Дали би простиле неверство?

  • Креатор на темата city
  • Време на започнување
D

dirty angel

Гостин
Така така, во себе барај си ја вината, па уште ако е доволно паметен да го насети тоа и да го изманипулира, гарантирано е дека ќе ја најдеш вината во себе. Па додека фраерот прави ршум наоколу, ти ќе го следиш како понизно, верно, несигурно во себе кученце, искрено верувајќи дека го заслужуваш тоа како инфериорен специмен.

Не би простил нешто што нема валидно оправдување. Пијанството никогаш не е такво, а ако едноставно сака да биде со други, тогаш простување и обид за продолжување на врската би биле апсурдни, ако не и глупави одлуки.
За среќа овде не станува збор за лично искуство, чисто теоретски само :). Далеку сум ти јас од личност што следи било кој ко верно кученце, индивидуалиста сум и слободата си ја ценам повеќе од се! Само не е лошо некогаш од себе да си тргнеме за било што не мора за овој проблем точно... Инаку и јас сум за раскин на се кога ќе дојде до такво нешто.
 
Член од
30 јули 2012
Мислења
22
Поени од реакции
18

Исто така и теоретски си слободна и индивидуална, и практично не си налетала на правото манипулативно копиле.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Доста зависи, со кого е извршено неверството (звучи глупаво, но не верувам дека подеднакво ќе се осеќате ако е рандом особа или некоја блиска особа), како и зошто (до каде е отидено, како дошло до тоа), кога и колку време траело, дали другата особа знаела дека јас и мадрфакерот сме заедно, и дали било само секс или нешто подлабоко е развиено итн.

Ќе речам можно е.

Можно.

Не и дека ќе простам.
 
Член од
26 февруари 2012
Мислења
271
Поени од реакции
232
Ако е само клецкање, тогаш да. Ако е врска тогај не. :D Simple as that.

Инаку има лимит и за секс неверство. Еднаш, двапати...трети пат парталите и надвор. :LOL:

А може ако некогаш не сум јас во можност да му пружам задоволство ќе му кажам, најди си некој, опушти се малку. ;)
 
D

dirty angel

Гостин
Исто така и теоретски си слободна и индивидуална, и практично не си налетала на правото манипулативно копиле.
Да во право си, но некој својата теоретска слобода ја забораваат во пракса... за манипулаторите имам лек, предострожност голема и способноста за насетување на истите добро ме служи сега за сега :P
 
Член од
27 август 2012
Мислења
1.024
Поени од реакции
2.539
не не не и не:) не сакам да ме изневеруваат пошто и јас никогаш не сум изневерила никој па сакам чиста игра;)
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Неверство е мошне широк поим, а во темава баш и не е прецизирано на што се мисли точно.
Со сексуалното неверство сите сме запознаени.
Но, постои и емоционално неверство, кога сте со партнерот/ката, а мислите на друг/а.
Има и финансиско неверство, при кое го лажете партнерот/ката за вашата финансиска ситуација и ги криете приходите. Затоа неретко мажените жени попрво ќе му простат на мажот љубовница (сексуално неверство), отколку кога ги троши парите на истата (финансиско);)
Па така, ако не сте паднале на првата база, сексуално, тоа не значи дека сте безгрешни, бидејќи има уште минимум два вида на искушенија;) Само оној кој ги поминал сите, може да каже дека е 100% верен.
Што се однесува до мене, не простувам ниедно од овие три, барем ако дознаам:D
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443

Види сега, тоа се прави за нејзино добро за кога ќе згусти да ја изненадиш дека сеуште останале пари, инаку кај се кажува на женско реалната (финансиска) состојба, big mistake :D.

Така си е, ако е некој глуп да го дознаеш кој му е крив :D
 
Kaiser, обично кога ќе згусти жената е таа што секогаш има понекој денар настрана. Иако помалку заработуваме од вас, поштедливи сме;) Знаеш ли колку случаи има кога мажите лажат дека се е ОК, и одеднаш женава дознава дека истиот е должен до гуша, се коцка, зел кредит, спукал пари на швалерка или слично? Има и такви жени, не велам не, но поретко.
А се се дознава, порано или подоцна:D;)
 
Кои се тие жени што имаат денар настрана, ако ги има треба да се заштитат со закон пошто се ептен дефицитарни :D.

Жената имала индиции одамна дека нешто не е ок ама ги занемарила со класичната женска заблуда ќе биде подобро и ќе се среди па наместо да биде решителна да пресече на време она чекала. Како тоа да живееш со идиот и одеднаш да дознаеш дека е задолжен, се коцка, има швалерка а она ништо да не знае, каде и биле очињата и интуицијата ;)?

Зависи колку вешто криеш и колку си фин, Спартанците се тренирале и на крадење па ако ги фатиле добивале дупли ќотек, ем од оштетениот ем од учителот (дека ги фатиле на дело) :D.

Инаку се дознава ама треба на време да дознаеш а не после 20 години, 3 деца и поарчен живот :D.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom