Мистичен
Човек
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 13.578
- Поени од реакции
- 1.097
Грците во Албанија направија паралела помеѓу себе и Албанците на Косово. Секоја област во која живее национално малцинство има право на самостојност, порачуваат Грците и бараат држава.
"Секоја област во која живее национално малцинство има право на самоопределување на тоа подрачје и тоа е во интерес на безбедносната ситуација на Балканот и на грчкото малцинство во Албанија".
Ова е изјавата на Васил Болано, градоначалникот на градот Химаро на југот од Албанија и лидерот на движењето Омониа, кое ги претставува интересите на грчкото малцинство во Албанија. Тој појаснува дека неговото барање не е ништо поразлично од барањето на Албанците на Косово.
Изјавата предизвика брзи и бурни политички реакции во Албанија, а најостро реагираше Социјалистичкото движење, велејќи дека ставовите на Васил Болано претставуваат анакронизам и ги оцени како провокација која не заслужува внимание, спротивна од духот на европските интеграции.
Грчкото малцинство во Албанија живее на југот од земјата, а нивниот број не е никогаш официјално утврден. Албанските институции тврдат дека нивниот број е одвај 1%, а извори од Атина тврдат дека Грците се дури 12%. Американската ЦИА во својата анализа тврди дека Грците во Албанија сочинуваат 3% од населението.