаат ( намерно го пишувам товар, бидејќи грдо звучи, и сите така се изјаснуваат). Но, тој што има дете/деца, знае што е тоа, и колку љубов има во едно дете, која е единствена чиста, искрена, неискварена. Јас годинаипол живеев со тоа што сам се осудив дека веќе имам расчистено со жените - во смисла на било што сериозно, но веројатно толку време и требаше за да се залечат работите и да се прифатат. Во љубовта нема планирање, толку бев сигурен во тој мој став, ама како и секогаш, животот секогаш те искушува за нешто во кое си најсигурен и го повтараш милион пати. Крај краева, зар животот завршил поради една пропадната љубов,само официјалнизирана на хартија, и зар едно дете, кое е нешто најпрекрасно во животот што може да се случи, зар тие две работи треба да те осудат и да не бараш повеќе љубов?
Да, ама да имаше темава гласање, јас сум сигурен дека повеќе од две третини би се изјасниле дека се против таков брак, и дека не би стапиле во брак со личност која е разведена и има деца од бракот. Имам некој впечаток, дека тој став е доминантно присутен повеќе кај машките, отколку кај жените, зашто жените имаат повеќе смисла и разбирање за емоциите и љубовта.Ма како да не, животот е прекрасен и поради еден неуспех не завршува. Порасната сум сама па верувам во љубовта и семејството слепо. И покрај пропаднат брак после долга врска јас верувам дека сега сопругот ми е се на светот и дека сме среќни заедно со неговата прекрасна ќерка. Она е ангел, недолжна, зошто да страда. Нит мојот нит неговиот живот не се завршени поради неуспешен брак, имаме нова шанса да створиме семејство.
Ние што имаме деца немаме нерви, слободно време, пријатели, пари, секс, смиреност само вие што сте сами имате.И нервите, слободното време, спиењето, пријателите, парите, сексот, смиреноста итн
Само што сите не размислуваат вака. Баш ми е мило што сте среќни.Ма како да не, животот е прекрасен и поради еден неуспех не завршува. Порасната сум сама па верувам во љубовта и семејството слепо. И покрај пропаднат брак после долга врска јас верувам дека сега сопругот ми е се на светот и дека сме среќни заедно со неговата прекрасна ќерка. Она е ангел, недолжна, зошто да страда. Нит мојот нит неговиот живот не се завршени поради неуспешен брак, имаме нова шанса да створиме семејство.